LUGE I NASTANI

Страна 3 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 21, 2018 9:16 am

21 октомври е 294-иот ден во годината според григоријанскиот календар (295-и во престапна година). Остануваат 71 денови до крајот на годината.

1805 Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.

1824 Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Велика Британија, го патентирал портландскиот цемент.

1941 Втора Светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 21, 2018 9:17 am

1833 Роден е Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец

1956 Роден е Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар.

1967 Роден е Пол Инс — англиски фудбалер.

1981 Роден е Немања Видиќ — српски фудбалер.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 21, 2018 9:19 am

1927 Починал Бора Станковиќ — српски писател.

1969 Починал Џек Керуак — американски писател, претставник на таканаречената „бит-генерација“

1984 Починал Франсоа Трифо — француски филмски режисер.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пон Окт 22, 2018 9:29 am

22 октомври е 295-иот ден во годината според григоријанскиот календар (296-и во престапна година). Остануваат 70 денови до крајот на годината.

1962 Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.

1991 На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.

1997 Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пон Окт 22, 2018 9:31 am

1811 Роден е Франц Лист — унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа.

1929 Роден е Лав Јашин — руски и советски фудбалер.

1949 Роден е Арсен Венгер — француски фудбалски тренер.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пон Окт 22, 2018 9:32 am


1906 Починал Пол Сезан — француски сликар.

1927 Починал Борисав Станковиќ — српски писател.

1973 Починал Димитар Николоски - Луј — македонски музички педагог и композитор

1987 Починал Лино Вентура — италијански глумец

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Вто Окт 23, 2018 6:14 pm

23 октомври е 296-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (297-и во престапна година).

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак скорпија. Остануваат 69 денови до крајот на годината.


1893 Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.

1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Вто Окт 23, 2018 6:15 pm

Родени:

1844 Сара Бернар — француска артистка.

1961 Андони Зубизарета — шпански фудбалски голман.

1992 Алваро Мората — шпански фудбалер.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Вто Окт 23, 2018 6:16 pm

Починале:


1872 Теофил Готје — француски писател.

1893 Александар I Батенберг — кнез на Бугарија.

1918 Едмон Бушје Де Бел — француски писател.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Сре Окт 24, 2018 11:43 am

24 октомври е 297-иот ден во годината според григоријанскиот календар (298-и во престапна година). Остануваат 68 денови до крајот на годината.

1795 Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска.

1797 Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.

1857 Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Сре Окт 24, 2018 11:43 am

Родени:

1960 Љубе Бошкоски — македонски политичар .

1966 Роман Абрамович — руски бинисмен и политичар.

1985 Вејн Руни — англиски фудбалер.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Сре Окт 24, 2018 11:44 am

Починале:

1725 Алесандро Скарлати — италијански композитор.

1957 Кристијан Диор — француски моден креатор.

2005 Роза Паркс — американска активистка за човекови права.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Чет Окт 25, 2018 10:09 am

25 октомври е 298-иот ден во годината според григоријанскиот календар (299-и во престапна година). Остануваат 67 денови до крајот на годината.

1689 Австрискиот генерал Енеја Силвио Пиколомини (како дел од контраофанзивата против Отоманската империја по кампањата на Турците во 1683 година) го запалил Скопје. Во тој период во градот бил зафатен со епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Градот горел два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил од колера и набрзо починал.

1936 Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Чет Окт 25, 2018 10:10 am

Родени:

1825 Јохан Штраус — помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент.

1838 Жорж Бизе — француски композитор, автор на операта „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам.

1881 Пабло Луис Пикасо — шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Чет Окт 25, 2018 10:11 am

Починале:

1400 Џефри Чосер — најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност.

1647 Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар.

1973 Абебе Бикила — етиописки атлетичар.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пет Окт 26, 2018 11:16 am

26 октомври е 299-иот ден во годината според григоријанскиот календар (300-и во престапна година). Остануваат 66 денови до крајот на годината.

1993 Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.

1993 Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.

2002 Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пет Окт 26, 2018 11:17 am

Родени:

1916 Франсоа Митеран — поранешен претседател на Франција.

1949 Зоран Славниќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.

1959 Ево Моралес — претседател на Боливија.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пет Окт 26, 2018 11:18 am

Починале:

1957 Никос Казанѕакис — еден од најголемите грчки писатели на XX век.

1955 Радослав Петковски — македонски писател.

1972 Игор Сикорски — руски конструктор на авиони и хеликоптери.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Саб Окт 27, 2018 6:10 pm

27 октомври е 300-иот ден во годината според григоријанскиот календар (301-и во престапна година). Остануваат 65 денови до крајот на годината.

1920 Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.

1971 Демократска Република Конго била преименувана во Заир.

1999 Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Саб Окт 27, 2018 6:11 pm

Родени:

1898 Димче Зографски — македонски револуционер и општествено-политички работник.

1920 Стефан Наумов - Стив — народен херој на Македонија.

1958 Сајмон Ле Бон — британски музичар, пејач на групата „Дјуран Дјуран“.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Саб Окт 27, 2018 6:13 pm

Починале:

1505 Иван III Василевич — кнез на Московското кнежество и „голем кнез на сите Руси“ .

1949 Марсел Сердан — светски шампион во бокс.

2009 Миле Попоски — македонски писател, сценарист и преведувач.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 28, 2018 9:42 am

28 октомври е 301-иот ден во годината според григоријанскиот календар (302-и во престапна година). Остануваат 64 денови до крајот на годината.

1492 На првото патување преку Атлантскиот Океан, во потрага по нов пат до Индија, Кристофер Колумбо ја откри Куба.

1947 Во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

1992 Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 28, 2018 9:43 am

Родени:

1466 Еразмо Ротердамски — холандски хуманист.

1818 Иван Сергеевич Тургенев — руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам

1963 Ерос Рамацоти — италијански поп-пејач и композитор.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Нед Окт 28, 2018 9:44 am

Починале:

1704 Џон Лок — англиски филозоф.

1989 Димитар Гешовски — еден од најпознатите македонски артисти.

2005 Љуба Тадиќ — југословенски и српски глумец.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Nebula on Пон Окт 29, 2018 9:35 am

29 октомври е 302-иот ден во годината според григоријанскиот календар (303-и во престапна година). Остануваат 63 денови до крајот на годината.

1923 Турција е прогласена за Република. - Национален ден на Турција.

1944 Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

Nebula

Број на мислења : 395
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

LUGE I NASTANI - Page 3 Empty Re: LUGE I NASTANI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот