Плескавици

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Плескавици

Пишување by Гостин on Саб Фед 21, 2015 4:41 pm

За почеток мексиканска.

МЕКСИКАНСКИ ПЛЕСКАВИЦИ

Состојки:

500 г мешано мелено месо
2 главици кромид
70 г рендан кашкавал
150 мл кечап
30 г тортиља чипс
1 лажица сенф
1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен
бибер
Подготовка:
Измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот и биберот.
Смесата добро измесете ја и од неа направете четири плескавици. Печете ги плескавиците од секоја страна на скара 10-12 минути.
Сервирајте ги, по желба, со тортиља чипс и со кечап



http://www.vesti.mk/read/news/2142355/702798/meksikanski-pleskavici

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Плескавици

Пишување by Гостин on Пет Апр 10, 2015 8:57 am

Плескавици од риба (посно)



Вкусни посни плескавици од риба …

Потребно е:
300 гр туна, од конзерва
500 гр ослич
200 гр сардина, од конзерва
100 гр лебни трошки
100 гр сварен ориз
10 чешниња лук
1 лажиче мелено морско оревче
2 главици кромид
сол, бибер

Подготовка:
- Осличот сварете го, исцедете го и оставете го да се излади.

- Изладениот ослич заедно со туната и сдардините ставете ги во блендер и ситно иситнете ги.

- Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги на малку маслиново масло и додадете ги во садот кај иситнетите риби.

- Добиената смеса помешајте ја со претходно сварениот ориз и лебните трошки и зачинете со морско оревче, сол и бибер. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

- Со раце земајте од смесата и формирајте плескавици. Пржете ги во врело масло.

- Како прилог со овие вкусни плескавици може да послужите варени компири или некој друг зеленчук.

http://a1on.mk/wordpress/archives/476037

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Плескавици

Пишување by Фири1 on Чет Апр 16, 2015 9:03 am

Хаха како може србин без плескавицаSmile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Плескавици

Пишување by osa on Пет Апр 17, 2015 7:05 pm

vkusno i zdravo ,ushte i kompirchinja da ima so pleskavica ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Плескавици

Пишување by Гостин on Пет Окт 02, 2015 9:37 am

ОРГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ЛЕСКОВАЧКА ПЛЕСКАВИЦА

Состојки:

мала лажица Црн пипер
малку сол
700 грама свинско мелено
2 лути пиперчиња
100 милилитри масло
100 грама кромид
50 милилитри кајмак
1 лажица дафинка
1 главица лук
300 грама јунешко мелено
Подготовка:
Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса.
Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Плескавици

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот