PREDVREMENI IZBORI

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Teo on Сре Окт 03, 2018 6:59 pm

Pa ne rekov jas deka pratenicite ne treba da glasaat po sopstvena sovest i ubeduvanje...A koj kako kje glasa kje ja prashash gatachkata na pastirot...Jas kje pochekam da vidam kakvi se ubeduvanjata i sovesta na pratenicite od dpne...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by OPOZICIONER on Чет Окт 04, 2018 12:43 pm

Ke se obedini ili raspadne dpmne.

ВМРО – Демократска фракција го кани Мицкоски на разговори за обединување

https://plusinfo.mk/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B8%D1%86/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Dino on Чет Окт 04, 2018 12:51 pm

Po moznost da se raspadnat site oti za 30 goidini se istite vladeat i rasturija se so moze da se rasturi, ocajno ni treba treta opcija da se izvlecema od bipartizmot.

Dino

Број на мислења : 294
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Чет Окт 04, 2018 7:16 pm

За жал ако дојде до предвремени избори ќе има две коалиции. Една за Северна Македонија и втора за Македонија. Секое раситнување ќе претставува опасност за губење на државата и укинување на македонскиот народ. Но се надевам дека ова ќе биде последна таква битка и дека во иднина ќе гласаме за партии што ќе ја подобруваат економијата и животот во Македонија.
Не знам дали меѓународната банда (заедница) и домашните предавници се непресметливи или мислат дека се можат да протуркаат на сила па распишаа референдум без да обезбедат политички консензус окулу прашањето поставено во него очекувајќи дека ако ги спомнале НАТО и ЕУ сите ќе паднат на задникот и ќе заборават на цената која треба да се плати за тоа.
Ајде да повторам дека во земја што има марионетска влада нема шанси за демократија туку имам двојна диктатура. Од домашните извршители и од странските наредбодавачи. Борбата за слобода конечно почна и кога народот еднаш ќе си ја земе судбината во свои раце ниту една власт не ќе може да се однесува како што ќе посака таа или некој друг. Ќе одлучува народот.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Teo on Чет Окт 04, 2018 7:28 pm

Narodot kje reshi na izvori dakli kje glasa ZA EVROPSKA MAQKEDONIJA shto kje ja pretstavuvaat SDSM i negovite koalicioni partneri ili za NAPRED VO PROVALIJA opcijata na dpne, ruskiot slugan i zlostavuvanoto klisarche...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by luxor on Чет Окт 04, 2018 7:59 pm

Знае ли контроверзниот аналитичар Зеколи нешто што другите не го знаат. Ако може да му се верува договорот минува во парламент, предвремени со претседателски, Заев е новиот претседател а Мицковски новиот премиер.

avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by PRVOBOREC on Чет Окт 04, 2018 11:42 pm

ДУИ ВО МИСИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ДПМНЕ И ФАМИЛИЈАТА

Дуи јасно и гласно му кажа не на СДСМ и Заев за брзи предвремени избори. Тие цврсто стојат на ставот дека измените на уставот треба да се изгласаат во парламентот во овој состав, поточно го уценија Заев да прифати амнестија на криминалците од дпмне во замена за гласови на десетина пратеници.

Тоа е спасот за дпмне, тие што ќе гласаат ќе бидат пуштени по вода, дпмне ќе си остане најпатриотската партија а нивните партиски кучиња ќе добијат поттик и самодоверба дека никој не им може ништо за уште пожестоко да напаѓаат и се закануваат спремајки терен за конечна победа на изборите, кога и да бидат тие.

Од друга страна дуи ќе го прави истото во албанските средини и ќе се пресмета жестоко со конкурентите вракајки ги со тоа изгубените позиции на последните избори.

Заев и СДСМ губат најмногу, го губат целиот кредибилитет пред граѓаните. Прво ќе им биде впишан гревот за амнестијата на фамилијата, второ ќе бидат одговорни и за дивеењето на партиските кучиња на дуи и дпмне, и трето ќе треба да објаснуваат зошто криминалот и корупцијата се зголемуваат а не обратно.

Каде е решението во овој случај? Што СДСМ треба да пресеме за да не излезе од сето тоа најголемиот губитник. Можноста е само една. Оставки на сите миностри и функционери од СДСМ и излегување од власта.

Што во таков случај? Можни се две варијанти. Првата, сакале или не дуи да мораат да гласаат за предвремени избори, а каков ќе биде расплетот во таков случај е непредвидливо во моментов но во секој случај поповолен за СДСМ отколку да ги прифатат уцените од дуи и дпмне.

Втората варијанта е дуи и дпмне да формираат влада. Ова е доста неверојатно затоа што еднаш засекогаш ќе ја запечати судбината на дуи или дпмне. Ќе мораат да избираат помеѓу змија и магаре. Зошто?

Ако формираат влада тогаш тие со дпмне треба да ги изгласаат промените на Уставот. Или да ја отфрлат спогодбата со Грција. Без оглед на тоа што ако спогодбата биде отфрлена дуи ќе се брани дека дпмне го има мнозинството, во очите на албанскиот електорат и странците тие ќе бидат еднакво виновни како и дпмне. Никогаш повеќе нема да бидат никаков фактор на македонската политичка сцена.

На дпмне ниту на сон нема да им падне на памет да гласаат за промена на Уставот затоа што тоа би била смртна пресуда која ќе си ја изречат самите на себе. Гласањето за спогодбата како партија со сите пратеници, бидејки во таков случај ќе мораат да гласаат сите пратеници од дпмне конечно ќе им го уништи угледот кај делот од гласачите кои се вистински патриоти и ќе им останат само профитерите.

Додека да се распишат избори ќе бидат соочени со можеби далеку поголем криминал и корупција отколку што СДСМ се соочува сега. И од страна на нивните членови но и од страна на дуи која сака да го врати дпмне на власт само заради слободата во криминалот што ја имаа кога владееја заедно.

Ако тука се додаде и притисокот од надвор, престанувањето на дотокот на пари од кредити, запирањето па и повлекувањето на странските инвестиции таа изнудена влада на дпмне и дуи нема да се прослави многу а рејтингот ќе и биде некаде околу дното.

Оттука, доколку продолжат уцените и не успеат да распишат предвремени избори во предвидениот рок СДСМ треба веднаш да се повлече од власта и со тоа да го зачува кредибилитетот и пред граѓаните и пред надворешниот фактор. На следните избори што ќе се одржат шансите за враќање на власт ќе им бидат далеку поголеми отколку шансите на дуи и дпмне да ја задржат власта.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 374
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Пет Окт 05, 2018 9:03 am

Со евентуален бојкот на вториот круг од #Бојкотирам на председателските избори наместо на Водно, Заев може да се најде и во Идризово. Ако не успеавте да постигнете 40% на референдумот, на претседателските тоа е уште поневозможна мисија.
Не знам од каде е информацијата дека ДУИ се за предвремени избори. Веројатно гласилата платени порано од Сорос, а сега од буџетот не известуваат правилно. https://netpress.com.mk/dui-i-oficijalno-protiv-predvremeni-izbori/ Тие не сакаат избори, затоа што на чесни избори немаат шанси да добијат во албанскиот блок, каде веројатно ќе победи Заев.
Се согласувам дека смртна пресуда за ВМРО би било ако прифати укинување на македонскиот народ со укинување на нашата историја, затоа што се потпира на македонскиот народ.
Се согласувам дека на минатите избори имаше многу причини да си замине од власт ВМРО, но немаше многу причини СДСМ да дојде, а ниту една во власта да остане ДУИ.
Приказните за амнестија на криминалци не верувам дека ќе ја гледаме, односно дека обвинителите од СЈО и судиите ќе си одговараат за наместените судски процеси, што е највидливо во сапуницата со наслов Тенк, која започна трагично, со наводно гребење од мачки на возилото, а да ваврши со среќен крај за македонсците што сакаат да станат северни, со затвор за противниците на нашата северизација.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Teo on Пет Окт 05, 2018 11:16 am

Pak smetki bez krchmar si pravel...Bojkotiram se shaka jada, bojkotot beshe uspeshen zaradi apstiniranjeto na chlenovite na dpne...Ti si prviot shto kje go glasash Zaev za pretsedatel vo zamena za doagjanje na vlast na tvojata kriminalna partija dpne...Shto se odnesuva do zhelbite shto si gi stiskash na fildzhan kafe za nekakvi sudenja na obviniteli i sudii toa i kje si ostanat, pusti zhelbi...Zatoa shto ako e tochno toa shto go pishuva Zekoli, togash vekje se e dogovoreno...Za partiite i volkot sit i ovcite na broj...Samo bojkotirachite koi navistina ne se chlenovi na dpne kje si ostanat so prstot vo usta...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Пет Окт 05, 2018 11:31 am

Не можеш да разбереш или не сакаш дека не сум член на ВМРО, но дека ја поддржувам оваа партија поради тоа што ако не беше таа веќе не ќе смеев да кажам дека сум Македонец од Македонија и дека е многу подобра на економски план од СДСМ. За жал кај нас е створен таков изборен систем што само две македонски и само две албански партии можат да дојдат на власт, но работите веќе и кај нас се сменети пред се кај Албанците кои во моментов имаат 4 партии во власта (една поделена на две фракции). Во Грција имаа систем со кој само ПАСОК и Нова демократија може да владеат, но ПАСОК е веќе скоро пропадната партија. Дали така ќе биде и со СДСМ ќе видиме на првите следни регуларни избори. Да потсетам дека до сега никогаш ВМРО нема истерано 4 годишен мандат. Или имало предвремени избори или СДСМ влегувало во власта.
Зеколи пишува врз основа на досегашната практика во Македонија, меѓународната банда (заедница) да изнуди од ВМРО компромиси. На референдумот се покажа дека народот повеќе нема да прифати вакви натурени договори односно нова марионетска власт, туку ќе се избори на мирен начин да се почитува неговата волја. Се надевам дека тоа ќе биде на мирен начин како на референдумот, односно дека нема да провоцирате насилие па да го принудите македонскиот народ да смени правец и да појде кон исток. Како што направија Сиријците на пример.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Teo on Пет Окт 05, 2018 11:44 am

Sepak na povik od pastirot i za slobodata negova i na familijata kako popche kje go glasash Zaev za pretsedatel...Se razbira dokolku Zekoli znae neshto...Mozhno e i da trese od rakav...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Пет Окт 05, 2018 11:51 am

Дека референдумот нема да биде успешен им беше јасно на сите освен на симпатизерите на Заев. Тоа не беше тешко да се претпостави. Што ќе биде понатаму, ќе видиме. Парламентарните избори треба да бидат пред претседателските. Ако ја следиме историјата никогаш не станал претседател некој што е предлог на опозицијата. Ако Заколи вели дека на власт ќе биде ВМРО, чудно е што претпоставува дека претседателот ќе биде од СДСМ.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by luxor on Пет Окт 05, 2018 12:35 pm

Референдумот е неуспешан само во вашите глави. Над 600 илјади граѓани кои гласале ЗА и само 37 илјади кои гласале против јасно кажуваат кој ја има поддршката од народот.

ПС. Ако Зеколи е во право, парламентарните и претседателските ќе се одржат заедно. Мисли пред да пишуваш.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Пет Окт 05, 2018 6:56 pm

Претседателските избори можат да се распишат најрано во март следната година. А за парламентарните се брзате до крај на годината за да може да помине Преспанскиот договор. Референдумот е успешен само во вашите глави. Веќе ставив линк до извештајот од ДИК по кој званично референдумот не е успешен.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by luxor on Пет Окт 05, 2018 7:07 pm

Нема потреба од брзање ако е постигнат договор и промените на уставот се изгласаат во собрание како што тврди Зеколи. Затоа уште еднаш : "мисли пред да напишеш нешто".
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 11:19 am

А доколку промената на Уставот не помине, можно ли е без избори ново парламентарно мнозинство без СДСМ. СО многу едноставно објаснување дека економијата е важна, нели мора да се живее без НАТО и ЕУ, а тоа го можеше ВМРО и во услови на светска економска криза.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by luxor on Саб Окт 06, 2018 11:23 am

Гладна кокошка просо сонува. Со четириесет и нешто пратеници и без ниеден коалиционен партнер влада не се прави.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by OPOZICIONER on Нед Окт 07, 2018 10:03 am

I profesorot Marjanovic za predvremeni izbori.

Марјановиќ: Пропаст на договорот со Грција ќе значи изолација за земјата и поделби
6.10.18 13:25
Прочитано : 1,609

Еден од најафирмираните професори по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ во ТВ колумна за емисијата Фактор магазин вели дека ако не успеат уставните измени во Собранието, тогаш единствено решение се нови избори, додавајќи дека резултатите од овој консултативен референдум упатуваат на тоа дека и на нови предвремени избори расположението на населението ќе биде исто.

https://www.libertas.mk/marjanovik-propast-na-dogovorot-so-grtsija-ke-znachi-izolatsija-za-zemjata-i-podelbi/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by трендафил on Нед Окт 07, 2018 1:12 pm

Дали нормален човек може да стави во изолација една држава затоа што не сака присилно да си го смени своето име и еден народ затоа што не сака да си ја избрише историјата. Посебно ако и е важно и не сака друга држава, Русија, да го контролира овој простор.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by luxor on Нед Окт 07, 2018 4:31 pm

трендафил напиша:Дали нормален човек може да стави во изолација една држава затоа што не сака присилно да си го смени своето име и еден народ затоа што не сака да си ја избрише историјата. Посебно ако и е важно и не сака друга држава, Русија, да го контролира овој простор.

Од каде сега наеднаш вие од дпмне станавте нормални. Ако бевте немаше единасет години па до ден денес да се трудите да ја изолирате државата и да ја направите феуд на фамилијата. Тоа што мислите дека поткрепата ќе ви дојде од Русија е всушност дупката во која ќе пропаднете.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Teo on Нед Окт 07, 2018 5:09 pm

Gotovo, SDSM so 100 pratenika vo parlament...Zhmicko misli deka i on kje mozhe da ucenuva so bojkot na izborite ama toa nikako nema da pomine...SAD, EU, NATO, site relevantni faktori kje gi priznaat izborite za legitimni...Ottamu i novite uslovi koi nikoj normalen ne bi gi prifatil...Ushte pomalku takva moronshtina kje dobie poddrshka od zapadot kade Zhmicko kako shto tvrdi se zalaga da ja vnese Makedonija...Jasno e deka dpne-ofcite znajki na chija strana e narodot si baraat prichina za bojkot...Zosto izleguvanjeto na izbori kje oznachuva vistinska katastrofa za niv...

Мицкоски со нови предлози до СДСМ за изборите

Премиерот јавно да се откаже од Договорот со Грција, да се оди на избори, а по изборите да се формира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги истражи прислушуваните разговори и сомнежите за криминал и на претходната и на актуелната Влада. Ова е најновиот предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за излез од политичката криза.

https://telma.com.mk/mitskoski-so-novi-predlozi-do-sdsm-za-izborite/
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PREDVREMENI IZBORI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот