ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by osa on Сре Јан 02, 2019 9:17 pm

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО СКОПЈЕ, ОД УТРЕ ЗАБРАНА ГРАДИНКИТЕ ДА ПРИМААТ ДЕЦА НЕВАКЦИНИРАНИ ЗА МОРБИЛИ

По појавата на 12 новозаболени од мали сипаници во повеќе скопски општини, прогласена е епидемија во Скопје и донесена е наредба градинките да не ги примаат децата кои немаат примено вакцина против морбили, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека оваа одлука е доонесена по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Сите новозаболени се невакцинирани.

Филипче кажа дека од новозаболените, 6 случаи се потврдени дека се заразаени од мали сипаници, а за 6 се чека потврда. Од новозаболените повеќето се деца на возраст од 8 месеци до 4 години, а меѓу нив има и еден возрасен.

„Согласно членовите 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести, донесовме одлука да се забрани прием на децата во градинките кои не се вакцинирани против мали сипаници. Добро е што не работат училиштата и децата се на распуст, па ни ја олеснува работата. Ситуацијата ја имаме под контрола, работат вакциналните пунктови и се прави контрола на вакциналните картони. По прогласувањето на епидемијата во Радишани и регистрирани 15.000 невакцинирани деца, за жал, досега се вакцинирани само 310. Секое непочитување на препораките за имунизација е дополнителен ризик за ширење на болеста“, вели Филипче.

Тој рече дека се свесни оти ова можеби ќе направи проблем на родителите, но дека брзале да ја донесат мерката за да спречат натамошно ширење на болеста, која е високо заразана и која може да предизвика сериозни компликации и смртни случаи, како што беше случајот лани во Србија каде починаа 30 заболени и 50 во Романија.

Д-р Билјана Даниловска од одделот за епидемиологија на Центарот за јавно здравје, кажа дека новите случаи епидемиолошки не се поврзани, односно дека ги има од цело Скопје.

„По првично регистрираните 7 случаи во Радишани, од оние за кои имаме потврда еден случај е регистриран во Кисела Вода, 3 во Бутел, еден во Гази Баба, еден во Аеродром. Од оние за кои чекаме потврда два се во Аеродром, еден е во Бутел, еден во Центар и еден во Ѓорче Петров“, вели д-р Даниловска.

Д-р Сања Петрушевска од Клиниката за инфективни болести, кажа дека има 8 хоспитализирани со мали сипаници, меѓу кои деца на возраст од 8 месеци до 4 години и возрасен на 31 година. Таа рече дека сите се со бронхопневмонија, од кои два случаи се со посериозни компликации.

„Меѓу пациентите нема такви со компликации на централниот нервен систем“, кажа д-р Петрушевска.

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, кажа дека морбилите се исклучително опасна болест, која предизвикува воспаление на белите дробови и воспаление на мозокот.

„Станува збор за тешко и опасно заболување. Пред воведување на вакцината во 1972 година овде имавме големи епидемии со 12.000 заболени и 1.250 смртни случаи. Ова заболување е високозаразно и за кратко време се пренесува од човек на човек“, рече Караџовски.

Лилјана Ристевска-Деспотовска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, рече дека имаат можност да им наложат на градинките да не примаат невакцинирани деца и дека тоа ќе го направат.

„Ние поднесуваме прекршочни пријави против родителите кои не ги вакцинираат децата, но како одлучуваат судовите не сакаме да коментираме“, рече Ристевска-Деспотовска.

Казните за невакцинирање се движат од 350 до 600 евра.

ttps://sdk.mk/index.php/naslovna/proglasena-epidemija-na-mali-sipanitsi-vo-skopje-od-utre-zabrana-gradinkite-da-primaat-detsa-nevaktsinirani-za-morbili/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by Bosonoga on Сре Јан 02, 2019 9:33 pm

i ova ni e bakshish od guevizmot
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 703
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by Bosonoga on Сре Јан 02, 2019 9:34 pm

i pak bre psle site idiotizmi onolku narod se krsti u dpmne ,pa tolku li mnogu budali ima u ovaa vukojebina
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 703
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by Kalinda on Сре Јан 02, 2019 9:37 pm

Како може да
верувате во вакви лаги?
Што се виновни од
минатата власт ,
што децата не се
вакцинирани?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 482
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by трендафил on Пон Мар 04, 2019 8:36 pm

Сороспиите ја ширеа пропагандата за наводна опасност од вакцини не само во Македонија туку во цел свет.

_________________
Негација на негативното
Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на Македонците. Кој мисли да ја ослободува Македонија инаку се лаже и себе и другите. (Гоце Делчев)
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 5241
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by osa on Вто Мар 05, 2019 12:06 am

трендафил напиша:Сороспиите ја ширеа пропагандата за наводна опасност од вакцини не само во Македонија туку во цел свет.

barem ednash napishi neshto tochno ...vo minatite 11 godini tvoite bea na vlast i tie vodea antivakcinalni kampanji ...kolku da te potsetam prv po televiziite pochna da zboruva i da shiri lagi  vam mnogu obozuvaniot Milenko Nedelkovski  na edna TV a na drugata TV janko ilkoski "jadeshe burek" tokmu na ovaa tema da ne se vakciniraat decata ....sekako vo emisiite vikaa i "struchni" lica bliski na dpmne koi potpolno go perea mozokot na graganite ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ  Empty Re: ВО СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот