STIGNAA DUNJA I DAELA

Go down

STIGNAA DUNJA I DAELA Empty STIGNAA DUNJA I DAELA

Пишување by Bosonoga on Чет Сеп 27, 2018 4:24 pm

Двете слоници Дуња и Даела синоќа пристигнаа во својот нов дом во Скопје

Зоолошка градина Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови. Двете слоници Дуња и Даела синоќа пристигнаа во Зоолошката градина.

Двете слончиња јавноста ќе може да ги види во саботата, кога се спрема и хепенинг за добредојде.

-На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје – информираа од Зоолошката градина.

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.

https://republika.mk/964158
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 663
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

STIGNAA DUNJA I DAELA Empty Re: STIGNAA DUNJA I DAELA

Пишување by EVITA on Чет Сеп 27, 2018 6:09 pm

Eve i so slikicka.


СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА ОД БЕЛГИЈА СТИГНАА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

STIGNAA DUNJA I DAELA Untitl10



Белгиските слоници Дуња и Даела денеска стигнаа во скопската Зоолошка градина. Тие беа транспортирани од Белгија со камиони и до сабота ќе бидат во карантин во новото живеалиште во Зоолошката.

Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години.

Денеска и утре поради подготовки за настанот и привикнување на слониците во новото живеалиште Зоолошката градина нема да биде отворена за посетители.

Посетителите новите жители на Зоолошка ќе можат да ги видат во сабота. На забавата по повод доаѓањето на слониците а која ќе биде под мотото „За европска Зоолошка“ ќе настапат хорот на Златно злавејче и Пет+ бенд.

Последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците Дуња и Даела изградено е ново живеалиште, со отворен и затворен дел, според најсовремените светски стандарди и според површината која ја зафаќа е едно од најголемите во скопската Зоолошка.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/slonitsite-duna-daela-od-belgija-stignaa-vo-skopskata-zooloshka/

EVITA

Број на мислења : 235
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот