ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by osa on Саб Јан 12, 2019 12:46 am

Честитки за Македонија и премиерот Заев од Могерини, Хан, Бејли, Столтенберг, Ципрас
Веднаш по изгласувањето на четирите уставни амандмани со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа, почнаа да пристигаат честитките.

Првата, од самата Влада на РМ која им честиташе на сите граѓани и на сите пратеници за преземената одговорност со која, потенцираат, на земјата и се отвораат вратите за НАТО и ЕУ.

Од меѓународниот фактор прва пристигна заедничката честитка од Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан кои ни упатија “искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени денес”, изјавија тие преку соопштение.

Според нив “ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.

“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина.

Хан одлучи да се обрати и со лична порака до македонските граѓани и македонската влада.

Се огласи и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли кој пренесе дека САД ја поздравуваат одлуката на избраните претставници.

„Кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција овој договор конечно ќе го реши спорот за името, кој предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во ЕУ и НАТО алијансата“,кажа Бејли.

Пристигна и честитка од генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг до премиерот Заев. Тој нагласи дека Алијансата силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот од Преспа, како придонес за стабилен и напреден регион.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното“ гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

„Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија“, твитна Кукан.

Европратеникот од социјалдемократската партија, Кнут Флекенштајн, му честиташе на „народот од Северна Македонија“.

„Парламентот се одлучи за европскиот пат. Ви благодарам премиере Заев и министре Никола Димитров што покажавте вистинско лидерство. Сега е на Европскиот совет да покаже исто така лидерство и да си ги исполни ветувањата“, напиша европратеникот.

Се огласи и грчкиот влада кој информираше дека премиер Алексис Ципрас директно му честитал на Заев за успешното завршување на процесот на промена на македонскиот устав врз основа на преспанскиот договор.

Сега следува гласање на преспанскиот договор во грчкиот парламент.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14360
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by nino on Саб Јан 12, 2019 4:37 pm

абе искрени секако, нема грешка
сите не сакаат, сите само добро ни мислат

nino

Број на мислења : 259
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by Teo on Саб Јан 12, 2019 6:42 pm

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Dwu-LMYe-Xc-AAP-Ql
Teo
Teo

Број на мислења : 4277
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by OPOZICIONER on Сре Јан 30, 2019 6:48 pm

Ne samo cestitki eve Astrija go odlikuvase premierot Zaev so medal Alojz Mok.

Како знак на уважување на овој, како што рече австрискиот канцелар Себастијан Курц, историски успех на премиерот Заев и на Република Македонија, тој денеска на премиерот му врачи медал „Алојз Мок“ за посебни достигнувања за мир и единство во Европа.

https://plusinfo.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98%D0%B7-%D0%BC%D0%BE%D0%BA/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 492
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by SHARENI on Пет Фед 01, 2019 10:02 am

Uste edno priznanie za premierot.

Заев и Ципрас ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик

https://novatv.mk/zaev-i-tsipras-ke-bidat-nagradeni-na-minhenskata-bezbednosna-konferentsija/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 332
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by Kalinda on Пет Фед 15, 2019 12:28 am

Се надевам дека
реалноста наскоро
ке се знае .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 481
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by трендафил on Пон Мар 04, 2019 8:00 pm

Колку што гледам сите што честитаа беа активни учесници во Преспансата капитулација. Претпоставувам дека по потпишувањето на Тројниот пакт во 1941 година, на сите потписници им пристигале честитки од Хитлер, Мусолини и другите лидери на тогашната западноевропска меѓународна заедница.

_________________
Негација на негативното
Смрт на фашизмот - слобода на народот
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 4778
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Empty Re: ОД СИТЕ ПРИСТИГНАА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот