Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

3 posters

Go down

ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ Empty ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by EVITA Саб Јун 29 2019, 20:01


[size=41]Прва Парада на гордоста во Скопје, силно полициско обезбедување, без инциденти


29/06/2019 19:53
[/size]
Силно и строго полициско обезбедување на првата парада на гордоста во Скопје. Речиси сите кои доаѓаа кон паркот Жена борец, каде беше закажан стартот на парадата, полицијата ги проверуваше и идентификуваше. Пред Собранието и околу паркот имаше голем број на полициски службеници, но и металнан ограда.
Сите учесници добија алка со која можеа слободно да се движат како дел од Парадата.
Имаше и такви кои си го покриле нивното лице. Имаше поддржувачи од Бугарија, Албанија и други земји.
Маршот започна од Триумфална порта, а ги предводеше камион на кој се возеа танчерки.
Додека маршираа низ градските улици,  љубопитни граѓани гледа низ прозорците и балконите. Некои ги гледаа, други фотографираа. На маршот имаше и голем број деца.
Учесниците на парадата се движеа од паркот Жена борец, преку улицата „Рекорд“, покрај зградата на Владата, а заврши кај „Школка“ во градскиот парк. Се вееше знамето на ЛГБТ заедницата и се танцуваше.
Ова е прва парада на гордоста што се одржува во Скопје. Деситици граѓани излегоа за да ги побараат правата на ЛГБТ заедницата.
Парадата помина без инциденти. Со силно полициско обезбедување, затоа што на другата страна имаше и контра протести.
Завршната точка беше до Градскиот парк каде ги пречека музика.
„Честито Прајд Скопје. Прекрасно е чуството и поддршката е многу поголема отколку што очекуваме. Ова покажува дека нашето општество сепак созрева и одиме напред. Благодарам на подршката и на сите што дојдовте. Немаше инциденти секогаш ќе има некој нешто нема да му чини“, рече Кочо Андоновски од ЛГТБ.
Парадата ја подржаа и политичарите, меѓу нив министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за труд и социјала Мила Царовска, како и поранешниот пратеник Павле Богоевски.
-Сакаме да пратиме порака, а поддршка и унапредување на правата на ЛГБТ заедницата која што во нашето општество е една од најмаргинализираните заедници. Потребно е сите заедно да дадеме поддршка и солидарност во борбата против нивната дискриминација и против говорот на омраза-рече Маја Морачанин, пратеничка во Собранието.
Маршот го поддржаа и дел од амбасадорите.
-Има уште работа за која треба да посветиме внимание. Луѓето треба да запаметат дека треба да бидат горди и дека дискриминацијата не помага на никого. Амбасада на САД е тука да направи прогрес за овие прашања за Република Северна Македонија-изјави Кејт Бурнс, в.д. амбасадорка на САД.
Поддржувачите на парадата  велат дека пораката е испратена дека никој не смее да се плаши да каже тоа што го чуствува.
-Јас сум тука затоа што сум член на ЛГБТИ. И јас сум тука за секој ЛГБТИ личност којa не може да биде тука, којa живее во страв, депресија и осаменост. Оттука испраќам порака на секој член на ЛГБТИ да биде тоа што е. Денес, државата и институциите покажаа дека се на наша страна. Поддржувачите се од наша страна и на сите им порачувам да го поминат стравот и да бидете посилни и да бидеме она што сме.
Тука сум затоа што генерално мразам омраза и да ја дадам подршка на сите луѓе тука  затоа што сметам дека никој не треба да живее скриено во нешто што е. Треба да живееме во слобода-вели Беким Асани, ЛГБТ активист.
Парадата заврши со музички хепенинг. Изведба  на песната на Тамара Тодевска Прајд го отвори музичкиот дел.

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ Empty Re: ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by трендафил Нед Јун 30 2019, 21:00

Ако државата и институциите се на страна на ЛГБТ заедницата не знам против кого беше протестот. И ако имало гости од странство, амбасадори и министерки и пратеници, платеници на Џорџ Сорос, колку имаше вистински хомосексуалци и сексуално неопределени. Од кого ги очекуваат правата, од опозицијата ли. Не знам зошто претставнички на власта беа министерки. Дали министрите и премиерот се плашеа да не добијат нешто. За крај зошто сите во оваа држава имаат права, само најбројната етника заедница, Македонците што се поврзуваат со целосната македонска историја, немаат права, а нивните права ги кршат токму тие што ја поддржуваат ЛГБТ заедницата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ Empty Re: ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by OPOZICIONER Нед Јун 30 2019, 21:37

nebeshe protest protiv nekogo ,tuku beshe parada na gordosta ,ima golema razlika ,ama i da ti nacrtam ti nemozesh da svatish ,za zal
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ Empty Re: ПРВА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот