А СЕГА БРЕ "ПРИЈАТЕЛЕ "

Go down

А СЕГА БРЕ "ПРИЈАТЕЛЕ "

Пишување by osa on Саб Окт 27, 2018 9:33 pm

Со две незавршени работи Груевски бара „спас“ од затвор
Со две незавршени работи Груевски бара „спас“ од затвор
20:23 27.10.2018
Поранешниот премиер Никола Груевски со две незавршени работи во понеделник со помош на адвокатите ќе поднесува молба до кривичниот суд со која ќе бара одложување на затворска казна, дознава 1ТВ. Едната од нив е базирана врз основа на пратеничкиот мандат, вели неговиот адвокатски тим, но не откриваат која е втората незавршена работа на Груевски со кои ќе поднесуваат молба. Сепак, со цврсти докази и аргументи треба да докажат дека ако Груевски не за заврши обврската, ќе има поголема штета. Со ваквата молба, законот за извршување на санкциите, предвидва најмногу три месеца екс премиерот да биде на слобода.

„Скопска единица“, пак, до четврток треба да одлучи дали ќе ја прифати молбата или Груевски ќе мора на 8 ноември да се јави во „Шутка“ – во затворот е обврзан да стаса најдоцна до 15 часот.

Во меѓувреме, во собранието течат постапките за евентуалното разрешување на Груевски, откако вчера кривичен го извести првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери за правосилната двегодишна затворска казна на Груевски. Од понеделник Комисијата за мандатно – имунитетски прашања треба да распарава дали да биде предложено одземање на мандатот на осуденикот Груевски.

Членот 65 од Уставот предвидува дека на пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично дело со што е недостапен за вршење на пратеничката функција, со отсуство повеќе од шест месеци, а за одземањето на пратеничкиот мандат потребно е двотретинско мнозинство гласови.

Поранешниот премиер, со жалба и до Врховниот суд за преиспитување на пресудата за набавката на луксузниот „мерцедес“. Но, до највисокиот суд, како што 1ТВ и вчера информираше, предметот „Тенк“ сè уште не е пристигнат.

Нарачката на блиндираниот „мерцедес“ од 600.000 евра, на екс премиерот Груевкси му донесе 2 години затвор со правосилна пресуда за противзаконско влијание.


Игор Стефановски

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 13970
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот