SE SPREMAME ZA EU

Go down

SE SPREMAME ZA EU

Пишување by OPOZICIONER on Чет Сеп 27, 2018 9:43 am


Македонија утре го почнува скринингот за преговорите со ЕУ


Оваа недела официјално започнува претходница на скрининг процесот. Првата владина делегација на чело со вицепремиерот Бујар Османи со 40 претставници утре заминува во Брисел каде ќе се запознаат со првото поглавје кое се однесува на судството и фундаменталните права.

Со скринингот се опфатени 33 поглавја за што ќе бидат потребни 33 делегации и повеќе од 1.000 експерти од разни области.

-Свесни сме дека наредниот период е сериозен предизвик за нашата држава и дека во наредниот период ќе имаме интензивно темпо, но и можност да покажеме колку сме подготвени како земја да се соочиме со предизвикот за усогласување на стандардите и вредностите на ЕУ. За тоа ќе биде потребна целата домашна експертиза која може да дојде од академската фела, од цивилното општество, како и од секој друг заинтересиран сегмент, изјави Османи.

Владата објави јавен повик за надворешни експерти кои сакаат да се вклучат во процесот на преговори. Секој кој мисли дека може да помогне со своето знаење, ќе може да се запише во владиниот регистар и доколку има потреба да биде ангажиран.

Главниот-технички преговарач рече дека учеството на целото општество е обврска и задача за самите граѓани, но и за Владата.

-Целта на овој повик е создавање на база на сите заинтересирани лица со експертиза за едно или повеќе поглавја на правото на ЕУ, односно подрачја, теми и подтеми во рамки на поглавјата на правото на ЕУ кои ќе можат да бидат ангажирани повремено, привремено или постојано на пократок или подолг рок во текот на целиот процес, вели Бојан Маричиќ, главен технички преговарач

До јуни следната година се очекува да заврши скрининг процесот и потоа да се одржи заедничка владина конференција. Ако Македонија ги исполни сите предвидени барања од Брисел, тогаш се очекува во јуни официјално да се отпочнат преговори за членство.

Скринингот паралелно ќе се одвива со уште два процеса, имплементација на Договорот од Преспа и итните реформи во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација.

Скринингот ќе трае околу една година

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство со земјата-кандидат. Како процес, тој има за цел, од една страна – да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјата- кандидат.

Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Комисијата. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.

Македонија во 2001 година прва од регионот ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во 2004 аплицираше за членство, а во декември 2005 се стекна со статус земја-кандидат.

Во 2009 година по извршени длабоки реформи во клучните области, ја доби првпат и препораката на Европската комисија, паралелно и со либерализираниот визен режим. Оттогаш, девет пати по ред, заклучно и со оваа препорака во 2018 година, ЕК препорачува Македонија да ги почне пристапните преговори, но од познати политички причини, досега тоа не се случи.

Европската комисија во извештајот за земјава на 17 април годинава препорача Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Европскиот совет на 26 јуни ја поддржа одлуката за условен почеток на преговори со Македонија, што треба да се отворат во јуни 2019. Тоа ќе зависи од исполнување на четири услови – спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на Договорот за името, позитивен извештај на Европската комисија и одлука на Советот на ЕУ.


https://novatv.mk/makedonija-utre-go-pochnuva-skriningot-za-pregovorite-so-eu/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 421
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by трендафил on Чет Сеп 27, 2018 10:31 am

Нешто слично имавме и претходно. Секогаш кога ЕУ сака да амортизира нивно срање во врска со обидот со уцена да не натера да го смениме името, воведува некаков скрининг процес чии резултати не ги почитува. Јас би сакал Македонија да ги исполни условите за прием во ЕУ, без разлика дали потоа ќе станеме членка или не, но дали оваа влада е способна да направи нешто такво. Сепак се работи за влада неспособна да исполни ни половина од обврските што сама си ги задава. СО капиталните инвестиции во оваа година или планот 3-6-9 минатата. Скрининг процесот е само обид за замајување пред референдумот и датумот е избран на крајно безобразен начин. Можеа да го започнат скринингот и на 30ти.
лично не верувам дека тоа ќе делува успешно за референдумот со кој треба да си ја импутираме постарата историја, а во второ полувреме да се активираат Бугарите во ампутација на осттокот од историја.
како во вицот кога некоја жена прифатила секс за голема пара, а кога и понудиле помалку се налутила прашувајќи за што ја сметаат.
одговорот бил дека таа сама рекла дека е ороспија, а сега само се договара цената.
Што корист од скрининг кога знаеме дека сме далеку од исполнувањето на условите.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by Teo on Чет Сеп 27, 2018 10:42 am

Shto slichno imashe porano??? HLAD ne profunkcionira nikogash zaradi odbivanjeto na tvoeto dpne da se normalizira sostojbata vo Makedonija bidejki togash ne kje mozhea da go kradat narodot i da se izzhivuvaat vrz nego...Kako her Flik Miloshovski koj ne samo shto falsifikuval lichni karti tuku i sakal da mu gi podmetne na nevin chovek za da go zatvorat...Pomirete se Trendafile, Makedonija kje bide stabilna i demokratska drzhava go sakale vie od dpne toa ili ne...Shteta shto kako i sekogash dosega niz istorijata ste na pogreshnata strana, onaa koja e neprijatel na makedonskiot narod i negovata drzhava...
avatar
Teo

Број на мислења : 3729
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by трендафил on Саб Окт 13, 2018 4:11 pm

Македонија беше стабилна и демократска држава додека меѓународната банда (заедница) не ја почна процедурата за инсталирање на марионетска власт на чело со Заев. Тогаш имавме раст на БДП меѓу најголемите во Европа.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by Teo on Саб Окт 13, 2018 5:14 pm

Beshe teshka diktatura i feudalen posed na tvojot pastir i familijata...Rastot na BDP gi imashe samo vo lagite na vashite kurtonski mediumi i se razbira vo vashite glavi...Tolku vi e kapacitetot za oddeluvanje na lagata od realnosta...
avatar
Teo

Број на мислења : 3729
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by трендафил on Саб Окт 13, 2018 7:36 pm

Растот на БДП го имаше и во сите извештаи од ЕУ и го има во живо, се гледа во Бунарџик и секаде низ Македонија. Ако не го гледаш Господ здравје да ти даде, немам што друго да ти пожелам и да дискутирам со тебе. Погледни го првиот извештај за БДП што го објави марионетската влада на Заев и спореди го со последниот извештај за БДП објавен од владата на Бучковски пред да се правиш интересен на форумов со ... (нема да напишам што).

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by luxor on Саб Окт 13, 2018 8:03 pm

Ајде да не се лажеме, прво во 2007 ја изменивте методологијата за пресметување на БДП, после лажевте дека свет6ската економска криза ќе не одмине, за на крај во 2014 повторно да направите промена на методологијата за пресметка на БДП за да ги прикриете катастрофалните резултати.
avatar
luxor

Број на мислења : 3794
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: SE SPREMAME ZA EU

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот