ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА
2 posters
Страна 1 of 1
ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА
ДЕВЕТ ГОЛЕМИ ЗНАМЕНИТОСТИ КОИ
БИТОЛЧАНИ ГИ НЕМААТ ПОВЕЌЕ
Хотелот Босна е граден во 19 и почетокот на 20 век и е дело на големиот Керим Паша. Хотелот бил познат по својот црвен салон, пердињата и килимите. Негови газди биле некои непознати луѓе од с. Маловиште, па после браќата Перо и Ташку Чомо, Никифор Јефтиќ и Горчу Куртовски. Босна изгорела 1936 година во пожар и во 50 те години од 20 век бил потполно срушен за потребите на големите народни плоштади.
Хотелот Босна бил лоциран на самиот Широк Сокак, кај кружните клупи, пред Домот на Културата.
Веритес- Број на мислења : 36
Join date : 2015-09-27
Re: ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА
Ески Џамија
2. Ески џамија
Ески џамија во Битола ја подигна Сингур Чауш Беј, во 1435 година и беше првата и најстарата џамија на Баалканот. Во 1956 година беше урната со динамит од тогашните власти. Таа беше позната како Сингур Чауш џамија, па Ескин џамија и Атик или Солак џамија. Нејзината локација беше кај сегашните згради на ул. Иван Милутиновиќ, откаршија Јавор Стоковната.
Веритес- Број на мислења : 36
Join date : 2015-09-27
Re: ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА
Камен Мост
3. Камен мост
До пред четириесетина години, камениот мост во Битола беше голема знаменитост и убавина за битолчани со својот стар стил на градба и како единствен таков, последен останат во градот. Го красеше градот до 70те години од 20 век, а нестана пред очите на битолчани со покривањето на коритото на реката Курделец и нејзиното асфалтирање.
Пекмез Пазар
4. Пекмез пазар
Пекмез Пазар се навоѓал помеѓу Саат Кулата и Јени Џамијата. Тој бил составен од дуќани градени во половината на 16 век од Мехмед Ефенди-кадија, чии сопственик и бил, заедно со Јени џамијата. Во него се продавал мед, пекмез, слатки и други благи работи. Во 50 години од 20 век со динамит бил уништен заедно со бугарската полициска станица, за потребите на градскиот плоштад.
Црвена и Бела касарна
5. Црвена и Бела касарна
Овие касарни биле изградени во 1837 односно 1844 година, на местото од сегашниот градски парк со шеталиштетото и дел од новата касарна. Црвената касарна (К'рма к'шла), била грандиозен објек во кој можело да се сместат осум батаљони војска. Била градена од крушевчанецот Стојан Везенков, кој за добро изведената работа, во 1845 година бил одликуван со сабја од султанот и бил назначен за званичен турски архитект. Во нив биле стационирани околу 30,000 војници, а била потполно уништена во Првата и Втората Светска бојна.
Народен театар Битола
6. Стар театар
Стариот народен театар во Битола беше на местото пред сегашниот Дом на Културата, на плоштадот Гоце Делчев. Првобитното решение беше , наводно, темелно реновирање и во негово продолжение да следи Домот на Културата, кое никогаш не се примени. Бил изграден од Абдул Керим Паша на почетокот на 20 век на место од стари Турски гробишта и покрај големите негодувања на локалното турско население. Беше срушен во 1980 година.
Еврејска синагога (Аврата)
7. Еврејска синагога (Аврата)
"Ил кал дила хавра", некогашна еврејска синагога, една од деветте синагоги кои преживеале во Битола. Бил репрезентативен објект, кој преживувал до пред дваесетина години. Бил срушен при крајот на 80 те години од 20 век. Сега во близината на Безистенот се навоѓаат адвокатски канцеларии, познати како Аврати во Битола.
Реката Курделец
8. Реката Курделец
Реката Курделец или Курделес извира од Баба планина. Денеска на нејзиното старо корито се наоѓа улицата Солунска, според некој податоци тое е направено во 70 те години од 20 век. Била спој на две реки. Понекогаш знаела и "многу да збесни" и да ги однеси дрвените мовчиња кои биле десетина на број.
Името доаѓа од Курт - дере на турски, што значи Волчји Поток. Уште во Турско, за време на големите и студени зими во Битола, волците од Пелистер во потрага по храна, слегувале по неа долу во градот.
Во последно време, поради повеќето геризи и сливови во неа од страна на канализациите на битолските куќи се ширела неподнослива ареа, за што денес мислиме, дека се' би било уредено како што треба и Битола би имала уште една убавина, која ќе носеше свежина со неа.
Лустерот во офицерски
9. Грандиозниот лустер во офицерски
Грандиозниот лустер во офицерскиот дом Битола беше донесен во далечната 1972 година и составен од делови на два лустера. Беше сместен на првиот кат, во свечената сала. Бил тежок 700 кг. до еден тон, а бил направен од стакло, кристал и од месинг. Лустерот имал 176 светилки и давал впечаток на галаксија. Оставен сам на милост и немилост, бил уништен во Август 2016 година.
Реката Курделец во Битола, со камениот мост
Ваш Сотир Гроздановски
20 октомври 2016
Kind regards: 20 октомври 2016
[size=40]Sotir Grozdanovski br. 33[/size]
Share this page
Веритес- Број на мислења : 36
Join date : 2015-09-27
Re: ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА
Интересно..а знаеш ли колку големи знаменитости на Скопје ги нема?
_________________
Не излегувам на референдум
misterija- Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|