DIVEC

Go down

DIVEC

Пишување by EVITA on Саб Окт 06, 2018 9:03 am

Recept za podgotovka na meso od diva svinja.

Специјалитет од месо од дива свиња на мој начин

Состојки
околу 3 кг месо од дива свиња
За маринадата
по потреба сол и бибер
по потреба сенф
7-8 ливчиња ловор
1-2 главици лук
1 л. црвено вино
по вкус морско оревче, цимет, каранфилче
3-4 лажички вински оцет
За печењето
3-4 помали главици кромид
2 големи моркови
150-200 гр. сланина
по вкус зачини (оригано, кориандер, босилек, малку куркума, малку каранфилче, покрупно мелен шарен бибер (зелен, бел, црвен, црн), тарагон, мајчина душичка, мајоран)
1 коцка телешки бујон


EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: DIVEC

Пишување by EVITA on Саб Окт 06, 2018 9:03 am

Ретко добивам прилика да зготвам нешто вака специфично и необично и затоа ги третирам ваквите моменти со посебно внимание и ги сметам за предизвик.
Овој пат повеќе од успешно си ја завршив задачата, a доказ за тоа беше речиси испразнетата тава и она познато „ммм, мх, мх“ од сите што беа присутни и пробаа, па решив да го споделам овој рецепт. Како и многу други, рецептов е комбинација од работи приучени од готвачите и рецептите на интернет и мојот инстинкт и чувство за експериментирање во кујната.

Месото од дива свиња, сечено на поголеми парчиња, го миеме, го посолуваме и секое парче го мачкаме со сенф. Ги редиме во подлабок сад или тенџере. Убаво забиберуваме, ставаме 7 - 8 ливчиња ловоров лист и лук. Лукот треба да биде во поголема количина, 1-2 главици зависно од нивната големина, разделени на чешниња, пресечени на половинки или само засечени по должина колку убаво да пуштат од вкусот. Посипуваме со црвено вино, по можност со малку сладеникав вкус. Јас користев Витач и вкусот беше одличен. Најгоре наросете морско оревче, цимет и мелено каранфилче, па додадете 3-4 лажички вински оцет – ако имате домашен најубаво таков. Поклопете со капак или затворете со алуминиумска фолија и оставете да стои така преку ноќ (убаво би било да стои повеќе од 12 часа).

Следниот ден планирајте да имате околу 3-4 часа за печењето. Може да печете во тава пекач или во обична тава покриено со фолија. Најпрво парче по парче вадете ги и малку исцедете ги парчињата месо од маринадата, па на даска исецкајте ги на помали коцки по ваш мерак и наредете ги во тавчето каде што ќе се печат. Исецкајте 3-4 помали главици кромид на четвртинки или 2 поголеми на осминки и расфрлете ги по тавата. Излупете два поголеми моркови и исецкајте на дебели кругови, па исто така расфрлете ги во тавчето. На крај исецкајте крупни коцкички сланина (јас ставив околу 150-200 грама) и тие расфрлете ги низ тавата. Од маринадата задржете ги само ловоровите листови кои ќе ги оставите во тавата додека трае печењето и може сите или дел од лукчињата. Останатото, не го користиме.
Откако тавчето е „наредено“ зачинете по вкус - јас ставив оригано, кориандер, босилек, малку куркума, малку каранфилче, покрупно мелен шарен бибер (зелен, бел, црвен, црн), тарагон, мајчина душичка, мајоран..се надевам не заборавив нешто во листава. Имајте на ум дека ваквиот тип месо бара посилни вкусови на зачини, така што може да се „опуштите“ со изборот, а до некаде и со количината. Одозгора налејте околу 200-250 мл. телешки бујон (јас ставив вода во ѓезвенце и само стоплив доволно колку да се растопи коцката) и малку масло по потреба – проценете дали парчето што го готвите е помасно или понемасно па во зависност од тоа може и не мора да додавате масло. Најпосле затворете со капак или фолија и ставете во загреана рерна да се пече на околу 170 степени. Јас го отворив само еднаш, после околу еден час печење, го промешав и повторно го покрив, па печев уште два часа на истата температура – течност имаше доволно за целиот процес на печењето бидејќи воопшто не го печев непокриено. Зависно од самото месо или од парчето кое го имате, можеби вам ќе ви биде потребно подолго време или да додадете уште течност...Тоа ќе си процените сами. На крај треба да има сосема малку течност во тавчето, а месото да не е пресушено туку убаво испечено и меко, кога ќе го боцнете со вилушка да не „дава отпор“ како да боцкате парче гума туку фино да се двои или уште подобро да се распаѓа. Најмногу внимавајте да не го пресушите, затоа препорачувам воопшто да не печете без капак или фолија, за да може да си го задржи сосот во себе.

Пред служење оставете малку да „одмори“ и да се подизлади во покриениот сад каде што се печеше – барем околу 20-тина минути. Служете со нешто лесно и не премногу зачинето како на пример печен компир.

Уживајте во богатството од вкусови! На здравје!

https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC

EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: DIVEC

Пишување by misterija on Саб Окт 06, 2018 9:54 pm

Воопшто не обожавам дивеч за јадење..исто како трева да јадам, нема вкус, нема мирис....мене не ми се допаѓа а и незнам да приготвувам.

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 433
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: DIVEC

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот