КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА .....

Go down

КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА ..... Empty КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА .....

Пишување by SHARENI on Саб Дек 22, 2018 7:44 pm

Кој ќе ќари слобода за „крвавиот четврток“?

Очите на јавноста вперени кон амнестијата за собраниските инциденти. Кој ќе добие политичка слобода ќе одлучи судот. Обвинителката Вилма Русковска која го води предметот за крвивот упад од 27 април, од законот толкува дека амнестија ќе добијат пратениците, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, но и двајца вработени во Собранието од кабинетот на Вељаноски. Во интервју за 360 степени, Русковска со став дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, не треба бидат амнестирани. Но, последното мислење ќе го има јавното обвинителство.

„Од овој закон јасно е дека се амнестирани на пример пратениците, двајцата обвинети од кабинетот на поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски. Според како е сега законот. За сите останати ќе се одлучи во ЈОРМ. Не се опфатени организаторите. Тоа е мое лично мислење, не значи дека така и ќе остане до крај“, вели обвинителката Вилма Русковска.

Адвокатите на организаторите на протестите со поинаков став, сметаат дека според законот ослободени од обвинение треба да бидат Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски.

Во кривичниот суд обвинетите ги праќаат барањата за амнестија, рокот им истекува во вторник. Дел од нив најавија дека ќе бараат слобода, дел нема.

Бидејќи законот за амнестија не ги опфаќа сите обвинети за крвавиот упад во законодавниот дом, правниците го оценуваат како селективен.

„Решение за амнестија, според одредбите од овој закон го донесува судот, кој ја донел првостепената одлука. Ние првостепена одлука немаме во овој предмет. Сè уште и прашање е кога ќе има, тоа е една од мааните на овој закон. Второ, самата проценка кој, каква улога одиграл, некаде може да биде многу јасно како што е предметот за обидот на убиство на Зијадин Села, таму е јасна ситуацијата, не можат да бидат амнестирани според законот. Но, многу е проблематично во овој предмет“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Амнестија нема да има за организаторите и нарачателите за собранискиот упад од 27 април. Русковска најави, наскоро ќе се отвори истражна постапка за откривање на нарачателите за „крвавиот четврток“.
https://1tv.mk/video/%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%9C%D0%B5-%D1%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 395
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА ..... Empty Re: КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА .....

Пишување by nino on Нед Дек 23, 2018 1:03 am

Малку ќотек им беше изгледа. На сите им простија. Нема правда, нема мир.

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА ..... Empty Re: КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА .....

Пишување by Dino on Нед Дек 23, 2018 1:05 pm

Ne na site, prosta raja ke naebe kako onoj dedoto sto ja skubna Sekerinska. Apasite sto stvarno se odgovorni ke se izvlecat.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА ..... Empty Re: КОЈ КЕ ДОБИЕ СЛОБОДА ЗА .....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот