ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Go down

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА .... Empty ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Пишување by osa on Чет Апр 04, 2019 10:05 pm

Договорот од Преспа – најжешка тема на првата ТВ дебата на претседателските кандидати
Првата телевизиска дебата на претседателски кандидати, очекувано, беше обележана со остра расправа најмногу за Преспанскиот Договор. За професорката Силјановска Давкова која е поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Договорот е веќе дел од Уставот и најави дека ќе го почитува, односно ќе го употребува новото име на државата кога ќе мора, но дека лично ќе го одбегнува името Северна Македонија. И најави дека е возможно Договорот да се промени. За кандидатот на СДСМ, професорот Стево Пендаровски е нејасно на кој начин Силјановска, доколку би дошла на функцијата, ќе се обиде да го промени Договорот, кога треба да се известат сите пет членки на СБ на ОН и да им се каже дека спорот повторно се отвора. По неколку минутно натегање и лекции по демократија, Силјановска рече дека процесот може да се отвори преку меѓународниот суд за правдата во Хаг.

Пендаровски е согласен дека сето тоа во теоретски е возможно, но прашува што ќе се случи во политичка смисла?

Во НАТО имаат други принципи и не ги интересираат правните аспекти на Договорот, вели Пендаровски, кој додаде дека меѓународната политика е сурова, но едноставно е таква. Зоруваме за два различни света – светот на правото и светот на политиката, рече Пендаровски.

Професорот Блерим Река, кандидат зад кој стојат Алијанса за Албанците и движењето Беса, се обидуваше да ја смири ситуацијата. Рече дека никој всушност со декрет не може да го смени националниот идентитет.

СЈО беше следната горлива тема. Брисел апелира да биде решен статусот на СЈО, но тоа е нешто што опозицијата апсолутно го одбива, вели Пендаровски.

Силјановска тврди дека Брисел е свесен дека судството во нашата земја е далеку од независно, и смета дека со решавањето на статусот на СЈО нема да се реши ништо.

Блерим Река смета дека СЈО е предмет на партиски пазарења.

Оваа тема доведе и до бегството на Груевски. Пендаровски ја повика Силјановска да даде јавна изјава дека Груевски треба да се соочи со казната, а не да се залага за некаква правна држава. На што Силјановска рече дека туѓите гревови не се нејзини.

На крајот, сите беа согласни дека во државата има длабоки поделби кои, кога би стапиле на функцијата, ќе се заложат да ги намалат.

https://telma.com.mk/dogovorot-od-prespa-najzheshka-tema-na-prvata-tv-debata-na-pretsedatelskite-kandidati/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА .... Empty Re: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Пишување by EVITA on Пет Апр 05, 2019 1:57 am

nemoze da se pomirat deka drug go reshisporot so imeto ,ke si puknat

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 239
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА .... Empty Re: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Пишување by osa on Пет Апр 05, 2019 11:28 pm

Фрчковски: Преспанскиот договор може да се користи како модел за решавање на спорови
Фрчковски: Преспанскиот договор може да се користи како модел за решавање на спорови
23:08 05.04.2019
Проф.д-р Љубомир Фрчковски беше гостин во последниот блок на Отвореното Студио 1 и заедно со уредничката Јадранка Костова разговараа за идеолошката анализа на изборните слогани на претседателските кандидати, за тоа како може да се промени Договорот од Преспа, како и причината за залагање за широка владина коалиција до приемот во ЕУ.

Професорот по меѓународно право беше претседателски кандидат во 2009 година и според него идејата за надпартиски кандидат е сомнителна демократска идеја.

На што ви личат огласите за кандидирање?

„Тие се интересни ако ги анализирате. Блерим Река има интересна парола која е граѓанска парола. Го избегнува терминот „Македонија“ и со тоа дава шанси сите да се еднакви, парола што би одговарала на Силјановска од 1992 година кога беше либералка. Втората парола на Силајновска Давкова е отворено националистичка, во прицнип една милитаристичка парола, каде индивидуата треба да е жртва на повисоките вредности на државата. Не знам во случајов во која одбрана повикува. Пендаровски е блед во првото соочување. Слоганот е неутрален во основа, не е „комуњарски“. Има граѓански аспект. Не е впечатлив, но е најнеутрален и најпригоден“, рече Фрчковски.

Во однос на соочувањето на кандидатите за претседател, Фрчковски смета дека е потребно тие да ги искажат своите ставови јасно, а потоа да полемизираат со противникот.



„Не можев да го гледам целото соочување, бидејќи се изнервирав од манипулациите на кандидатите. Беше интересно како ќе се снајдат. Река силно ја изложи својата концепција. Во таа збрка која настана добро се постави. Силјановска беше голем манипулатор, притоа неискреноста и свесното лажење за тоа што ќе направи на неколку поенти, помина како како жртва на Македонецот кој се бори против неправдата, со ветување дека ќе го поништи Договорот и дека ќе го врати името. Изгледа скандалозно, лажно и невозможно. Во таа смисла да ветиш нешто, а да знаеш дека не можеш ништо е манипулација. Пендаровски беше ипресиониран од својата постара колешка и имаше една тактика да поставува прашања кои неа треба да ја стават во незгодна ситуација. Кандидатот треба да ги каже своите ставови јасно и цврсто, а потоа да полемизира со слабостите на противникот. Посебно тоа што ме нервира е одбивниот став кон Преспанскиот договор. Мислам дека од Пендаровски не е прифатливо да го третира Договорот во насока дека не можеше подобро. Тоа е губитнички став. Тој е одличен договор кој може да го продавате како формула на решавање на спорови.

Ако ги прашате вмровците каков подобар договор би направиле, тие немаат одговор, туку дека не би правеле договор. Тоа не е договор. Ги слушавме на телефон како се договараат, тоа беше пазар. Договорот ваков каков што е ни ги решава проблемите кај афирмација на јазикот и националноста, која претходно не се договарала. Тој е маестрано направен. Кај името е посебен скандал. Ние сме биле и народна и федеративна, тоа не го менува карактерот на нацијата. Потребно е тој да се афирмира“.

Неделава во фокус беше средбата Заев – Ципрас во Скопје. Фрчковски истакна дека со право се нарекува историска средба и дека оваа информација беше пренесена од сите релевантни светски медиуми. Според него темата за поништување на Договорот од Преспа е апсурдна, а претседателот на државата не може ништо да направи во оваа насока.

„Темата е апсурдна, фрлан на маса поради ноќните соништа на вмровците и нивната реторика, со која се обидуваат со се за да нема реперкусии по изборите. Тема би била овој Договор да го продадеме како модел на решавање со дипломатски средства, како тој договор би бил основа за Нобелова награда. Претседателот на државата не може ништо да направи за негово поништување“.

Целиот разговор погледнете го во видеото.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА .... Empty Re: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Пишување by Bosonoga on Саб Апр 06, 2019 12:00 am

kade ide Stevo ,tamu se palat ognovi ,i za vakvi da glasash ,pa utre i tebe sose najmiloto ke te zapalat bez oko da im trepne
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 703
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА .... Empty Re: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НАЈЖЕШКА ТЕМА ....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот