Kebapi

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Kebapi

Пишување by Гостин on Пет Фед 20, 2015 8:03 pm

Ne znam da gi spremam, no garant znam da gi izedam...

Рецепт за совршени ќебапчиња

Топло лепче, "десетка" со кромид и многу буковец... Вака некако звучи описот за совршен ручек за многу гурмани, па во продолжение прочитајте го рецептот за подготвување на највкусни ќебапчиња.
Со оглед на тоа што за многумина ќебапчињата се омилено јадење од месо, истите секогаш се и чест избор за ручек, а знаејќи дека и домашното е секогаш најдобро, следниот пат кога ќе сакате да приредите домашен ручек со кој ќе ги израдувате најблиските, подгответе вкусни домашни ќебапчиња, а рецептот за истите можете да го прочитате во продолжение.



Состојки:

● 750 грама телешко месо
● 250 грама овчо месо
● 1 лажица сол
● 1 лажица вегета
● 1 лажица бибер
● ½ главица лук
● 1 лажица кајмак
● Малку минерална вода

Задолжителни прилози:

● Голема количина на буковец
● Кајмак или ајвар, по желба



Потребни состојки за прелив за лепчето:

● Зовриена вода
● Малку говедско месо или говедска супа во коцка
● Малку масло
● Магдонос
● Бел лук
● Бибер

Подготовка на преливот:

Во еден сад ставете ги сите зачини, додавајќи го маслото, говедската супа и водата, оставајќи го сето тоа да зоврие.



Подготовка на ќебапчињата:

❶ Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.

❷ Во блендер иситнете го лукот, се со цел од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да потстои неколку часа во фрижидер... Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот во текот на една ноќ.



❸ Започнете да го обликувате месото со помош на готварски шприц со додаток за ќебапи, но доколку го немате ова помагало во кујната, сето тоа можете да го направите и рачно. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.

❹ Откако ќе завршите со печењето, врз месото истурете го преливот, притоа внимавајќи да оставите помала количина со која ќе ги премачкате лепчињата и истите потоа малку ќе ги запечете.

❺ На крајот, соберете ги вашите најблиски и заедно уживајте во вкусниот оброк. Добар апетит!



http://tocka.com.mk/3/112201/recept-za-sovrseni-kebapcinja

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by Гостин on Сре Апр 08, 2015 7:56 pm

Ajde ushte eden recept...Mozhebi nekoj kje se seti da gi podgotvi i da gi pokani melnicharite da gi probaat...

Мешани ќебапи



Состојки
100 гр соја трошки
500 гр мелено месо
1/2 лажиче коријандер
1 главица кромид
2 јајце
1 чили пиперче
1/2 лажиче мелено ким семе
1/2 лажиче црвен пипер
1/2 лажиче мешан сув зачин

Во загреана посолена вода ги ставаме соја трошките да се сварат околу 15 минути. Ги цедиме убаво и така исцедени ги помешуваме со меленото месо.
Додаваме ситно сецкана чили пипирка и зачинуваме со ситно мелено семе од ким, коријандер, мелен црн бибер, мепан сув зачин. Кршиме јајце и месиме тесто. Од смесата која ја добивме формираме ќебапи. На набрашнета рака ги валкаме додека ги формираме и ги печеме на фестиво тавата, со премногу малку масло.
На тивко ги печеме превртувајќи ги неколку пати.
Готовите поруменети кебапи служете ги со кромид и сос по ваш вкус. На здравје

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by Гостин on Саб Мар 12, 2016 9:04 pm

САРАЕВСКИ ЌЕБАПИ



Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во цел свет и долго се криеше рецептот за нив, а сега прв пат е објавен рецептот – како се прават традиционални сараевски ќебапи, оние чаршиските по кои Сараево е препознатлив град.

Еве како сами да направите смеса за ќебапи:

Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка, и смесата добро да отстои.

Се што ви е потребно за вистински ќебапи е:

1.5 кг мелено телешко месо,

0.5 кг јагнешко,

4-5 чешниња бел лук

сол

2 лажички сода бикарбона.

Начин на подготовка:

Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полијте го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:03 pm

Видео рецепт: Домашни ќебапи



Состојки
300 гр. јунешко
200 гр. свинско
1 лажица сол
1/3 лажичка црн бибер
1 јајце
2 лажици презла
1/3 лажичка сода
2 лажици масло
1/2 кромид
2 чешниња лук

Подготовка

Чекор 1: Сите состојки измешајте ги во поголем сад, да добиете хомогена смеса.

Чекор 2: Со помош на Делимано Ќебапоматот, обликувајте ги ќебапчињата.

Чекор 3: Додадете малку маслиново масло на Грил тава и пржете ги ќебапите рамномерно сд сите страни.

Чекор 4: Сервирајте!

http://moirecepti.mk/post/brzi-domasni-kjebapi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by luxor on Сре Окт 05, 2016 4:13 pm

Nema podobri od leskovackite kebapi koj bil i jadel znae.
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by luxor on Пет Мар 03, 2017 5:34 pm

Грчки ќебапи

СОСТОЈКИ:

бајата кифла
500 гр мелено месо
1 главица кромид
1 чешне лук
мајчина душица
100 гр фета сирење
1 јајце
1 лажичка мелен ким
сол
бибер
2 лажици маслиново масло
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by luxor on Пет Мар 03, 2017 5:34 pm

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Потопете ја кифлата во вода. Исечкајте кромид и лук. Исечкајте мајчина душица. Фета сирењето исечете го на осум стапчиња.
Исцедете ја кифлата и изгмечете ја со мелено месо, јајце, лук, кромид, зачини и мајчина душица. Посолете и побиберете.
Поделете го месото на осум топчиња. Свиткајте го секое парче сирење со месо така што ќе добиете големи ќебапи.
Премачкајте ги со масло и печете ги на скара.

http://gotvi.mk/2017/03/02/grcki-kebapi/
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by osa on Пон Мар 06, 2017 1:44 pm

kebapi na tradicionalen Makedonski nachin :

potrebni sostojki:

500 gr meleno meso i toa dvapati meleno(samo kazete taka mesarot znae)
a sostavot e 70% juneshko (350 gr ) i 30% svinsko (150 gr)
1/4 od mala lazichka za kafe soda bikarbona
2 mali (kafeni) lazichki maslac(puter)pred da go stavite ke go rastopite za da bide vo techna sostojba
biber po zelba
bel biber melen (poznat kako najkvirc)
1 mala (kafena )lazichka brashno
1 cheshne luk mnogu sitno iseckano ili pasirano
sol

seta smesa so zachinite se zamesuva ,se ostava da odstoi vo frizider i potoa se oblikuvaat kebapi i se pechat na skara

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Kebapi

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics
» Kebapi

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот