Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Мара

3 posters

Go down

Мара Empty Мара

Пишување by Пат Нед Апр 26 2015, 18:16

Мара Th_ANIMATIONPINKPANTHER
Марихуана (англиски: Marijuana) е име за дрога, која ги вклучува лисјата, цветните делови и семето на индискиот коноп (Cannabis sativa), кој претставува едногодишно двополно грмушесто растение. Дрогата ја содржи психоактивната хемиска материја „делта-9-тетрахидроканабинол“ (delta-9-tetrahydrocannabinol, THC).[1] Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогени ефекти или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканабинол е концентрирана на горните цветни делови на индискиот коноп.

Распространетост на марихуаната

Мара Marijuana-girl

Марихуаната била позната во Централна Азија и Кина околу 3.000 п.н.е, кога главно била користена како лек. Марихуаната почнала широко да се користи во САД во 60-тите и 70-те години и била поврзана со „хипи“ движењето. Потоа се проширила во Европа, а во Македонија, нејзината зголемена употреба потекнува од почетокот на 1990-тите. Во поново време, во повеќе земји се забележува тренд на легализација на употребата на марихуаната, особено за медицински цели. Такви законски прописи се донесени во некои сојузни држави во САД, како и во некои држави во Европа.[2] За марихуаната има многу жаргонски имиња, како на пример: „трева“, „џоинт“, „хаге“, „зелено“, „вутра“, „ганџа“, „грање“ итн.
Ефекти од марихуаната
Мара Giphy

Ефектите предизвикани од марихуаната се манифестираат веднаш по вдишувањето на чадот од цигарата, најголемиот интензитет го добиваат по 15-30 минути, а траат до два до шест часа. Сепак, ефектите се индивидуални и зависат од телесната градба на корисникот, должината на времето на користење, квалитетот на марихуаната итн.[3]

Постојат две фази во дејството на марихуаната: почетна возбуда – која го вклучува замајувањето и еуфоријата – проследена со спокојство и пријатно чувство, а подоцна проследена со поспаност. Процесот на мислење е често нарушен од неполни идеи и сеќавања. Кај некои од корисниците се јавува зголемен апетит, потреба за благо, засилување на сетилното чувство и чувство на задоволство. Сетилата за вид и слух се менуваат, чувството за време и простор е искривено, се појавува општа моторна забавеност, опаѓа вниманието итн.

Негативните ефекти на марихуаната можат да вклучат збрканост, акутни реакции, напади на беспокојство, страв, чувство на беспомошност и губење на самоконтрола. Хроничните корисници на марихуаната можат да развијат т.н. „амотивационен синдром“, кој се карактеризира со пасивност, намалена мотивација и преокупација кон земање на дроги. Како што е случај со дејствието на алкохолот, дејствието на марихуаната може да го растрои размислувањето, разбирањето, меморијата, говорот, способноста за решавање на проблеми и времето на реакција. Последиците од долго користење на марихуаната сè уште не се одредени, а не постојат докази дека марихуаната може да ги уништи мозочните клетки.

Марихуаната создава умерена психичка зависност, не предизвикува физичка зависност, а многу ретко создава остри, но минливи, психички пореметувања, слични на шизофренијата. Посериозни последици се јавуваат при долготрајна употреба на марихуаната, особено во големи количества и во комбинација со други дроги.[4]

Покрај дејството врз централниот нервен систем, марихуаната делува и врз белите дробови, бидејќи нејзиниот чад содржи штетни материи, како: етерични масла, катран, јаглен моноксид итн. Притоа, забележано е дека кај младите корисници на марихуана, кои ја комбинираат со тутун, почесто се развива рак на белите дробови во споредба со пушачите на тутун. Понатаму, марихуаната го забрзува ритамот на срцето за 50%, а има и штетни ефекти врз репродуктивниот систем. Така, таа предизвикува намалување на нивото на тестостеронот кај мажите, како и на бројот на подвижните сперматозоиди, со што се зголемува ризикот од импотенција и стерилитет. Според некои анализи, 20% од мажите кои употребувале марихуана подолго до пет години се жалеле на импотенција, а се покажало дека, во тој поглед, нејзините ефекти се посебно опасни на возраст од 12 до 17 години. Кај жените, таа го зголемува нивото на тестостерон, а може да биде штетна за време на бременоста, бидејќи ја поминува обвивката на плацентата.[5]

Од друга страна, марихуаната може да биде корисна во борбата против непријатните и болни симптоми кај некои медицински состојби. Марихуаната може да го подобри апетитот и да го спречи намалувањето на телесната тежина кај луѓето болни од СИДА, го намалува очниот притисок кај луѓето со глауком. Исто така, таа може да го намали гадењето, причинето од третманите со хемотерапија и радијација. Луѓето кои страдаат од овие и од други хронични заболувања тврдат дека марихуаната ги намалува болките.
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Мара Empty Re: Мара

Пишување by kiBik Пон Апр 27 2015, 17:49

Баси ботаника се извъди ти!!! Laughing
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Мара Empty Re: Мара

Пишување by корисТник Пет Мај 01 2015, 08:47

Подобро да посееш електронски ориз.....

корисТник

Број на мислења : 37
Join date : 2015-04-24

Вратете се на почетокот Go down

Мара Empty Re: Мара

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот