НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ

Go down

НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ Empty НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ

Пишување by osa on Пет Апр 05, 2019 12:41 am

ВО ГРАДИНКА И ВО УЧИЛИШТЕ НЕМА ДА СЕ ПРИМА НИТУ ЕДНО НЕВАКЦИНИРАНО ДЕТЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРУПА РОДИТЕЛИ ВАКЦИНАЦИЈАТА ДА НЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА


Ниту едно дете нема да биде примено во градинка или училиште ако не е вакцинирано, кажа министерот за здравство Венко Филипче, откако група родители кои поднеле иницијатива до Собранието вакцинацијата да не биде задолжителна, денес реагираа дека по нивната иницијатива Парламентот не расправал, бидејќи немало кворум.

„Неколку пати кажавме дека има важечка законска регулатива со која вакцинацијата е задолжителна. Точно е дека во Законот за основно образование има некои контрадикторности. Но, дозволете сега да коментирам дека нема да дозволиме ниту едно дете да биде примено во училиште или во градинка невакцинирано. Волјата на родителот не може да биде посилна од правото на децата да бидат здрави. А притоа, не може една индивидуална постапка да го загрозува колективното здравје“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со тоа се крати правото на децата на основно образование, тој кажа: „Не се крати никакво право, имајќи го предвид здравјето на децата“.

Иницијативата до Собранието за промена на Законот за заштита на населението од заразни болести го поднесоа 129 родители, кои денес реагираа бидејќи собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одложи расправата по оваа единствена точка, бидејќи немаше кворум. Тие рекоа дека не се антиваксери, но бараат да се почитува волјата на родителот.

Епидемијата на морбили која пред крајот на минатата година беше прогласена во Скопје, а потоа и во други градови низ земјата, според здравствените власти е резултат на намалениот опфат на вакцинирани деца со МРП вакцината токму поради антивакциналните кампањи. Од компликации од морбили досега починаа три деца.

Министерот рече дека околу две третини од децата кои по стартот на епидемијата во Скопје беа невакцинирани, сега се вакцинирани со МРП, и дека трендот на вакцинација продолжува.

„Близу две третини од невакцинираните деца се веќе вакцинирани, околу 11.000 од 15.000 во Скопје и околу 6.000 ширум земјата. Сѐ уште има тренд на вакцинирање на овие невакцинирни деца. Епидемијата сѐ уште трае и секојдневно има по уште шест до седум новозаболени лица“, рече Филипче.

Е. БОЧВАРОСКА

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14805
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ Empty Re: НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ

Пишување by osa on Пет Апр 05, 2019 12:45 am

tokmu taka ministre ...nemoze voljata na stotina roditeli da go zagrozuva zdravjeto na site vo edna drzava .....mora da istraete ministre na ovoj pat nema popushtanje ...boretese za zdravjeto na decata

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14805
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот