MEDICINSKI ROBOT

Go down

MEDICINSKI ROBOT Empty MEDICINSKI ROBOT

Пишување by Albatros on Саб Сеп 29, 2018 11:56 am

Ke seta vo vaseto telo i ke gi nosi lekovite na tocno odredeno mesto.

Иднината на медицината: Робот-гасеница!

Микро-роботите во иднина би можеле да го пронајдат своето место во човечкото тело со цел во организмот да достават одреден лек, да зашијат рана и да спречат внатрешно крварење.

Еден од најнапредните микро-роботи е малиот робот кој што потсетува на гасеница, со оглед на тоа што се движи со помош на мали „нозе“ кои што потсетуваат на инсектот.

Овој робот е креиран на Универзитетот во Хонг Конг, има димензии од 17х7 милиметри, а составен е од силиконски материјал кој заедно на едно место држи магнетни елементи. Магнетизираните делови овозможуваат роботот да се движи како гасеница, а ваквиот дизајн има неколку предности.

Благодарение на малите „нозе“ нема триење и движењето е олеснето, па роботот на тој начин може да се движи кон својата дестинација во најразлични услови. Покрај функционалноста во движењето, роботот има предност и кога е во прашање носење на „товарот“. Имено, тестовите потврдиле дека може да понесе лек кој е 100 пати потежок од него.

На тој начин овој робот во иднина би можел да биде вметнат во човековото тело и без проблем да однесе лек до одредено место. Тоа ќе биде далеку поефикасен метод на лекување, отколку вообичаените методи кои што не практикуваат нанесување на лек на заболеното место длабоко во организмот.

Овој робот и натаму е во фаза на развој, а креаторите, меѓу другото, се обидуваат да го изработат роботот од биоразградливи материјали кои ќе овозможат роботот безбедно да се раствори во човечкото тело откако ќе ја изврши својата мисија.

https://tocka.com.mk/vesti/282961/idninata-na-medicinata-robot-gasenica


Albatros

Број на мислења : 373
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

MEDICINSKI ROBOT Empty Re: MEDICINSKI ROBOT

Пишување by EVITA on Саб Сеп 29, 2018 12:04 pm

Dobra rabota e sto na kraj ne mora da ja vadat tuku se razlozuva vo teloto.

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 242
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

MEDICINSKI ROBOT Empty Re: MEDICINSKI ROBOT

Пишување by Flora on Саб Сеп 29, 2018 12:16 pm

Jezifko malce.

Flora

Број на мислења : 281
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MEDICINSKI ROBOT Empty Re: MEDICINSKI ROBOT

Пишување by misterija on Саб Сеп 29, 2018 5:14 pm

Прашање е само дали ќе постои оваа наша држава кога ќе дојде ова роботче на нашиве простори!?

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 442
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

MEDICINSKI ROBOT Empty Re: MEDICINSKI ROBOT

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот