ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by osa on Нед Окт 14, 2018 1:02 am

НЕМА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ОСОМНИЧЕНИ ВО СЛУЧАЈОТ „ПОШТЕНСКА БАНКА“ НА СЈО ЗА ПЕРЕЊЕ 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Нема притвор за Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски, осомничени во истрагата за перење 5 милиони евра во случајот „Поштенска банка“, за кои Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ја побара оваа мерка. По целодневно сослушување на осомничените, судија на претходна постапка вечерва одлучил да не им изрече притвор. Судот му го одзеде пасошот на на Коле Смилевски, а Томе Главчев и Ратко Димитровски треба да се јавуваат во судот.

Како што дознаваме, СЈО ќе ја обжали одлуката на судијата на претходна постапка до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, поради опасност од бегство на тројцата осомничени. Рокот за жалби е 24 часа.

СЈО отвори нова голема истрага за перење пари од времето на Љубчо Георгиевски како премиер, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, поради која утринава се приведени и однесени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, три од засега 9 осомничени лица во истрагата. Поради проток на време и застареност, во истрагата Георгиевски, Ѓорчев и Груевски се спасија од делото злоупотреба на службената положба.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа 92“, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра, вели СЈО.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13661
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот