BUBREZI

Go down

BUBREZI Empty BUBREZI

Пишување by Flora on Нед Дек 23, 2018 12:28 pm

3 совети за зачувување на здравјето на бубрезите

Бубрезите играат важна улога во елиминирањето на токсините од нашето тело – крвта во бубрезите се филтрира и од неа се отстрануваат штетните состојки, вишокот на сол и течностите. Така прочистената крв си оди од бубрезите преку бубрежната вена. Кога бубрезите ќе станат преоптоварени со токсини, може да се јави болест на бубрезите и на мочниот меур.

За да бидат во оптимална функција и да придонесуваат за здравјето на целиот организам, следете ги овие едноставни совети:

1. Пијте вода. Водата им помага на бубрезите во елиминирањето на токсините и го спречува настанувањето на бубрежни камчиња и инфекции, додека дехидрацијата го зголемува ризикот од тегоби со бубрезите за 20 отсто. За да вклучите повеќе вода во дневната рутина, носете си со себе шишенце вода – така ќе се сетите да се напиете и во ситуации кога инаку не ви е при рака.

2. Не заборавајте на јогурт и на млеко. Високиот крвен притисок може да ги оштети малите крвни жили во бубрезите па тие не можат да го филтрираат отпадот од крвта онака како што би требало. Погрижете се за крвниот притисок на тој начин што на менито ќе вклучите две шолји јогурт и чаша млеко дневно. Неколку истражувања потврдиле дека нискомасните млечни производи го намалуваат крвниот притисок.

3. Намалете го внесувањето на сол. Исхраната што се темели на внесување на солена храна го зголемува ризикот од бубрежни камчиња, зашто премногу сол доведува до собирање на калциум во бубрезите, а не во коските па тогаш и ризикот од настанување бубрежни камења е поголем. Јадете помалку преработена храна, а солта заменете ја со зачински билки.

https://www.ubavinaizdravje.mk/zdravje/preventsija-i-lekuvane/3-soveti-za-zachuvuvane-na-zdravjeto-na-bubrezite/

Flora

Број на мислења : 287
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот