Христијанство

Страна 1 of 14 1, 2, 3 ... 7 ... 14  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Христијанство

Пишување by Гостин on Нед Фед 22, 2015 8:05 pm

Христијанство — монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот Завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудаизмот, со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар Завет (видете Јудо-христијански). Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „Христијански“, а така и „Христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени Христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Називи
Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата, Христијанството се дели на три главни гранки:

Католицизам: Римокатоличката црква, најголемата од сите — во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници — како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе од една милијарда крстени членови.
Источно Христијанство: Источно Православни цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно членство од 240 милиони крстени членови.
Протестантство: Разни називи и групи како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизматици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пентекостици. Најстарата од овие групи се одвоила од Римокатоличката црква во 16-тиот век со Протестантската Реформација. Подоцнежните групи се оформиле како одвојувања од постарите. Некои протестанти едноставно се декларираат како христијани или преродени христијани. Други, особено во англиканизмот и неолутеранизмот, се декларираат како „и католици и протестанти“. Вкупно во светот ги има 500 милиони.
Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275 милиони членови. Овие се афричките домородечки цркви со 110 милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6.6 милиони членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите првобитно биле протестанти.

Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив, некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања, додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите, особено како што западниот свет ги гледа.



Верувања

Распетие христово, церемонијална икона, 13-ти век. Галерија на икони, Охрид (првобитно во Света Богородица Перивлепта, Охрид)
Постои огромна разновидност на верувања помеѓу христијаните. Без оглед на тоа, одредени учења се заеднички за сите нив.

Света Троица
Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се состои од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот (Исус) и Светиот Дух.

Спасител
Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус за месија чие раѓање било пророчено во Стариот Завет.

Исус Христос како Бог
Ова е верувањето дека Исус е и наполно Бог (боженствен) и наполно човек: две природи во една личност, опишани во Халкидонската вероисповест. Како човек, се верува дека Исус бил смртен; Страдал од болките и искушенијата на смртниот човек. Значајно е дека Тој можел да умре. Бидејќи бил боженствен, Тој можел да продолжи да живее.

Распетие и воскресение Ова е верувањето дека Исус умрел на Крстот,т, воскреснал и се воздигнал во Небесите по обраќањето на неговите ученици и апостолите.

Исус Христос и спасението
Ова е верувањето дека спасение од „грев и смрт“ се достигнува преку ликот и делото на Исус. Протестантите, католиците и православните нудат објаснение за тоа како изгледа спасението.

Најголемиот број на христијани го толкуваат спасението како можност за влез во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта, иако некои теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“ веќе долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на Исус како Господ и Спасител е релативно прост проблем.

Второ доаѓање
Ова е верувањето во „општо восресение“, во кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите на крајот на светот за да им биде судено од Исус кога ќе се врати.

Задгробен живот
Христијанските гледишта за задгробниот живот обично подразбираат рај и (донекаде не толку често) пекол, со тоа што Католицизмот додава и меѓуваријанта - чистилиште. Освен за чистилиштето (чии жители ќе влезат во рајот по нивното прочистување), овие „царства“ обично се сметаат за вечни. Меѓутоа кај православците постои дебата на оваа тема.

Генерално нејасно е дали задгробниот живот почнува непосредно по смртта или по судниот ден; и дали овој задгробен живот подразбира физичко воскресение (и претворање во духовен облик). Најголемиот број на христијани сметаат дека свеста и душата продолжуваат да живеат по смртта, иако Јеховините Сведоци, меѓу другите, велат дека добросторителите се прераѓаат одново, додека злосторнизите воскреснуваат на судниот ден.

Разлики во верувањата
Никенска вероисповед
Едно изјаснување за верувањата на христијаните е Никенската вероисповед, утврдена како универзална вероисповед на Источното и Западното Христијанство од Ефешкиот Совет во 431 год. Римокатолиците и православните христијани не се согласни за филилоквијата, која Западните цркви ја вклучуваат подоцна. Некои протестанти го отфрлаат концептот на формална вероисповед. Најголемиот дел на христијани се согласуваат барем за Никенската Вероисповед.

Главни (но не и сите) христијански верувања утврдени во Никенската Вероисповед:

Троица
Исус е и вистински Бог и вистински човек.
Спасение може да се добие преку ликот и делото на Исус Христос.
Партеногенезата, распетието, воскресението, успетието и Второто доаѓање на Исус.
Воскресението на мртвите, во кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите на крајот на светот за да им биде судено од Исус.
Некои групи отстапуваат од начелата кои се сметаат од сите други за најосновни во христијанството. Заради тие отстапувања овие групи се сметаат за еретички, нетројни или дури и нехристијански од страна на другите групи. Најголемиот број на несогласувања се базираат на Троица, божественоста на Исус или на двете заедно. Во Никенската Вероисповед се посочуваат примери на други облици на христијанство во тоа време кои овие ги сметале за еретички. Вакви примери се Ебионостичките групи кои ја отфрлале божественоста на Исус, како и Докетистичките групи кои ја отфрлале човечноста на Исус или Аријанците, кои отфрлале дека Таткото и Синот се „едно исто битие“ (ομούσιος). Други рани ереси се Симонијанизам, Маркионизам, Гностицизам и Монтанизам.

Записи
Повластение и разните делови на Библијата[уреди]
Сите христијански цркви ја прифаќаат Библијата, вклучувајќи го и Стариот Завет и Новиот Завет. Постојат разлики кај каноните на Православната, Католичката и Протестантската црква — главно во нивниот пристап кон Девтероканонските книги кои се коистат во Православната и Католичката црква но се отфрлени во Протестантството. Ова прашање ги погодува доктрините само индиректно. Теолошки позначајно е отфрлањето на Посланието во Новиот Завет кајСвенденборгијанистичката црква, став кој останува неприфатен кај сите гранки и ограноци.

Додека Евреите сметаат дека Петтокнижието е најважниот дел на Библијата, најголемиот дел од христијаните го сметаат Евангелието за најважно бидејќи истото зборува за животот и учењето на Христос.

Толкување
Иако христијаните се согласуваат за содржината на Библијата, постојат несогласности за нејзиното толкување. Зборовите „Библиски буквализам“ или „Христијански фундаментализам“ го опишуваат добро познатите херменевтички ставови на конзервативното Христијанство.

Католиците, Православните и Англиканците сметаат дека Библијата била направена во една (но формативна) фаза на развој на црковната традиција. Оваа традиција била воспоставена со одлуките на екуменските совети, делата на Црковни отци, житијата и учењата на светците, литургиските обичаи, духовната уметност и папските укази (за Римокатолиците) и се смета за жива и ден денес. Впрочем, еден православен теолог ја окарактеризирал црковната традиција како „гласот на Светиот Дух во Црквата“.

Протестантите, пак, отфрлаат некои делови од „Црковната традиција“ додека радо прифаќаат некои други. Најголемиот дел од протестантите го прифаќаат прогласот на Мартин Лутер за единствено писмо, во кое Библијата е најголем или единствен извор на вера и учења.

Други дела како додаток на Писмото
Некои други христијански групи практикуваат возвишение и на други свети дела. Добро познати преимери се Мормонската книга, која се смета за „другиот завет на Исус Христос“ од страна на мормоните; неколку дела на Елена Г. Вајт, се сметаат за свети и вдахновени од страна на адвентистите на седмиот ден; и Наука и здравје со клуч за светите дела од основоположникот на Христијанската наука Мери Бејкер Еди. Други, како Јеховините Сведоци, имаат свој превод на Библијата. Ова пропагирање на други дела е извор на конфликт помеѓу ваквите групи и матичните цркви. Може да се предпостави дека Лутеранците и Калвинистите ги сметаат интерпретациите на нивните основоположници како релевантни свети писма, но теолозите се согласуваат дека тие се само религиозни дела, а не вдахновени свети писма.

Богослужба и обичаи
Православните и Католичките христијани го слават бога по пат на седум свети тајни. Тие се: Крштевање, Свето Миропомазание (Евхаристија),Господова Вечера (Причест), Свештенство, Исповед, Брак и Елеоосветување.

Многу протестанттски групи-следбеници на Мартин Лутер, ја признаваат тајната природа на крштевањето и светото миропомазание, но обично не и другите пет. Анабаптистите и Бретренците би додале и миење на нозете. Пентекостите, харизматиците и Црквите на Светоста им придаваат значење на „Вдахновенијата на Духот“ како духовно лечење, пророштво, егсорсизам и Глосолалија. Овие не служат како тајни, туку како начин на служба. Квакерите комплетно го отфрлаат концептот на тајни. Сепак, нивните „сведоштва“ за афирмација на мирот, интегритетот, еднаквоста and и едноставноста се интегрални делови од верувањата на Квакерите.

Практично сите христијански традиции ги почитиваат делата на лична побожност како молитва, читањето на Библијата, и моралниот живот. овој стил на живеење вклучува не само покорност на Десетте Божји Заповеди, протолкувани од Христа (како во Проповед на планината), туку и љубов кон ближните по став и дела — било пријател или непријател, христијанин или не. Оваа љубов, според Христа е втора по важност само по љубовта кон Бога; која вклучува заповеди како „храни ги гладните“ и „засолнувај ги бездомните“, формално и неформално. Христијанството учи дека тотална тотална преродба на човека е неможна, но одење по вистинскиот пат е можно со вдахновение на Светиот Дух, кој живее во вистинските верници. Во христијанството се верува дека со споделување на Христовиот живот, смрт и воскресение, умираат со Него во грев, а ќе воскреснат со Него во нов живот.

Неделни богослужби
Компоненти на богослужбата:

Читање на делови од Стариот Завет, Евангелијата, или Послание. Често овие се распоредуваат систематички во годишен циклус.
Проповед. во античко време ова следело по читањето на Светото Писмо; денес ова може да дојде подоцна во службата, иако во литургиски цркви се следи античкиот начин.
Собирна молитва и искажување на благодарност. Овие се случуваат често през службата. Често се кажува и молитвата Оче наш.
Евхаристија— обред во кој мали дози на леб и вино се осветуваат и потоа се јадат и пијат. Некои христијани веруваат дека ова симболично игра улога на телото и крвта на Исус, додека Православните, Католиците и Англиканците веруваат дека тие стануваат телото и крвта на Исус. Црквите од „литургиското“ семејство (Православни, Католички и некои Англикански цркви) го сметаат ова за главен дел на службата, додека некои Протестанти го практикуваат нередовно. Во многу случаи постојат ограничувања за тоа кој може да учествува. На пример, само Католици без неисповедан смртен грев може да учествува во причесна во католичка црква, иако ректо на кого му се одбива евхаристијата.
„Прилози“ од народот (парични) со чинија која се предава од рака на рака. Овие пари не само што се користат за црквата, туку исто така и за разни добротворни цели.
Постојат неколку варијации и исклучоци. Понекогаш овие се должат на посебни настани, како крштевки и венчавки кои вои тој случај се дел од службата. Денес во многу цркви децата и младите можат да не одат на служба за да присуствуваат на Неделно училиште. Многу други деноминации се разликуваат на пофундаментален начин. На пример, Адвентистите на седмиот ден се собираат во Сабота (библискиот Сабат),а не во Недела, денот на Христовото воскресение. Харизматиците и Пентекостите се собираат на ден кој е менлив во завистност од волјата на Светиот Дух, а не по зафажан план. Квакерите на своите собири молчат сè додека Светиот Дух не ги поттикне да зборуваат. Кај некои отсеци (главно литургиски), службата ја води свештеник. Кај други (главно Протестанти), тоа го работат министри, проповедници или пастори. Некои други пак, воопшто немаат формални водачи. Исто така постојат „виши“ црковни служби, што се одликуваат со поголема доза насвеченост и ритуал, и „нижи“ служби каде преовладува посекојдневна атмосфера, дури и при литургиски служби.

Кај Православните цркви луѓето стојат за време на литургијата (со исклучок на немошните). Во Римокатоличката и многу Протестатски цркви луѓето стојат кога пејат, клечат кога се молат и седат за да слушаат (проповеди). Други служби можат да бидат по неформални и често се проследени од музика. Во Православните цркви нема инструменти и се пее исклучиво а капела.

Кај многу несродни цркви, како и кај некои Протестантски отсеци, обично се употребува религиозна музика како дел од службата која и предходи на проповедта или пораките. Ова обично се состои од пеење на црковни песни, религиозна музика или псалми.

Празници
Католиците, Источните Христијани и половина од Протестантите следат литургиски календар со разни религиозни празници. Овие календари се состојат од слави и пости. Постите им предходат на славите. Најдобро познатиот период е Велики пости.

Дури и христијаните кои не го следат литургискиот календар го прославуваат Божиќ и Велигден, со некои разлики во датите. Неколку цркви не се согласуваат со постоењето на посебни празници, а многу приговараат на фактот што потеклото на Божиќ и Велигден е паганско.

Симболи
Најпознатиот христијански симбол е крстот, кој може да се најде во многу варијации кои црквите ги создале за да се разликуваат една од друга: распетието кај Католиците, православниот крст кај Православните и едноставниот крст кај Протестантите. Меѓутоа ова не се стриктни правила. Други христијански симболи се ихтисот („риба“), и во античко време, котвата.

Историја и потекло
Христијанството започнало во рамките на хебрејската религија меѓу следбенците на Исус од Назарет. Под водство на Апостолите Петар и Павле, во рамките на групата почнале да се примаат и неевреи, која полека се одделила од рабинскиот јудаизам. Некои еврејски христијани не го прифаќале ова и развиле свои отсеци. До 3-тиот век прифаќањето на неевреи се формализирало во правилник.

Христијанството се раширило преку Медитеранот, со прогонства од римските императори. Бидејќи христијанството се проширило вон Палестина, дошло во контакт со старогрчката философија, од каде истото подоцна многу црпело. Ранохристијанските теолози како Ориген работеле на создавањето на синтеза помеѓу старогрчката философија, особено Платонизмот, и Христијанството и успеале да создадат карактеристична христијанска теологија. Христијанските учители сакале да го различат христијанството од другите вери во тоа време како Гностицизмот (некои аспекти од кој биле доста повлијаени од христијанството) и Митраизмот. Христијанството исто така веројатно абсорбирало разни елементи од современата паганска религија, особено мистеричните култови, иако научниците имаат разни мислења за нивото на повлијаеност.

Императорот Константин Велики (4-ти век) го озаконил христијанството а Теодосиј I го прогласил за официјална религија на Римската империја при крајот на истиот век. Одтогаш па натаму, тешко е да се следи развојот на христијанството заради преземањето на некои административни улоги од рацете на рисмакта власт во рацете на црковните водачи. Во ова време се развиваат и првите облици на монаштвото.

Христијанската црква на Римската империја била поделена на Западна (латински јазик) со седиште во Рим, и Источна (грчки јазик) со седиште во Константинопол, со значајни заедници во Египет и Сирија. Вон границите на империјата христијанството се проширило во Ерменија и Етиопија, Персија и Индија и меѓу келтските племиња. За време на Големата преселба на народите, разните германски народи го прифатиле христијанството; најпрвин Аријанската вероисповест (меѓу готите и вандалите), но подоцна Католичкото христијанство надвладеало, почнувајќи со франките. Источноевропските словени генерално ја прифатиле византиската форма на христијанството (како на пр. Русија во 988 год). Културните и дисциплински разлики ги раздвоиле Источната и Западната црква и резултирале во Големата Шизма (1054 год.)

од 7-миот век, Христијанството било предизвикано од Исламот кој го освоил Блискиот Исток и северна Африка. Следеле многу воени конфликти, вклучувајќи ги и Крстоносните војни, шпанската Реконквиста и потоа победата над Византиската империја и југоисточна Европа од страна на турците.

Западното христијанство во средниот век се карактеризира со соработка и конфликти меѓу локалните власти и Папата и развојот на сколастичката теологија и философија. Подоцна, големото незадоволство од корупцијата во Црквата резултирало во обиди за реформација на Црквата и општеството. Римокатоличката црква успеала да се обнови со Трентскиот Совет (1545-1563, но по издавањето на 95 тези во 1517 год. од страна на Мартин Лутер. Ова е еден од клучните настани во историјата на Протестантската Реформација која резултирала со појавувањето на бројни отсеци. За време на следните векови, соперништвото помеѓу Католицизмот и Протестанството со борбата на европските држави за политичка доминација ескалирало, додека многу од Православните цркви се нашле под власта на нехристијански владетели. Делумно како резултат на мисионерски жар, но и под стимулот на колонијалната експанзија на европските сили, христијанството во разни облици се проширило во С. и Ј. Америка, Океанија, источна Азија и подсахарска Африка. Со започнувањето на евопското Просветителство, христијанството се соочило со научни пронајдоци (како хелиоцентричниот систем и теоријата за еволуцијата), како и со појавувањето на библискиот критицизам и современите политички идеологии како либерализмот, национализмот и социјализмот.

Во 19-тиот и 20-тиот век, важни настани за црквата се развојот на екуменизмот, харизматичното движење и Фундаменталистичкото Христијанство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by tmoro on Пет Фед 27, 2015 8:47 pm

Дали почнавте да постите за Велигден 8 недели,јас да веке од првиот ден,а колку ке издржам.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by osa on Пет Фед 27, 2015 8:54 pm

tmoro напиша:Дали почнавте да постите за Велигден 8 недели,јас да веке од првиот ден,а колку ке издржам.
jas nemozam od zdravstveni prichini da postam ,no mislam deka e mnogu ubavo da izdrzish vo postot ......
dokolku mozesh da podobjasnish kako odi postot ,za da se zapoznaat i drugite vernici bi bilo ubavo .....
mislam od koga do koga ,koga e bez zejtin ,koga e so zejtin i toa ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by tmoro on Пет Фед 27, 2015 8:59 pm

на крајот од постот, последниот четрврток ,петок и сабота е без масло,а некои нејадат ништо само вода пијат.
Јас се обеќав првата недела и последната ,оваа ке ја истерам а ке покушам и во петоци.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by tmoro on Пет Фед 27, 2015 9:10 pm

вчера имавме црвена леќа со праз ,кромид ,морков ,пиперка,ленино семе

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by osa on Пет Фед 27, 2015 9:11 pm

tmoro напиша:на крајот од постот, последниот четрврток ,петок и сабота е без масло,а некои нејадат ништо само вода пијат.
Јас се обеќав првата недела и последната ,оваа ке ја истерам а ке покушам и во петоци.
е па штом си се ветил ке се помачиш и мора да успееш..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by osa on Пет Фед 27, 2015 9:17 pm

tmoro напиша:вчера имавме црвена леќа со праз ,кромид ,морков ,пиперка,ленино семе
па тоа е вкусно според состојките ....
мислам дека од понеделник до петок се пости без зејтин ,а во сабота и недела со зејтин се пости ....само последниот пето сабота не се пости со зејтин ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Нед Мар 01, 2015 4:11 pm

И што стана со вас двајцата? Постите ли или не издржа срце јуначко?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Нед Мар 01, 2015 5:25 pm

Аз понеже не съм православна Very Happy , а протестантски вярваща (или да го кажа по-точно - библейски вярваща), не постя Very Happy

Постът според Библията е доста различно нещо, от поста, който са измислили....гърците Very Happy Така де, ортодоксалните Wink

Който иска да си пости - нека, но който не пости...хич да не си го има за грях. Very Happy  Не е!

Библейският пост не е свързан с неядене на месо/мл.продукти и т.н./ а е пълно въздържане от храна и освен всичко най-често е свързан с някаква голяма мъка.

В Библията, за евреите постът е нещо като траур (жалейка) и вероятно нормално - когато човек е сполетян от голяма загуба.

Например, когато съобщават на Давид, че Саул и Йонатан са мъртви, разкъсва дрехите си и "жали и плаче и пости"....

Давид пости за детето си...

На практика, "жалея" ("тъгувам") и "постя" са нещо като синоними.

"Еден ден, кај Исус дојдоа учениците на Јован Крстител и Го запрашаа: „Зошто ние и фарисеите често постиме, а Твоите ученици воопшто не постат?“ Исус им одговори: „Зар сватовите треба да тагуваат додека е со нив младоженецот? Но еден ден младоженецот ќе се оттргне од нив; тогаш тие ќе постат.“

Хе, радвам се, че има такъв раздел - "Християнство". В Македония на о-ла се притеснявах, като пиша на такива теми, да не отегчавам съфорумниците.
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Нед Мар 01, 2015 5:42 pm

Една музичка от мене, която много си харесвам:

avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Вто Мар 03, 2015 5:55 pm

Естир радо би продискутирал со тебе за христијанството. За почеток би сакал да тргнеме од улогата на жената во христијанството. И веднаш едно интересно прашање. Дали со тек на времето и под влијание на општествените односи во тоа време, учењето Исусово за улогата на жената во христијанството не претрпело промени? Гледајки ги евангелијата, според три од нив, Исус после воскресението се јавил прво на Марија Магдалена. Меѓутоа Лука вешто го избегнува тој момент, маргинализирајки ја Марија Магдалена, која прва го видела после воскресението, и ја однела веста на учениците. Кои патем не и поверувале.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Вто Мар 03, 2015 11:01 pm

Mumley, ti vernik si???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Сре Мар 04, 2015 4:42 pm

Верник сум. Ако бев атеист, сигурно немаше да разговарам за нешто за кое мислам дека не постои. Но изгледа дека нема некој интерес за оваа тема.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by tmoro on Сре Мар 04, 2015 4:49 pm

luxor напиша:И што стана со вас двајцата? Постите ли или не издржа срце јуначко?

Се омрсив понеделникот.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Сре Мар 04, 2015 6:28 pm

mumley напиша:Верник сум. Ако бев атеист, сигурно немаше да разговарам за нешто за кое мислам дека не постои. Но изгледа дека нема некој интерес за оваа тема.

Аз имам интерес. И съм съгласна: истинските атеисти не би трябвало да имат потребност да говорят за Бог, предвид, че за тях Той не съществува. Атеистите, които не спират да говорят за Бог, имат своя религия: религията на несъществуващия Бог, а те са негови пророци. Very Happy

Иначе, наистина имам интерес към темата и ако някой постави въпроси разни за дискусия, съм готова да се включа.
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Сре Мар 04, 2015 7:20 pm

Па еве, не би навлегувал во некои сегменти на разлики меѓу црквите, но прашањето кое го потегнав за улогата на жената ми боде очи. Ако знаеме дека Исус, јасно назначил дека сите луѓе пред бога се исти, морам да признаам дека тоа не соодветствува во практиката на некои цркви, кои не би ги именувал, каде жената е донесена во втор план. Неверојатно е дека можеме да бидеме исти пред бога, но не можеме да бидеме исти пред луѓето. Ме интересира ставот на протестантската црква по тоа прашање, и се разбира објаснувањето за истиот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Сре Мар 04, 2015 8:15 pm

mumley напиша:Па еве, не би навлегувал во некои сегменти на разлики меѓу црквите, но прашањето кое го потегнав за улогата на жената ми боде очи. Ако знаеме дека Исус, јасно назначил дека сите луѓе пред бога се исти, морам да признаам дека тоа не соодветствува во практиката на некои цркви, кои не би ги именувал, каде жената е донесена во втор план. Неверојатно е дека можеме да бидеме исти пред бога, но не можеме да бидеме исти пред луѓето. Ме интересира ставот на протестантската црква по тоа прашање, и се разбира објаснувањето за истиот.

Понеже протестантските църкви са много и с различни доктринални разбирания, а аз не членувам в нито една, ще ти предложа своето разбиране, основано само на библейския текст.

Най-първо няма, ама никакво съмнение, че мъжът и жената са съвсем напълно еднакво ценни в очите на Бог.
Те са създадени личности - по Божи образ и подобие. Разликите са в пола им (създадени са полови), но не в подобието на Бог, сиреч: това, че са личности. ("И Бог създаде човека по Своя образ; по Божия образ го създаде; мъж и жена ги създаде.") Това, че жената е създадена от костта на мъжа, не означава, че е по-долна от него, а че са така близки интимно.
Несъмнено е и друго: жената е "по-слаб съсъд", но това не означава по-долу от мъжа, а че отговорността на мъжа е по-голяма. И несъмнено - има "йерархия", но тя е само в рамките на една двойка, а не по-принцип. С други думи: жената, казва се, е добре да се покорява на мъжа СИ (ама забележи...на своя си мъж, не на всеки господин с претенции да й е Господ...), но пък за сметка на това....мъжът й трябва да я обича, както Христос - църквата си и така да се грижи за нея и така да е жертвоготовен за нея. Т.е. тук се описва идеалната хармония на една връзка. А не става дума за мъжки сексизъм спрямо женския пол.
И ако такова подценяване на жените срещаш в някоя църква (а може би го има в доста повече от една)....истината е, че то това не е от вчера наследство. Уви, от библейски времена е. Ама не защото така е заръчано в Библията, а защото...така я четат.  Някои мъже. Както им е удобно. И създават мъжко общество. Така са я и четяли. Например: да убиват прелюбодейката с камъни. Ама във всички дадени разпореждания е казано: и двамата да се убият - и прелюбодеецът и прелюбодейката. Обаче....познай как са го прочели.
Или както ти казваш...не повярвали на Мария (мче как - жената е била лишена от право да свидетелства в съд, понеже...ненадежден свидетел са я имали още тогава...не човек, а изчадие женско Smile )
И все пак, знаейки това всичкото, Той на жена Се яви да свидетелства за Него! Белким им уврат главите (на следовниците и вярващите на Христос поне)...ма надали. Very Happy
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Чет Мар 05, 2015 11:40 am

Кога сме кај читањето на библијата, Би сакал да изнесам едно мое размислување. Кога Исус, се изјаснува против полигамијата, он се повикува на создавањето на човекот, и вели дека бог во почетокот ги створил еден маж, и една жена, што за него е јасен доказ дека многуженството не е одобрено во очите на бога. Ова го наведов како пример за следното мое размислување. Тоа се однесува на храната. Иако Исус, вели дека јадењето не го гнаси човекот, туку она што излегува од устата, сепак дали би можеле, земајки го како репер создавањето на светот, да тврдиме дека и месото исто така не е одобрено во божјите очи. Затоа што, кога бог ги создал Адам и Ева, бог им дозволил да се хранат, само со семиња и плодови. Исто и во описите на рајот, се спомнува дека дури и месојадните животни нема да се хранат со месо. Не се сеќавам кој беше пророкот, но вели дека јагнето и лавот заедно ќе пасат трева. Ова, гледајки го од аспект на заповедта која гласи не убивај, за мене значи дека таа заповед не се однесува само за неубивање на луѓето, туку и на животните. Ова е мое размислување, и не значи дека е точно. Затоа би сакал да го слушнам твоето мислење по ова прашање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Чет Мар 05, 2015 2:55 pm

Ами и по отношение на полигамията и по отношение на месото, имаш право. Точно така е и според моето виждане. Визията на Бог за семейството /мъж и жена - само една жена!/ я има още в Битие. Това, че наблюдаваме полигамия в самата Библия, не означава, че Бог я одобрява. Точно обратното /много текстове има по въпроса/.
Подобно за консумацията на месо. Но има един момент, че има едно следпотопно разрешение (допускане) за консумация на месо:

"Всичко живо, що се движи ще ви бъде за храна; давам ви всичко също, както дадох зелената трева. Месо обаче с живота (душата) му, то ест, с кръвта му, да не ядете."

Тоест, едва след грехопадението се допуска консумация на месо/не и на свинско, то никога и никъде не е позволено Very Happy /. То така, или иначе, доста неща се израждат след грехопадението....допускам също така, че вече става дума и за изхранване на населението - оттам и допускането. Има и още нещо след грехопадението - приносът на Авел и на Каин, респ. отношението на Бог към техните приноси. Тук за пръв път има препратка към жертвената система, която пък препраща към истинската жертва и която жертвена система става излишна, след като истинската Жертва принася Себе Си.

Та...консумацията на месо не е грях със сигурност (това е изключително важно да се отбележи), но както беше казвал един мой скъп приятел....е злина. Бог допуска консумацията на месо, но не съм сигурна, че я одобрява.
Най-малкото, аз, бидейки месоядна (каквато съм), ако трябваше сама да си осигурявам месо на трапезата (с двете си ръце)....със сигурност щях да съм вегетарианка. Давам си сметка, че звучи лицемерно...ма е така, по отношение на мен.

Една малка асоциация....когато Робинзон се опитвал да обясни на Петкан кое е добро и зло, според християнските разбирания, Петкан заключил: "Когато Петкан яде някого....това е добро. Когато някой яде Петкан....това е зло". Very Happy
Не, че да асоциирам консумацията на месо с канибализма, но....идеята е, колко трудно се възприема моментът с разбирането, че когато се консумира месо, е било убито живо същество, за да се засити консумиращият.
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Чет Мар 05, 2015 4:41 pm

Потполно се согласувам со тебе. Тоа што месото било дозволено во исхраната не значи дека бог на тоа гледа со одобрување.Затоа мислам дека секој напор во правец на намалување на консумацијата на месо, е добредојден. Исто така е точно дека кога луѓето би морале сами да убиваат за храна, најголемиот дел би биле вегетаријанци. Се согласувам дека консумацијата на месо не е грев, но што мислиш, за самиот чин на убивање на животните за храна, дали тоа е грев или не? Побарано е принесување жртва во вид на убивање на животното и спалување на месото, но тоа е ограничено со доаѓањето на Исус. И сепак останува прашањето дали ние, со денешната наука и технологија, би успеале да произведеме доволно храна ако не ги убиваме животните. Мое мислење е дека може, и дека храната потрошена за одгледување на животните за храна, би нахранила многу повеќе луѓе, отколку храната што ќе ја добиеме од тоа животно. Инаку, ниту јас не сум вегетаријанец. Се трудам да ја намалам количината на храна од животинско потекло која ја консумирам, но далеку сум од тоа да престанам да ја употребувам.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Чет Мар 05, 2015 5:06 pm

mumley напиша: Се согласувам дека консумацијата на месо не е грев, но што мислиш, за самиот чин на убивање на животните за храна, дали тоа е грев или не? Побарано е принесување жртва во вид на убивање на животното и спалување на месото, но тоа е ограничено со доаѓањето на Исус. И сепак останува прашањето дали ние, со денешната наука и технологија, би успеале да произведеме доволно храна ако не ги убиваме животните. Мое мислење е дека може, и дека храната потрошена за одгледување на животните за храна, би нахранила многу повеќе луѓе, отколку храната што ќе ја добиеме од тоа животно. Инаку, ниту јас не сум вегетаријанец. Се трудам да ја намалам количината на храна од животинско потекло која ја консумирам, но далеку сум од тоа да престанам да ја употребувам.


Задаваш ми нелеки, но смислени въпроси. Ами, според мене, както вече споменах, не е грях убиването на животните за храна. След като е разрешено да се консумира месо (с изключение на нечистите храни, но то е по хигиенно - здравословни причини). Когато мисля върху 10-те заповеди (в конкретика - "Не убивай") ги мисля в контекста отношение към ближния. Т.е. човек към човек. Ако беше грях да се убиват животни за храна, то нямаше да има изрично позволение да се консумира месо.  Винаги, когато мисля върху тази материя (за греха), си мисля, че всичко онова, което е грях, изрично е посочено като такъв и с много голяма категоричност. Така, щото да няма никакво съмнение по въпроса. Защото, знаеш: когато се говори за греха е все едно да се говори за живот/смърт ("Заплатата на греха е смърт".)
За това - не, категорично не е грях. Но не и добрина. Да кажем...допустима злина. Знаеш ли, мисля си, че има немалко практики у нас, хората, които навярно изглеждат доста отблъскващи в очите на Бог, но....при все това, са допуснати. Така де, ако и са сме изродени след грехопадението, не Се е отказал от нас.

По другия въпрос....не знам. Например, има много хора, скачащи срещу ГМО, но сити хора. Които не вярват на гладния. А по света има наистина много гладни хора. Буквално...и това също е начин да се изхранва човечеството.
Що се отнася до нас: ситите, казусът е натоварен с повече морална укоримост. Защото при нас, консумацията на месо, не е въпрос на оцеляване и изхранване, а на удоволствие от похапването на..месни деликатеси. Например.

За жертвената система: да, напълно верно - след жертвата на Христос, тя става напълно излишна и се прекратява.
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Чет Мар 05, 2015 6:04 pm

Гледам се помрднала темата. Не знам дали јас можам да се наречам верник. Верувам во бог, во Исус како син божји, но како православен морам да признаам дека ретко, или воопшто не одам во црква. За други некои правила и прописи и да не спомнувам. Може ли да ми објасните, што всушност го дефинира верникот? Што е тоа што треба да го правиме, и она во што треба да веруваме што би не одредило како верници?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Гостин on Чет Мар 05, 2015 6:11 pm

Јас би се воздржал од коментар. Ми се чини дека Естир многу подобро од мене ја познава материјата, и би и препуштил нејзе да одговори на вака деликатно прашање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Чет Мар 05, 2015 6:55 pm

luxor напиша:Гледам се помрднала темата. Не знам дали јас можам да се наречам верник. Верувам во бог, во Исус како син божји, но како православен морам да признаам дека ретко, или воопшто не одам во црква. За други некои правила и прописи и да не спомнувам. Може ли да ми објасните, што всушност го дефинира верникот? Што е тоа што треба да го правиме, и она во што треба да веруваме што би не одредило како верници?

Smile
Ами....според мене, това, което дефинира християнина...е да вярва на Христос. По въпроса какво трябва да правим....ами...искрено да вярваме на Христос. Той гледа сърцата, не лицата. Други са по лицата, не Бог.
Така че....дали ходиш на църква, дали често, дали рядко...не е от значение. Нито от коя деноминация си.
Църквата на Христос, са всички, които искрено Му вярват.

Знаеш ли, има една "дефиниция" на любовта към Бог в Писанията:"ето що е любов към Бога: да пазим неговите заповеди".
Има една дефиниция и на любов към ближния. - "Понеже заповедите: "Не прелюбодействувай"; "Не убивай"; "Не кради"; "Не пожелавай"; и коя да било друга заповед се заключават в тия думи: "Да обичаш ближния си както себе си".

Има и едно "златно правило" в Писанията - " И както желаете да правят човеците на вас, така и вие правете на тях."

Според мене, това е съвсем достатъчно. И не е много лесно.
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Естир on Чет Мар 05, 2015 8:17 pm

mumley напиша:Јас би се воздржал од коментар. Ми се чини дека Естир многу подобро од мене ја познава материјата, и би и препуштил нејзе да одговори на вака деликатно прашање.

Всъщност, въпросът е наистина деликатен. Аз дадох само онова, което ми се струва да е казано като най-основно в Писанието по въпроса.

Въздържам се да давам свой коментар.

Лично аз, познавам Писанията, но пък съм пример за лоша християнка (доколкото ми се полага изобщо да се наричам така..а, т.е. единственото, което ми дава някакво право, е че вярвам в Христос).
avatar
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Христијанство

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 14 1, 2, 3 ... 7 ... 14  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот