Стрелаштво

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Стрелаштво

Пишување by reiter on Пет Фед 20, 2015 7:09 pm

Стрелаштвото ми е омилено хоби уште од школските денови.Иако се двоумев за членување во некои други училични секции но некако стрелаштвото ми беше многу блиску затоа што од секогаш сум сакал прецизност во секој поглед(можеби од сцените од каубојските филмови Very Happy ).Мојот родител поседуваше чифте ИЖ-16 за кој јас од мали нозе го вртев и играв дома..склопував и расклопував па може и тука е љубовта.Ете татко ми беше мирен човек и колку што знам има пукнато само 4 пати и тоа во лубеница Very Happy ....но како растев тој го подари на еден негов пријател и не зеде ниту денар од него.
Првите чекори ми беа со воздушна пушка Црвена Застава и кружни бодовни мети во училишниот двор(10 метра).Но наставникот примети дека имам смирена рака и прецизно око што во 7-мо одделение веќе станав член на градскиот стрелачки клуб.Имам и некои награди со воздушна како и првата ми награда ми е фото албум Very Happy .
Набрзо продолжив со МК-22,па М-48(7,9).Секој прецизен погодок и поголем збир на бодови за мене претставува совршенство на склоп од дишење,смиреност,окинување и погодок.Секако било какви мисли во главата додека е стрелањето се ставени на чисто насредување на концентрација со исклучување на секаков друг надворешен фактор кој може да те попречи на погодок во центар.
Оваа вештина на стрелаштво ја доусовршив во војска.Да се пофалам дека во Битола касарната(2001-та..во ВП) мојата мета со мој потпис стоеше неколку месеци на зид,пукано со ПАСП 7.9мм и стандарден пасивен оптички нишан 7х35.
Од ставовите за стрелање..лежечки,клечечки,стоечки ..ми се легнати како стара ракија Very Happy така да немам проблем.
Стрелање со претицување е исто едно мајсторско владеење на пукачот и пушката.
Стрелањето во ноќни услови со инфра-ред е специфично.
Во секој случај додека сакате да постигнете одлични резултати неопходно ви е стрелачка кондиција..физичка кондиција и смиреност.
Доколку некој друг се занимава или занимавал со стрелаштво нека пише нешто.
За жал во мојот град нема стрелана а и јас не поседувам никакво оружје со што овој спорт во мене лично останува само сеќавање и понекогаш кога со некој другар во планина (многу ретко) имам можност да се тестирам самиот како и оружјето.
п.с. секое око не гледа исто од окуларот или нишанот затоа е потребно секое орушје да се подеси за секој посебно!
Секако како дел од вештината за стрелање преставува и одредување на далечината на метата.Зимен и летен период далечината се одредува со тоа што има оптичка мамка на очите..зимото предметите се доблжуваат(од реткиот и студен воздух)додека летото е обратно..има техники и за тоа...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот