Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КОЕ Е МОМЧЕТО КОЕ СПОДЕЛУВАШЕ .....

2 posters

Go down

КОЕ Е МОМЧЕТО КОЕ СПОДЕЛУВАШЕ ..... Empty КОЕ Е МОМЧЕТО КОЕ СПОДЕЛУВАШЕ .....

Пишување by osa Нед Фед 24 2019, 10:25

Момчето кое споделуваше информации за „можни грабнувања“ бил повикан во МВР – раскажа што точно се случувало

Пред неколку дена голема „фама“ се крена околу еден статус на загрижен граѓанин кој апелираше на внимателност поради зачестениот број на исчезнати луѓе. Истиот тој статус на социјалните мрежи беше споделувам повеќе од 1000 пати, некои го оправдуваа, некои го обвинија дека шири паника меѓу населението. Поради тоа тој бил повикан на информативен разговор во МВР. Во продолжение прочитајте го целото негово обраќање до јавноста:

„Статусов ќе биде мое последно јавно обраќање кон јавноста за агрегираните податоци кои ги споделив со јавноста во врска со сомнителните ликови и случувања последниве денови. Ќе се воздржувам од било какви коментари во иднина бидејќи се ќе биде објаснето во постов, а не дека сум бил заплашен од МВР или слично, бидејќи сеуште стојам зад она што сум го постнал.

Воедно, статусов ќе содржи и апел од МВР, а истиот статус е наменет кон сите што беа афектирани од моите „ширења на параноја“, а посебно кон серирџиите, навредите, тие што викаа дека глумам детектив или дека ова го правам за публицитет, небаре сум некоја старлета. Па, да почнеме.
Денес доброволно прифатив покана за информативен разговор од МВР и дур трепнам се најдов во канцеларија со 3 врвни инспектори со кои правевме продуктивен муабет дури 3 саати.

Првин, заклучивме дека не постои никаков основ за било какви санкции, бидејќи, и самите тројца инспектори до некаде го поддржаа моето “ширење параноја“, бидејќи, како што и самите кажаа, ситуацијава ги плаши и нив бидејќи и тие се родители и дека екстра мерки на претпазливост никогаш не се на одмет.

Инспекторите имаа до знаење дека јас наводно имам информации кои што биле од нивен интерес и тоа била причината која ме повикале на разговор. Кога увидоа дека јас само агрегирав информации од загрижени граѓани и ги споледив за кревање свест, малце се разочараа и одлучивме детално да ги анализираме сите дојави кои ми стигнаа во инбокс.

Зашто? Бидејки после виралното споделување на моите статуси, имав можеби над 25 message requests од луѓе што имале слични параноични дешавки на различни места од градов и МВР овие информации ги вреднуваше како круцијални.

Морам да напоменам дека инспекторите/детективите беа ВРВНО професионални и ме изненадија многу позитивно од почеток до крај на муабетот со нив. Ситуацијата беше буквално сталожена и правевме муабет како брат со брат. Така да, ве уверувам дека работат за доброто на граѓаните, а не како што се спомнува и кружи дека МВР спие ????

ШТО СЕ ОДЛУЧИ? МВР замоли и апелира, СИТЕ оние што имаат било какви чудни сознанија и сомнителни дешавки од било каква природа, наместо да се шират рекла-казала муабети од човек на човек, ПРВО да отидат во најблиската станица и да кажат што е можно повеќе инфо. МВР исто кажа дека немаат потреба воопшто да се плашат од ништо, не им е јасно зашто „полициските станици“ се табу тема и, како што рече инспекторката, “ние не јадеме луѓе тука, може кој сака комотно да си дојде и дури АНОНИМНО да даде потенцијален доказ и да зашври работата за 10 минути“.

Значи официјалниот апел е: Секој оној што се сомнева во било што, што бил сведок на сомнителна активност, или мисли дека она што го знае може да помогне на полицијата, веднаш да се обрати во полициска станица. МВР рекоа, доколку е можно, да се запазуваат најмали детали како: боја и марка на автомобил, регистарски таблички, физички изглед на ликовите, па дури ако се во можност и да направат фотографии. Не површни информации кои не се од помош на истрагата. Со други зборови, место да ми пишувате мене во инбокс, или да ќутите бидејќи сте исплашени, идете и објаснете СЕ’ во најблиската станица, ве уверувам и ветувам дека ќе ве третираат како господин/госпоѓа.

Официјалнта изјава што ја дадов во МВР нема да ја пишам тука бидејќи буквално се’ објаснив во постот нагоре и изјавата е само парафразирани зборови и реченици од статусов.

За крај, сакам да се извинам на сите што беа вознемирени од моето „ширење параноја“, но јас сепак стојам на тоа дека, дури, и само ако ЕДЕН ЧОВЕК е спасен бидејќи читајки ги моите језиви статуси последниве денови бил екстра опрезен за околината, цел овој циркуз има ПОЗИТИВЕН OUTCOME.“ – стои во статусот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

КОЕ Е МОМЧЕТО КОЕ СПОДЕЛУВАШЕ ..... Empty Re: КОЕ Е МОМЧЕТО КОЕ СПОДЕЛУВАШЕ .....

Пишување by defo Вто Фед 26 2019, 19:34

Дечково, му треба психијатриска помош, или што повеќе се надевам е клов, го читав, видов и што и како работи така да..не сум сигурен дали е дијагноза, или намерно преку наша „памет“ сака да заработи.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот