Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

2 posters

Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by osa Саб Мај 11 2019, 15:18

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  55786372_2282602088661403_8530418263811686400_n

[size=41]Братот и сестрата Шулевски стојат зад фондацијата ,,Допир“ со која ги измамија донаторите



Ако.мк
 -
март 31, 2019

[/size]










Братот и сестрата Миле Шулевски(53) и Анета Шулевска(49), стојат зад фондацијата ,,Допир“, која сѐ досега се прикажуваше како хуманитарна и преку која за жал имаат измамено илјадници донатори.
Тие подолго време објавуваа повици за донирање на болни деца, но парите наместо за лекување, ги трошеле за свои потреби.

МВР утврди дека за оваа намена се формирани повеќе лажни профили на социјалните мрежи, интернет страници и портали, како и измислени приказни со фотографии од деца, кои наводно се болни од тешки болести.
ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  56375724_2282608715327407_6539346995335659520_n

Анета Шулевска на ФБ им се заблагодарувала на донаторите

Двајцата заработија кривични пријави, а тие не се непознати за скопската јавност. Нивните соученици од гимназија кои ги познаваат, велат дека ова не е првпат братот да се соочува со законот. Кажуваат дека отсекогаш живеел на висока нога, а едно од неговите деца студира во странство.
Во меѓувреме полека згаснуваат страниците на ,,Допир“ на социјалните мрежи.
Преку оваа фондација се проневери донации во износ од најмалку 50.000 евра.
Како што веќе информиравме, секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.
Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата. 
Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.
Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб странатаhttps://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.
По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати, соопшти МВР.


Последната промена е направена од osa на Саб Мај 11 2019, 17:29. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty Re: ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by osa Саб Мај 11 2019, 15:22


[size=38]Лажната хуманитарна фондација ,,Допир“ е сѐ уште активна и собира донации за непостоечки случаи преку активни портали и профили



Ако.мк
 -
март 31, 2019

[/size]









ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  52235982_6109447972545_5076337587921092608_n.png
И покрај злоупотребата и кривичната пријава поднесена од МВР, лажната хуманитарна фондација ,,Допир“ , сѐ уште е активна на повеќе интернет платформи, преку неколку активни сајтови, но и лажни профили и други интернет алатки.
Без многу напор, на интернет може да се најдат нивните повици за донации на повеќе портали.

Некои од нив:
tocka.mk
На овој портал има цела страница со повик да се донира за болни деца, притоа очигледна е злоупотребата на фотографии на деца, кои веројатно се симнати од интернет и не припаѓаат на деца од Македонија, иако во повикот за донација се наведени и имања и вид на болест на детето.
Пропагандниот текст на овој сајт е објавен лани во септември.
На наменската интернет страница на оваа наводна хуманитарна организација со домен dopir.eu.org, има активен повик за собирање донации, разработен систем, а назнаката ЕУ во адресата е веројатно за да изгледа посериозна целата измама.
На оваа интернет страница дури се објавени и имиња од донатори и донираната сума пари.
Измамниците од ,,Допир“ успеале да ги измамамат речиси сите сајтови низ Македонија, па и на сериозни може да најдете објави за нивната ,,хумана“ мисија, собрани пари и повик да се донира за осум, пет или едно дете, болни од разни болести, според фондацијата.
Интересно е што развиле и бизнис со онлајн продажба на маички, наводно во хуманитарни цели.
Оваа акција е сѐ уште активна на порталот topinsurance365.com/, цената на маичките е од 900 до 1.500 денари. Ако купите маичка доделуваат и благодарница!
ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Images-1-1,,Благодарница“ од ,,Допир“
За оваа намена е изработен и спот.

Сѐ уште е активна и ФБ страницата на ,,Допир“, а таму кже да сретнете повици за донации, но на пример и објава со сликана инвалидска количка , како што пишуваат , во циклама боја. Количката е побарана од фондацијата, наводно за женско лице, и како што велат во објавата, донаторот им донирал речиси нова инвалидска количка во циклама боја.
МВР денеска објави дека се поднесени кривични пријави за две лица, за измама на над 50.000 евра донирани пари.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.
Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата. 
Никаде не може да се најдат имиња на основачите на фондацијата, нивни фотографии или евентуално изјави.
Луѓето кои донирале едноставно верувале дека на никого нема да му текне да измислува болести, деца, да користи лажни фотографии, имиња, профили и интернет страници.
Обвинителство ги замрзна сметките на лажната хуманитарна организација ,,Допир“.
Пишува: Емилија Лазаревска, АКО.мк

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty Re: ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by osa Саб Мај 11 2019, 15:23


[size=38]Кривична пријава за фондацијата ,,Допир“ за злоупотреба на 50.000 евра од донации



Ако.мк
 -
март 31, 2019

[/size]









ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Donacii
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.
Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата. 
Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.
Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб странатаhttps://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.
По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати, соопшти МВР.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty Re: ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by osa Саб Мај 11 2019, 17:37

prevarant od raganje do sega ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty Re: ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by Kalinda Саб Мај 11 2019, 17:53

Додека не се докаже 
вината ,
секој е невин .
Вие ова тешко 
го разбирате .
Жедни сте за малтретирање
на секој граганин .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ  Empty Re: ДОПИР ,ЛАЖНА ФОНДАЦИЈА ЗА ДОНАЦИИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот