KOLAC

Go down

KOLAC

Пишување by IVA on Вто 2 Окт - 10:46

Фереро Рошер колач за само 15 минути

Потребни состојки:
6 јајца
100 грама шеќер
25 грама какао
2 лажици густин
180 грама црно чоколадо
100 грама лешник
100 грама бадеми
2 лажици врела вода
avatar
IVA

Број на мислења : 308
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: KOLAC

Пишување by IVA on Вто 2 Окт - 10:46

Начин на подготовка:
Прво вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Обложете го плехот што ќе го користите со хартија за печење.

Во еден сад издвојте ги жолчките и белките од јајцето. Белките изматете ги во цврст снег, а жолчките изматете ги со шеќерот додека не добиете убава кремава смеса.

Потоа, стопете го чоколадото на пареа. Во него додајте какао и густин. Испечете ги малку лешниците и бадемите, исечкајте ги во блендер, па додајте ги во смесата. Матете со миксер додека не добиете убав крем. Потоа, додајте врела вода.

Кога сето тоа добро ќе се соедини, исклучете го миксерот и додајте го чоколадниот крем во изматените белки, па внимателно мешајте додека не добиете убава кремава смеса.

Префрлете ја смесата на хартија за печење. Потоа, ставете ја да се пече во рерна околу 15 минути. Кога ќе се испече смесата, наросете ја со какао, па завиткајте ја во влажна крпа. Оставете ја да се излади. Озгора изрендајте малку црно и бело чоколадо или украсете го колачот по ваш вкус.

https://www.ubavinaizdravje.mk/gastro/deserti/srolano-zadovolstvo-ferero-rosher-kolach-za-samo-15-minuti/
avatar
IVA

Број на мислења : 308
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот