Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Лешник

Go down

Лешник Empty Лешник

Пишување by Гостин Сре Фед 25 2015, 14:43

Ботаничка припадност и стопанско значење на лешник

Лешникот во систематика на растенијата спаѓа во фамилија на Betulaceae, род Corylus во кој се наоѓаат 22 вида на лешници кои можат да бидат џбунести и стеблести. Поголемиот број видови се џбунести и достигаат големина до 6 метри а само 3 вида формираат стебло чија висина може да достигне и до 25 метри. Лешникот е со еднополови цветови но е еднодомно растение што значи дека цветовите се посебно машки, посебно женски но се наоѓаат на исто растојание. Машките цветови се во вид на реси, а женските се во вид на пупка а во времето на цветањето се гледаат само црвените жигови. Плодовите се наоѓаат во зелена обвивка - купола која во зависност од видот може да биде испод врвот на плодот, во висина на плодот или изнад врвот на плодот.


Поважни видови на лешници
1. Обичен лешник (Corylus avellana)

Џбунесто растение кое достига висина до 6 метри, со многубројни густо наредени гранки и гранчиња. Плодовите по форма може да бидат сплескано округлести до јајчевидни со рамен или заострен врв. Обвивката е од два дела, пократка, рамна или подолга од плодот. Овој вид се среќава низ цела Европа и Мала Азија. На Балканот е раширен од морското ниво до планинските масиви. На различни еколошки услови прилагодени се различни форми од обичен лешник. Се разликуваат повеќе подгрупи, но најзначајни се оние што подоцна цветаат и кои се изразито отпорни на ниски температури. Од овој вид потекнуваат голем број сорти кои се одгледуваат во Европа и Соединетите Американски Држави, а кои се одликуваат со поголема отпорност на ниски температури и прилагодени на помала влажност во почвата и воздухот.


2. Понтијски лешник (Corylus pontica)

Џбунесто растение кое достига пораст до 5 метри. Плодовите се крупни најчесто округлести. Обвивката е цела - потполно го опфаќа плодот или расечена - во врвниот дел е раширена. Зрелите плодови опаѓаат заедно со обвивката. Плодовите се многу квалитетни по изглед и вкус. Распространет е околу Црно Море во Мала Азија, во Понтиските Планини и Задкавказјето. Овој вид учествувал во создавање на голем број Турски сорти кои се познати како „цилски сорти“.


3. Крупен лешник (Corylus maxima)

Познат е под синонимот „ламберт лешник“. Средно бујно џбунесто растение кое постигнува висина од 3 до 5 метри, со круна која е во најразличен облик. Плодовите се овално издолжени, цилиндрични, групирани од 3 до 12. Обвивката е подолга од плодот скоро два пати. Зрелите плодови опаѓаат заедно со обвивката. Распространет е во Мала Азија и Јужните делови на Балканот. Од овој вид потекнуваат поголем број стопански значајни сорти.

4. Див лешник (Corylus colurna)

Познат е под синонимот „мечкина леска“. Ова е стеблеста овошка, бујна, со висина до 25 метри. Плодовите се ситни, остро заокружени имаат дебела и цврста лушпа. Обвивката е каректеристично тесно нарезана и плодот го покрива 2/3. Таа тешко се оделува од плодот. Плодовите созреваат во септември - октомври. Овој вид е распространет скоро насекаде на Балканот, Мала Азија, Задкавказјето, Авганистан и др. „Мечкина леска“ има особина да не дава изданоци и поради тоа се користи како подлога за калемење на питомите сорти за стеблесто одгледување на лешник.


    Другите видови на лешник имаат помало стопанско значење. Многубројни сорти на лешник се добиени со вкрстување на видовите Corylus avelana X Corylus maxima и Corylus avelana X Corylus americana.

Еколошки услови за лешникот

Топлина потребна за најдобар развој на лешникот
   Лешникот спаѓа во најотпорни овошни видови на зимски ниски температури. Тој оди на надморска висина од 0 до 1200 метри. Потеклото на сортите има огромно влијание врз отпорност на ниски температури. Сортите кои потекнуваат од Corylus pontica и Corylus maxima се прилагодливи на потопла клима и поголема релативна влажност на воздухот, а поради тоа се поосетливи во реони со медитеранска клима. Додека сортите кои потекнуваат од Corylus avelana (римски, халски, барцелонски и др.) помалку се осетливи на ниски температури и за тоа се распространети на поголема географска ширина. За најосетливите сорти на ниски температури, како критериум за можноста за успешно одгледување на лешник се смета температура не пониска од -12 °С иако има сорти што издржуваат температура и до -20 °С. Во однос на доцните пролетни мразеви лешникот е многу поотпорен од другите овошни видови.


Светлина  фактор за развој на лешникот
  Сортите кои потекнуваат од Corylus pontica и Corylus maxima бараат многу поосветлени реони. Кај овие сорти при џбунесто одгледување настапува префрлање на родот кон периферијата на круната. Ова покажува дека светлината е важен фактор за нормално плодоносење на лешникот.


Релативна влажност на воздухот потребна за лешникот
   Фактот што лешникот е најраспространет во региони покрај море, езера, реки или потоци доволно зборува дека оваа култура има голема потреба од високо релативна влажност на воздухот. Поради тоа лешникот подобро успева во хумидни и полухумидни региони.


Врнежи основа за добра плоднос на лешникот
   Лешникот бара доволно вода во почвата во текот на целиот вегетационен период. Недостаток на водата се манифестира преку опаѓање на плодовите, недоволно оформена јатка, плодовите се поситни, а квалитетот е на многу ниско ниво. Се проценува дека за успешно одгледување на лешникот потребни се врнежи од 700 до 800 мм, но правилно распоредени во текот на годината. Најмногу е потребна вода во текот на месец Јуни, кога е најинтензивен пораст на плодовите. Во случај на недостаток на вода од врнежи задолжително е наводнување на насадите. Насади калемени со мечкина леска поради подлабоко распространетиот коренов систем се многу поотпорни на недостиг на влага во почвата.

Почва фактор за добар и квалитетн принос на лешник
   Лешникот дава добри и квалитетни приноси на почва со средна плодност, лесно песоклива, хумусно-карбонатна и умерено влажна. На сиромашни, каменливи и суви почви не дава добри резултати. Кон реакција на почвата лешникот е толерантен. Лешникот не поднесува влажна и мочурлива почва. Во однос на содржина на хранливи материи поцвата треба да содржи хумус до 3%, азот над 0.15%, калиум над 25 мг% и фосфор 10-15 мг%.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/leshnik-i-rasad-na-leshnici-vo-makedonija.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот