Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕДУМ ЛАГИ ....

Go down

СЕДУМ ЛАГИ .... Empty СЕДУМ ЛАГИ ....

Пишување by osa Нед Ное 04 2018, 09:17

7 лаги и вистини за лекување на грип и настинки
во Водич за здравје 04/11/2018

Со настинките и грипот се бориме од година в година, а лекувањето често го сведуваме на „бабини рецепти“. За да не бидете во заблуда да се лекувате погрешно, еве ги најважните 7 митови за грипот и настинките.

Витамин Ц – Иако многумина тврдат дека витамин Ц-то е добра превенција, фактите зборуваат дека килограмите цитрусно овошје нема да ја спречат настинката. Витамин Ц може само до некаде да го скрати времетраењето на настинката, но не може да ги ублажи симптомите.

Престојување на топло – Престорувањето во топла затворена просторија ни дава поголема веројатност да настинете отколку престојувајќи надвор на чист воздух, иако постои верување дека ако сме надвор на студено ќе настинеме. Фактите покажуваат дека најчести извори на зарази се токму затворените простории, како и компјутерските „глувчиња“, кои ги апсорбираат вирусите.
Пилешка супа-Дали пилешката супа ги олеснува симптомите на грип и настинки? Освен што има плацебо ефект (затоа што сме убедени дека не лечи), пилешката супа навистина ги прочистува дишните патишта.
Антибиотици – Многу распространето е мислењето дека антибиотиците лекуваат настинка, но сепак станува збор за мит. Антибиотиците се наменети за лекување на бактериски заболувања, а грипот и настинките не влегуваат во таа група.

Влажна коса – Грипот не се добива од влажна коса. Секако, ова не е препорака среде зимата да излегувате со влажна коса надвор, но стручњаците објаснуваат дека неисушената коса и ладното време немаат никаква врска со грипот. Туку со настинката. Како што е познато, грипот е предизвикан од вирус.

Бакнување – Поголем дел од инфекциите влегуваат во организмот преку носот и очите, а не преку устата. Всушност, едно истражување покажува дека само 8 отсто од луѓето се разболеле зашто се бакнувале со личноста која била грипозна. Многу посигурно е да се бакнете со некој кој е разболен, отколку да се ракувате со него, тврдат микробиолозите. Затоа е многу важно во борбата против грипот да ги миете често рацете.

Вежбање – И да и не. Физичката активност е добра за имунитетот. Ако редовно вежбате нема потреба да престанете да вежбате за време на настинката, освен ако имате висока температура и се чувствувате малаксано.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СЕДУМ ЛАГИ .... Empty Re: СЕДУМ ЛАГИ ....

Пишување by osa Нед Ное 04 2018, 09:20

ova prvpat go prochitav ...infekciite vleguvale preku ochite .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот