Одгледување босилек

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Одгледување босилек

Пишување by Гостин on Нед Фед 22, 2015 8:29 pm

Босилек - најдобриот кулинарски зачин

Босилекот (Ocimum basilicum) потекнува од африканскиот континент. Денес е многу распространет во поширокото подрачје на Средоземното Море. Најголеми производители и извозници се Италија, Франција, Мароко, Египет и Калифорнија (САД). Во Македонија се одгледува многу малку, главно во бавчите, дворовите и во саксии поради лековитите својства, но и како заштита од комарци (миризбата ги одбива комарците). Потребите за сушен босилек, кои не се големи, Македонија ги задоволува од увоз, бидејќи домашните производители на чаеви и зачини не покажуваат интерес за откуп и инвестирање во комерцијално производство. Исто така, нема интерес за воспоставување на кооперантски односи со домашни производители, иако имаме услови за негово производство на одредени површини.



Поради пријатниот мирис, босилекот е еден од најпопуларните кулинарски зачини, особено во италијанската и француско-средоземноморската кујна. Се употребува при подготвувањето на зеленчукови супи, сосови, тестенини, полесена храна од месо, живина, риба и морски плодови, а свежиот босилек се користи во салати. Има широка примена и во народната медицина. Чајот од босилек е корисен за смирување на нервниот систем, како и против несоница. Помага при грчеви и воспаленија во желудникот, цревата и го подобрува апетитот. Семето од босилек се користи за лечење на мочните патишта. Помага при астма и разни кашлици.Зачинските и лековите својства потекнуваат од етеричните масла, а целиот надземен дел содржи околу 0,5 до 1,5%. Исто така, содржи голем број есенцијални масла како што се етрагол, линалол, камфор и др.

Опис Босилекот е едногодишно растение со исправено и жбунесто стебло, високо од 40 до 50 см. Листовите се овални, по рабовите рамни или нарежени. По боја листовите се светлозелени, но има и сорти кои имаат црвенкаста боја. На лицето од листовите се наоѓаат жлездести влакненца кои ги лачат етеричните масла. Постои ситнолисна и широколисна форма на босилек. За комерцијално одгледување се користи широколисната форма. Цветовите се бели, сместени во класовидни соцветија на врвот од главното и споредните стебла.

Услови на успевање Тоа е растение кое бара умерено топла клима. За време на никнувањето и растот потребна е топлина и влага. Мразеви не поднесува. Добро успева на длабоки, плодни и структурни почви.

Агротехника Се започнува со производство на расад во топли леи. Се сее на почетокот на март со 3-4 г/м2basil семе. Од еден квадратен метар се добиваат од 1.000 до 1.200 страка. За еден хектар површина се потребни околу 100 м2 леи. Во текот на никнувањето се наводнува секој втор ден и обично два пати се плеви. За расадување стасува во текот на првата половина од мај. Се расадува кога растенијата имаат од 6 до 8 листа и висина од 10 до 12 см. За да се приспособат на надворешните услови, седум дена пред расадувањето топлите леи преку денот се откриваат. На неколку дена пред корнењето, кога нема опасност од мраз, преку ноќ се оставаат отворени. Садењето може да биде рачно или машински, на растојание од 50 см меѓу редовите и од 20 до 25 см во редот. Расадениот босилек треба добро да се негува. Задолжително е да се наводнува веднаш по садењето. Површината за босилекот треба добро да се подготви. Основната обработка бара длабоко орање во есен истовремено со внесување на минерални ѓубрива и тоа од 30 до 50 кг/ха азот, 50 до 70 кг/ха фосфор и 40 до 60 кг/ха калиум преку комплексни ѓубрива. Органски ѓубрива се применуваат, меѓутоа на преткултурата (најдобри се окопните култури) со цел да се избегне преголемата бујност. Во пролет е потребно почвата добро да се обработи односно да се култивира со цел да се добие иситнет и растресит слој за добро прифаќање на расадот.

Прибирање Босилекот се коси за време на масовното цветање, бидејќи тогаш содржи најмногу етерично масло. Кај нас за косење стасува кон крајот на јуни или почетокот на јули. Се коси рачно со срп или машински на висина од 8 до 10 см од површината на почвата по убаво и сончево време. Растителната маса не останува на нивата да овене, туку веднаш се носи на сушење во сушари или се распостила во тенок слој на сонце да се исуши. При сушењето во сушари не смее да се изложува на температура над 50ºC, за да се задржи бојата и етеричното масло. Потоа почвата се култивира и наводнува. Растенијата се регенерираат и во почетокот на септември е второто косење. Ако есента е дождлива или редовно се наводнува, се добива трет откос со кој може да се постигне одличен принос, како и со вториот. На плодни почви приносот изнесува од 800 до 1.200 кг/ха сува маса, а вториот откос е за 20% поголем од првиот.

http://ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=444:bosilek-najdobriot-kulinarski-zachin&catid=52:poljodelstvo&Itemid=135

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот