FALAFEL

Go down

FALAFEL Empty FALAFEL

Пишување by IVA on Чет Ное 08, 2018 12:24 pm

Фалафел со бел сос од моркови

Потребни состојки:
400 грама леблебии од конзерва
1 чешне лук
¼ виолетов кромид
магдонос
2 лажици брашно плус 1 за наросување
бибер, сол
маслиново масло

За сосот:

половина поголем морков или еден помал
половина шолја јогурт
1 лажица крем сирење
сол, бибер, кари, цимет

Начин на подготовка:
Добро исцедете ги леблебиите (избришете ги со салвета за да ја соберете цела вода). Исечкајте ги ситно виолетовиот кромид, лук и магдонос. Во блендер ставете ги леблебиите, зачините, брашното и малку маслиново масло. Матете додека не добиете комапктна смеса. Направете топчиња на површина наросена со брашно и потоа пржете ги на малку масло, по неколку минути од секоја страна.

Подготовка на сосот е многу едноставна. Посолете го изренданиот морков и по неколку минути исцедете ја вишокот течност. Измешајте ги со крем сирењето, зачините и јогуртот. Додајте многу малку цимет, кари и бибер. Послужете со салата!

https://www.ubavinaizdravje.mk/gastro/glavni-jadena/retsept-na-denot-falafel-so-bel-sos-od-morkovi/
IVA
IVA

Број на мислења : 354
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот