MATOCINA

Go down

MATOCINA Empty MATOCINA

Пишување by Flora on Пет Сеп 28, 2018 10:26 am

Izrazeno lekovita bilka, sepak moze da se koristi i kako zacin vo odredeni vidovi hrana.

Маточината е повеќегодишна билка со висина од 60 до 80 см. Правите четириаголнини стебла се развиваат од горниот дел на разгранетите корени. Листовите се овални и контрастни со стеблата. Долните листови се поголеми и подолги на дршката, додека горниот дел е помал и пократок. Долните лисја, исто така, може да бидат со србевидна форма, назабени по краевите. Целата билка  е покриена со мали меки влакна. Коренот е силно разгранет со бројни хоризонтални изданоци, од кои се развиваат нови стебла. Цветовите се бели, мали и двојни. Плодот е мал и сјаен, со овален облик. Маточината е отпорна на ниски температури, така што нема ризик од замрзнување во текот на зимата.

Маточината расте во многу различни климатски услови. Како дива билка расте низ цела Европа, освен на крајниот север. И во нашите региони може да се одгледува насекаде, но до 1000 метри надморска височина, а најдобро успева во областите со просечни врнежи од 600 мм. Засенчени површини треба да се избегнуваат. За одгледување на маточината потребна е умерена влажност, почва богата со хумус, и со умерена до слабо кисела реакција. Тешката и влажната почва треба да се избегнува.

Лесно се одгледува во саксија, препорачливо е да купите веќе посадено растение или садница бидејки садењето од семе е потешко. Ако не можете да го најдете во цвеќарите, тогаш можете да побарате од некој што го има во градината. Бидејки се размножува со делење доволно е да се ископа еден корен кој може да се подели на повеќе делови. Најдобро е ова да се направи во пролет.

Flora

Број на мислења : 259
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот