ПРИСТИГНА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ

Go down

ПРИСТИГНА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ Empty ПРИСТИГНА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by TRAJCHE on Вто Мај 07, 2019 10:58 am

Историска посета на папата во Скопје
Најмалку 15.000 луѓе од земјата и странство се на скопскиот плоштад, за да бидат дел од историскиот настан и да ги слушнат пораките на моралниот авторитет на денешницата.


Papst Franziskus besucht Nord-Mazedonien (Reuters/O. Teofilovski)
Во Скопје сѐ е подготвено за првата историска посета на првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава, Неговата Светост, Папата Франциск. По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, Папата беше пречекан од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, а со највисоки државнички почести ќе биде пречекан и во претседателската палата на Водно. Папата ќе има средбата со претседателот Иванов, со премиерот Заев, со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор. Пред доаѓањето на Папата, премиерот Заев ја истакна симболиката од посетата на духовникот кој е инспирација на милиони верници и граѓани со добра волја.

„Папата Франциск избра да ја посети Католичката Црква и народот во Северна Македонија, и на овој начин да ја покаже неговата лична блискост, како и силните симпатии на Ватикан кон нашата земја, каде што секоја година одржуваме заеднички свечености во чест на Светите браќа Кирил и Методиј. Неговото доаѓање во родниот град на Света Мајка Тереза, која стана моралната совест на светот, во себе носи посебна симболика и порака за помирување и солидарност“, изјави премиерот.

Јубилеј во дипломатските односи со Ватикан

Честа што и е оддадена на Северна Македонија, има и друга симболика - посетата се реализира во годината кога таа одбележува 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Ватикан, и претставува потврда на пријателските односи и соработката заснована на значајни историски врски и споделени духовни вредности.

TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 303
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ПРИСТИГНА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ Empty Re: ПРИСТИГНА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by SHARENI on Вто Мај 07, 2019 11:05 am

mu blagodarime na negovata svetos za posetata ,ushte eden znak deka odime napred kon ubava idnina
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 369
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот