Пчеларство

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пет Фед 27, 2015 11:57 pm

Пчеларската година започнува во август, кога пчелите се спремаат за зимување. тоа е периодот кога мораме да ги исчистиме од паразитите, и да им овозможиме навремено пополнување на залихите на храна за зимата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Саб Фед 28, 2015 9:40 am

Воедно тоа е времето кога се испилуваат зимските пчели, оние кои ќе ја преживеат зимата и ќе овозможат развој на пчелното семејство на пролет. околу стимулацијата за подобар развој, и добивање повеше зимски пчели, имаме различни мислења. Некои тврдат дека во тек на 15 дена треба да ги прихрануваме пчелите, со мали количества шекерен сируп. За некои тоа е непотребно, или подобри резултати се постигаат ако дадеме поголемо количество сируп одеднаш.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Нед Мар 01, 2015 2:28 pm

За да презими успешно, на едно пчелно семејство му се потребни околу десетина килограми мед. Ако медот е природен, а резервите не се пополнувани со шекерен сируп, тоа е најдобро. Но сепак, успешно зазимување на пчелното семејство би било ако семејството има дваесетина илјади единки, и околу дваесет килограми природен мед. Дел од него ќе биде искористен зимата, а поголемит дел за пролетен развој.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Нед Мар 01, 2015 10:44 pm

luxor напиша:Мора некој да се грижи за здравјето на мелничарите. А медот е една од најздравите храни. Има поговорка која вели, ако не го јадеш медот како храна, ќе го јадеш како лек.

Кој е најквалитетниот мед?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Нед Мар 01, 2015 11:45 pm

Тморо, медот се дели на монофлорен и полифлорен. Монофлорен е медот од еден вид на цветови, а полифлорен оној кој пчелите го собираат од цветови на повеќе растенија. Меѓу монофлорните медови од нашето поднебје најквалитетни би ги нарекол медовите од багрем и костен, додека кај полифлорните ливадскиот и шумскиот мед.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Нед Мар 01, 2015 11:51 pm

luxor напиша:Тморо, медот се дели на монофлорен и полифлорен. Монофлорен е медот од еден вид на цветови, а полифлорен оној кој пчелите го собираат од цветови на повеќе растенија. Меѓу монофлорните медови од нашето поднебје најквалитетни би ги нарекол медовите од багрем и костен, додека кај полифлорните ливадскиот и шумскиот мед.

Ми спомнаа дека багремов бил нај нај ,затоа ме интересираше.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пон Мар 02, 2015 12:19 am

Секој мед има свои особини, и свои квалитети. Еве кратки описи и објаснувања...

Багремов мед: Има бледо зелена нијанса,ароматичен е и пријатен.Долго време не се кристализира.Ја регулира функцијата на желудникот,го запира крваренјето,ефикасен е против кашлица и висока температуре,при очни болести,смирување на нервите,стресни ситуации и против несоница.

Костенов мед :Медот е темно жолт,горчлив вкус и е еден од најбараните медови заради своите лековити својства и големото количество полен.Помага при бронхитис,асма и др. болести на дисните патишта,болести на крвните садови,го подобрува апетитот,помага при болести на органите за варење,желудникот,црниот дроб,жолчката,простатата,слабокрвност.

Ливадски мед :Може да варира според бојата,мирисо и вкусот.Бојата му е од жолта и светло црвена до темно жолта,црвена а може да биде и потемен.

Шумски мед :Овај мед не потекнува од нектарот,пчелите го собираат од листовите и игличките на разни листопадни и зимзелени дрва.Овај мед по својот состав најблиску е до составот на човековата крв,најпрепорачлив е при слабокрвност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Пон Мар 02, 2015 1:03 pm

luxor напиша:Секој мед има свои особини, и свои квалитети. Еве кратки описи и објаснувања...

Багремов мед: Има бледо зелена нијанса,ароматичен е и пријатен.Долго време не се кристализира.Ја регулира функцијата на желудникот,го запира крваренјето,ефикасен е против кашлица и висока температуре,при очни болести,смирување на нервите,стресни ситуации и против несоница.

Костенов мед :Медот е темно жолт,горчлив вкус и е еден од најбараните медови заради своите лековити својства и големото количество полен.Помага при бронхитис,асма и др. болести на дисните патишта,болести на крвните садови,го подобрува апетитот,помага при болести на органите за варење,желудникот,црниот дроб,жолчката,простатата,слабокрвност.

Ливадски мед :Може да варира според бојата,мирисо и вкусот.Бојата му е од жолта и светло црвена до темно жолта,црвена а може да биде и потемен.

Шумски мед :Овај мед не потекнува од нектарот,пчелите го собираат од листовите и игличките на разни листопадни и зимзелени дрва.Овај мед по својот состав најблиску е до составот на човековата крв,најпрепорачлив е при слабокрвност.

Колку е цената?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Вто Мар 03, 2015 8:21 pm

Цената е различна. Зависи од пчеларот, градот, и многу други фактори. Сепак во Македонија во просек цените се движат околу 300 денари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Сре Мар 04, 2015 9:54 am

luxor напиша:Цената е различна. Зависи од пчеларот, градот, и многу други фактори. Сепак во Македонија во просек цените се движат околу 300 денари.


Во Охрид од 300-400.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Чет Мар 05, 2015 1:40 pm

luxor напиша:Цената е различна. Зависи од пчеларот, градот, и многу други фактори. Сепак во Македонија во просек цените се движат околу 300 денари.

од кај ке знам дека немаат уфрлен сируп во медот ?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Саб Мар 07, 2015 11:42 am

И што стана со пчеларството? Само Луксор ли знае нешто за тоа? Ајде и мене ме интересира. Јавувајте се пчелари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пон Мар 09, 2015 6:09 pm

Izgleda nema nitu eden drug pchelar...Kje morame da se strpime...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by kiBik on Вто Мар 10, 2015 5:23 pm

Яс навистина не знам као се е§ат пчелите. НООО!!! Оной ден гледав неаков филм по нетджио. И таму сатнуваше збор за тоа како некаков акар ги осакатува пчелите, и целите рояци, кои оживуваат се нанесуваат во други кошери. Лакшрот дали може да даде некоя информация за тоа???
avatar
kiBik

Број на мислења : 2521
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Вто Мар 10, 2015 5:43 pm

Тоа е паразит, вароа деструктор. Има и вароа јакобсони но тој го има само по азиските пчели. Ако пчелите редовно не се третираат паразитот масовно се размножува и го уништува пчелното семејство. Се размножува претежно во келиите каде се одгледува трутовско легло, но го има и во келиите на пчелите работнички. Женката несе јајца во отворените келии, кои се испилуваат и оплодуваат таму. Се хранат со млечот и хемолимфата на ларвата. Кога ке се испили пчелата излегуваат и женките влегуваат во нови келии со легло каде циклусот се повторува. Ако не се третира пчелното семејство обично не успева да ја преживее втората сезона. Возрасните паразити живеат на телото на почелите. Се забележуваат и со голо око. Засега успеваме со хемиски и биолошки методи да ја сузбиеме вароата, но бидејки пројавува резистентност кон некои хемикалии, ќе видиме што ни носи иднината. Да непоменам дека Австралија е единствениот континент каде вароа нема...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пет Мар 13, 2015 10:51 pm

Мислам дека е време да кажеме нешто за живеалиштата на пчелите. Во природата можеме да ги сретнеме било каде, во шупливо дрво, пештера, или кое било место што ќе им даде засолниште. Луѓето ги одгледуваат во кошници за пчели, кои се делат на кошници со подвижно и неподвижно саќе. Најстара кошница со неподвижно саќе е трмката. Тоа е кошница плетена од вербови, лозови или некои други прачки, од совитливо дрво. А потоа премачкани со говедски лепешки и кал...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Саб Мар 14, 2015 10:05 pm

Подоцна биле направени кошниците со подвижно саќе. На почетокот само ставале летвичке на горниот отвор на кошницата, која претставувала обична дрвена кутија, на која пчелите ги граделе сатовите, а подоцна биле конструирани рамките.

Еве една слика од рамка...



А вака изгледа рамка, само со сатоносец, те. горна летвичка. Се користи и денес во одредени видови кошници, за еколошко пчеларење.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пон Мар 16, 2015 7:04 pm

Кај модерните кошници за пчели, најчесто се среќаваат два вида. Дадант- блат и Лагстрот- Рут. Поретко ги среќаваме кошниците наречени Фарар, иако Фарар пред се е технологија на пчеларење, а не кошница.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Сре Мар 18, 2015 6:51 pm

Најзастапена веројатно, е кошницата Дадан-Блат. Составена е од плодиште, и две медишта. Од долу нагоре, прво доаѓа подницата, па плдникот, каде пчелите се размножуваат, медиштето каде го складираат медот, па поклопна даска, и на крај капакот. Стандардната верзија е со дванаесет рамки, во плодиштето, како и во медиштата. Висината на плодишните и медишните рамки е различна. Внатрешните димензии на рамката од плодникот се 42x27 цантиметри. Медишната рамка е половина од плодишната. Подолу е кошница Дадан-Блат со плодник и едно медиште.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Саб Апр 11, 2015 10:25 pm

Наредната кошница, која веројатно е и повеќе распространета од Дадант-блат е кошницата Лангтрот. За разлика од првата оваа има три деела и сите се еднакви, што овозможува разамена на деловите и рамките помеѓу себе. На сликата имате Лангстрот кошница.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by tmoro on Чет Aвг 20, 2015 9:07 am

Во Охрид медот во чаршијата го продаваа дебарскиот 550 ден,а од Шипковица видов по 500 ден(овие се препродавачи),охридскиот багремов беше 400 ,а јас купив од темниот костенов-дабов од еден пријател за 300 денари.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пон Сеп 21, 2015 9:27 pm

Naidov na interesna statija za pchelite...

Доколку сите пчели на светот умрат, луѓето нема да преживеат!

За некои луѓе пчелите се само здодевен немир. Тие зујат наоколу, ви ползат во лименките кока-кола, ги бркаат луѓето по улици и понекогаш дури и ве боцнуваат.
Сепак, овој факт е многу едноставен - доколку пчелите не постојат, нема да постојат ниту луѓето. Соодветно на тоа, исклучително вознемирувачки е дека пчелите умираат со алармантна стапка во текот на изминатата деценија. Во моментов, популацијата пчели во САД е помала за половина од таа за време на Втората светска војна.

Минатата зима, 23,2 проценти од колониите пчели во Америка се изгубени. Бројките се полоши од годината пред неа, пчелите умираат на вознемирувачка стапка и нешто мора да се смени.



Владата на САД изјавила дека сега пчелите умираат во економски неодржлива стапка. Всушност, само во САД пчелите придонесуваат до 15 билиони долари во културна вредност. Без нив, земјоделството какво што го знаеме, би пропаднало.

Пчели... не може да се живее со нив, не може ни без нив - Дури и да не ги сакате, потребни ни се. Тие се одговорни за поголемиот дел храна во вашата чинија. Пчелите ја извршуваат задачата која е од витално значење за опстанокот на земјоделството: опрашување. Всушност, една третина од нашите резерви на храна се настанати благодарение на пчелите.

Едноставно кажано, пчелите ги одржуваат растенијата и земјоделските култури живи. Без пчелите, луѓето ќе немаат многу што да јадат.

Многу од културите растат само благодарение на пчелите: бадеми, јаболка, кајсии, авокадо, боровинки, дињи, кафе, малини, краставици, модар патлиџан, грозје, киви, манго, бамја, праски, круши, пиперки, јагоди, мандарини, ореви и лубеници.

Без пчелите овие култури ќе престанат да постојат. Пчелите се од клучно значење за нашето постоење, така што мора да обрнеме повеќе внимание за нивното зачувување и да го спречиме нивното изумирање кое е во постојат раст.



Зошто пчелите исчезнуваат? - Во моментов се одвива дебата токму на таа тема. Се чини дека пестицидите се главната причина, покрај останатото. Од крајот на Втората светска војна, употребата на пестициди во земјоделството наголемо започнала да расте. Па паралелно со тоа стапката на смртност на пчелите растела со ист интензитет.

Пестицидите Neonicotinoids, кои се хемиски слични на никотин, се многу популарни. Тие како што ги убиваат останатите штетници на културите, ги убиваат и пчелите. Во суштина, пестицидите се ужасни за животната средина, ги убиваат организмите кои му помагаат на светот и на луѓето да преживеат.

Една студија од Harvard School of Public Health открила дека епстицидите директно влијаат и придонесуваат за развој на феноменот познат како Colony Collapse Disorder (CCD) - процес во кој пчелите спонтано ги напуштаат своите јата. Кога пчелите се изложени на овие пестициди тие или умираат или ја губат ориентацијата и не знаат како да се вратат во своето јато.

Важно е да се напомене дека покрај пестицидите постојат уште фактори кои им го загрозуваат животот. Во суштина станува збор за комплексен проблем кој врвните научници во светот се' уште го истражуваат.

Можеме да ги спасиме пчелите - За среќа, веќе постојат напори за спасување на пчелите. Во јуни, претседателот Обама воспостави кампања, федерален напор за да помогне да се заштитат пчелите.

Во вашите градини и дворови насадете цвеќенца или овошни култури и не ги прскајте со пестициди - многу е едноставно. Кога секој втор па макар и трет на светот би го направил тоа - популацијата на пчелите значително би започнала да расте и да се враќа во нормална - меѓудругото, ќе имаме и поубави градини и ќе водиме поздрав живот.

Ова е подвиг кој бара учество на сите 7,1 билиони жители на светот. Кога станува збор за опстанокот на планетата не смееме да дозволиме да ја игнорираме или да бидеме апатични.



Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Пет Мар 04, 2016 8:48 pm



Ги истренирал пчелите да му прават мед од марихуана (ВИДЕО)




Пчелите отсекогаш биле вредни инсекти во природата кои создаваат сладок здрав мед. Еден 39-годишен Французин одлучил да направи нешто необично со своите пчели.

Тој успеал да ги истренира своите пчели да му произведуваат мед од марихуана. Медот кој го добива од марихуаната Николас го нарекува „КанаХани“. Според неговите зборови, пчелите jaизвлекуваат смолата од конопот, која тој ја смета за многу лековита.

- Ги научив да собираат шеќер од овошјето наместо цветовите - изјавил за медиумите Николас кога го запрашале за неговите истренирани пчели.

Со оглед на тоа што немаат ендоканабиноден состав, марихуаната не им наштетува на пчелите, туку за нив претставува еден вид на храна. Пчеларот смета дека се што ќе помине низ нивното тело, подоцна излегува подобрено.

Сепак, оваа интересна идеја не е новост. Постојат информации за обидите на научниците и пчеларите да вбризгаат марихуана во медот, но тоа досега никој не успеал да го изведе. Францускиот пчелар изгледа дека е прв во тоа да добива мед од канабис кој го прават неговите истренирани пчели.

Николас инаку е љубител на природата и на инсектите, и е голем заговорник за медицинскиот коноп. Со пчеларство се занимава преку 20 години. Дресурата на пчелите за производство на мед од коноп ја проучува од 2006 година, а пред три години се покажал првиот успех со овие „истренирани пчели“ кои сега произведуваат мед од канабис.

Николас засега поседува 30 кошници со пчели, а својата работа планира да ја продолжи во Шпанија, каде се помали ограничувањата и има повеќе професионалци во полето на пчеларството.

Погледнете го ВИДЕОТО како пчелите прават мед од марихуана.

http://plusinfo.mk/vest/60358/gi-istreniral-pcelite-da-mu-pravat-med-od-marihuana-video

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:08 pm

Kaj se prodava ova cudo od med a?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Сре Мар 16, 2016 5:37 pm

Зошто вреди да си пчелар?!

Користа од пчеларењето е доста голема и за пчеларот. Покрај финансиската страна, уште поголема е користа за неговото здравје. Штета што со пчеларство се занимаваат повеќе луѓето во поодминати години, а не и младите. Пчеларите многу ретко заболуваат од тешки заболувања и ревматски болести. Работејќи со пчелите, секогаш сте во чиста природа и на чист воздух, а и во движење.

Во кошницата владее микро клима со одредена температура, а воздухот во самата кошница е исполнет со прополисна пареа и балсами кои ги штитат пчелите од разни заболувања. Ваквиот воздух од кошницата е потопол од надворешниот воздух (најчесто) и како таков тој испарува нагоре, а пчеларот наведнат над кошницата го вдишува. Многу е корисен за дишните органи, органите за варење, како и уринарниот тракт.

1. ПЧЕЛЕН МЕД: Велам „пчелен мед" затоа што во последно време на нашите пазари има доста мед, па доста и пчелен. Во составот на пчелниот мед влегуваат над сто органски состојки (шеќери, ферменти, протеини, минерални соли, микро елементи, етерични масла, органски киселини и др.). Медот, човечкиот организам го користи без никаков остаток и без никаква дополнителна преработка, за нецели 20 минути медот се наоѓа во крвните садови, а тоа им дало повод уште на Хипократ, да заклучи „медот е пријател на стомакот и срцето". Покрај тоа што се употребува за храна, тој е и лековито – диетално средство при многу заболувања. Пчеларот, работејќи со него, не може, а да не си ги „излиже прстите". Медот во помали количества, до 40 грама дневно, можат да го користат и дијабетичарите.

Пчеларите можат да го имаат медот во неограничени количества за своја исхрана, па затоа медот е секогаш на трпезата на пчеларот.

2. ВОСОК: Ова е втор производ кој го добива пчеларот во поголеми количества. За човечкиот организам нема прехранбенаkorista od pcelarenje 2намена, но во фармацевтската индустрија е многу баран за приготвување разни кремови, масти и други лековити препарати. Восокот се користи и во козметиката. Добар е и за топли облоги при ревматски заболувања, како и за кожни болести.

3. ПРОПОЛИС: Прополисот е смолеста материја која содржи смоли, балсами, етерични масла, витамини, цветен прав и восок, а може да содржи и органски киселини, терпентини, алдехиди, минерални материи, аминокиселини и друго.

Благотворно делува врз органите за дишење, варење, видот, слухот, кожата (разни повреди, изгореници и рани), а има и анестетичко дејство (го намалува болот). Прополисот со право се нарекува „ЛЕК НА ИДНИНАТА" бидејќи неговото дејство е анти-бактериско, анти-микробно, анти-вирусно, анти-септично, анти-габично и уште многу други лековити особини. Пчеларот работејќи над кошницата, доаѓа во контакт со него и ги вдишува прополисните пареи и балзамите од самата кошница. Во последно време, се вдишува микроклимата од кошницата, и полни во балони, а после се употребува за инхалација кај луѓето и животните. Служи и како природен конзерванс, млекото и месото потопени во прополисен раствор не се расипуваат.

Во медицината, од него се прават разни лекарства за стомачни, очни, ушни, антиревматски заболувања, а посебно за лекарства кои се употребуваат за лечење на чиреви во органите за варење. Прополисот сè уште не е доволно испитан,а неговите потенцијални можности се уште поголеми.

4. МЛЕЧ: Претставува многу квалитетна храна наменета за исхрана на младите ларви во кошницата и за матицата. Матицата која е хранета со млеч несе околу 2.000 јајца дневно, коишто тежат повеќе од нејзината сопствена тежина. Матицата живее 3-5 години, а пчелата-работничка околу 45 дена, што се должи на исхраната на матицата со млеч. Млечот претставува единствена материја во природата која го подмладува човечкиот организам. За нормално функционирање на човечкиот организам му се korista od pcelarenje 3потребни 23 незаменливи аминокиселини, а млечот од нив содржи 21, така што во природата на друго место никаде не можат да се сретнат толку киселини концентрирани во една храна. Пчеларите имаат можност да го произведуваат во поголеми количества, но за жал, овој лековит продукт е непознат за поголем дел од пчеларите. Треба да го произведуваат за сопствена потреба и за пазарот бидејќи е доста баран и многу скап.

5. ЦВЕТЕН ПРАВ (ПОЛЕН): Ова е полов (машки) производ од растенијата. Пчелите, разнесувајќи го по другите цветови, ги опрашуваат (оплодуваат) растенијата. Како таков производ ги содржи сите елементи кои ќе го дадат почетниот дел од животот на плодот. Нема елемент, неопходен за човекот, кој не се содржи во поленот.

Пчеларите имаат можност да го произведуваат во неограничени количества. Освен како храна, тој има и стимулативно дејство. Доста е корисен против неплодност и кај двата пола. Покрај тоа што е корисен за здрави и болни деца, од него голема корист имаат и постарите луѓе, но пчеларите имаат слаб интерес за неговото производство. Во последно време, фармацевтската индустрија е доста заинтересирана за него.

Од поленот, со преработка од страна на пчелите, се добива перга ('рѓа) која е уште покорисна материја, а претставува ферментиран полен богат со многу аминокиселини. Пергата има многу висока цена и е дефицитарна на нашите пазари. Може да ја консумираат и лица кои се алергични на полен.

6. ПЧЕЛЕН ОТРОВ: Пчелите го произведуваат како заштитно, а не како напаѓачко средство. Тој е така издозиран од страна на пчелата да предизвика болка и страв, а не да го усмрти напаѓачот на друштвото. По токсичност е скоро еднаков на змискиот и шкорпиониот отров.

Работејќи со пчелите, пчеларот добива најмалку десетина убоди дневно. Да напоменам дека од сите досега наведени пчелниkorista od pcelarenje 4 производи, пчеларот има најголема корист од пчелиниот отров. Можеби изгледа чудно, но тој е продукт кој го стимулира добивањето имунитет, бидејќи му помага на организмот во борбата со низа заболувања. Спротивставувајќи се на отровот, човечкиот организам се бори и со другите заболувања. Во ваков случај, пчелиниот отров е стимулатор во борбата против другите заболувања.

Пчеларите кои подолго време се занимаваат со пчеларење можат без некои проблеми истовремено да поднесат 200-400 убоди без поголеми оштетувања. Оние кои не примиле пчелин убод, треба да бидат внимателни, да не се алергични на него. Алергичните треба да заборават на пчеларењето, односно да се откажат од него. Смртната доза за пчеларите е 500-1.000 едновремени убоди, но тоа тешко може да се случи. Секој пчелар е различно отпорен на енормно голем број пчелни убоди.

Пчелниот отров е многу корисен против ревматски заболувања, артритис, нервни заболувања, повишен крвен притисок, намалена периферна циркулација, циркулација на крвта, а локално ја зголемува и температурата на местото на убодот. Со пчелниот отров успешно се лечат и некои автоимуни заболувања како што се мултиплекс склероза, паркинсонова болест, детска церебрална парализа, алкохолизам, наркоманија и други. За лечење на овие болести, постојат повеќе болници во светот. Една од нив се наоѓа во градот Чељабинск, во Русија.

Малку е ова што го напишавме досега за да може да се каже за улогата на пчелниот отров. Тој има голема иднина во современата медицина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот