Vesti od svetot

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Нед Aвг 28, 2016 7:04 pm

Imate be svoe obvinitelstvo komujnjarsko. Toa sto nisto ne mozete zatoa sto Grujo cesno raboti e vas problem.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Нед Aвг 28, 2016 7:28 pm

Znaeme deka raboti chesno...No neshto mi izgleda nevraboten sega...Bi mozhei li da kazhesh shto raboti sega Grujokio osven shto na vash troshok ja sheta Makedonija i ve lazhe vo lice...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by defo on Нед Aвг 28, 2016 11:13 pm

delmol напиша:Imate be svoe obvinitelstvo komujnjarsko. Toa sto nisto ne mozete zatoa sto Grujo cesno raboti e vas problem.

Не е до Грујо муабетот овде, одговорност е прашањето, на градителот на обиколницата, на тој што дозволил, дозволува незаконско сечење шума, тој што дозволи до пола водно да се изгради.......Еве во италија почнала истрага, иницајлна касула, можда ќе нема обвинети, ама има истрага, кај нас 22 мртви(душа, бог да им прости) и никаква одговорност, никаква проверка, одговорност.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 12:26 pm

Klinton vodi vo anketite posle prvata debata na kandidatite za pretsedatel na SAD...

ТРАМП КАЖУВА „ЛУДИ РАБОТИ“ – КЛИНТОН Е „ТИПИЧНА ПОЛИТИЧАРКА“: РАЗМЕНА НА НАВРЕДИ ВО ПРВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ТВ-ДЕБАТА

Демократската кандидатка Хилари Клинтон и нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп разменија навреди во обид да покажат поголем темперамент, издржливост и расудување, е оценката на Франс Прес за вчерашната прва претседателска TВ-дебата пред изборите во САД.

Клинтон, пред публика што се оценува дека броела и 100 милиони гледачи, го претстави Трамп како некој кој нема врска со тоа што го зборува и е подготвен да каже „луди работи“ само за да биде избран.

Според Франс Прес, додека Хилари се обидела да се претстави како искусен глас на разумот, Трамп се поставил силно популистички, играјќи на картата на фрустрираните работници на кои им здодеало од политичарите и затоа бараат промени.

„Хилари има искуство. Ама тоа е лошо, лошо искуство“, изјави Трамп, кој ја обвини демократката дека е „типична политичарка“.

Во анкета што Си-Ен-Ен ја направи по дебатата на примерок од 521 гласач, 62% одговориле дека победник е Клинтон, а 27% се одлучиле за милијардерот кој десниот популизам го донесе во американската мејнстрим политика.

Инаку, изгледите на Клинтон да стане претседател на САД на изборите што ќе се одржат на 8 ноември, по вчерашната дебата се зголемија и на обложувалниците на интернет. Уплатите за победа на демократката се зголемиле за 6%, на 69%, а за Трамп паднале за 7%, на 31, покажуваат податоците на новозеландска ПредиктИт.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 8:48 pm

mnogu mal mu e na toj trampot zatoa ke nizgubi.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 8:48 pm

vidov na tiie golite kukli so mu gi stavija.,

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Пон Окт 03, 2016 2:03 pm

Ке започне ли нова студена војна?

Путин го суспендира Договорот со САД за уништување на вишок плутониум



Рускиот прертседател Владимир Путин денеска потпиша Декрет со кој го суспендира Договорот со САД за уништување на вишокот плутониум од 2000 година, а како причина ги наведе „непријателските акции на САД“.

Договорот се заснова на преговори од деведесеттите години на минатиот век кога нуклеарните сили САД и Русија одлучија да спречат повторно користење на плутониумот од демонтираните нуклеарни боеви глави, со тоа што ќе го уништат.

Тој ги обврзуваше двете земји плутониумот да го уништат за да не биде употреблив за никлеарно вооружување.

http://novatv.mk/putin-go-suspendira-dogovorot-so-sad-za-unishtuvane-na-vishok-plutonium/


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Сре Окт 05, 2016 7:47 pm

Антонио Гутереш нов генерален секретар на ОН



Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш е избран за нов генерален секретар на Обединетите нации.

Гутереш ја потврди веста преку својот Твитер профил.

Договорот е постигнат на гласање во Советот за безбедноста на ОН, каде Гутереш доби поддршка од 13 членки на Советот, додека две држави биле воздржани.

Тој не добил ниту еден негативен глас од постојаните членки со првао на вето.

Оваа одлука е и официјална потврда дека од игра испадна кандидатот на Македонија за генерален секретар на ОН, Срѓан Керим. Тој за оваа функција беше кандидиран од страна на Владата.

Финансиите за промоција и логистика за неговата кандидатура беа обезбедени од Министерството за надворешни работи, но засега нема информација за колкава сума станува збор.

http://novatv.mk/antonio-guteresh-nov-generalen-sekretar-na-on/


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Пет Окт 07, 2016 6:57 pm

Дали ке бидеме сведоци на директен судир помеѓу американските и руските сили во Сирија и дали одеднаш појавената непопустливост на американците не е во врска со изборите таму, Обама сака да и даде макар и минимална предност на Клинтоница пројавувајки ја силата на американското оружје?

http://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%B8-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-35986191

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Пет Окт 07, 2016 7:04 pm

Najverojatrno ne...Zveckanjeto so oruzhje e samo parada...na kraj kje se dogovorat...So ogled na toa shto Putin ima golema prednost verojatno SAD kje bidat tie shto kje prifatat kompromis...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Пет Окт 07, 2016 7:08 pm

Мислата повеке ми беше насочена кон начинот на делување на американскиот претседател и поддршката што кандидатот на демократите ке ја добие од тоа делување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Пет Окт 07, 2016 7:21 pm

Verojatno i toa e zemeno vo predvid pa zatoa i taa nepopustlivost dodeka ne procenat deka e dovolno i deka e vreme da se dogovorat...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Чет Окт 13, 2016 12:42 pm

Денес се бира генералниот секретар на ОН. Скоро сигурно тоа ќе биде Антонио Гутереш.

Гутереш денеска би требало да биде избран за генерален секретар на ОН

Португалецот Антонио Гутереш би требало денеска да биде избран за нов генерален секретар на Обединетите нации.



Поранешниот висок претставник на ОН за бегалци, кој во тоа својство се соочи со најголемата хуманитарна криза по Втората светска војна, би требало официјално да биде назначен на функцијата со мандат од пет години од 193. земји-членки на ОН, откако минатиот четврток доби согласност од 15-те членки на Советот за безбедност.

Некогашниот португалски премиер, прв поранешен шеф на Влада што доаѓа на позицијата генерален секретар на ОН, функцијата ќе ја преземе од Јужнокореецот Бан Ки-мун на 1 јануари.

http://kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-deneska-bi-trebalo-da-bide-izbran-za-generalen-sekretar-na-on/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Чет Окт 13, 2016 3:38 pm

Нашиов не стигна подалеку од последно или претпоследно место веројатно не испратил доволно пораки во шишиња или се изгубиле некаде помегу брановите на политичкиот океан и фотелјата на брегот во Њујорк.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Гостин on Чет Окт 13, 2016 9:18 pm

sise si e sise so rakija ili so evricinja polno..

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by SHARENI on Нед Дек 04, 2016 6:47 pm

Ekstremnite desnicari gi izgubija pretsedatelskite izbori vo Avstrija.

Хофер призна пораз на претседателските избори во Австрија

Кандидатот на десничарската Партија на слободата Норберт Хофер призна пораз на претседателските избори во Австрија и му честиташе на противкандидатот за успехот.

„Почитувани пријатели, ви благодарам за поддршката, но не успеавме. Го поздравувам Александер Ван дер Белен за успехот и ги повикувам сите Австријци да останат солидарни и да работат заедно,“ напиша Хофер на Фејсбук.

Првите прелиминарни резултати врз основа на 60 отсто преброени гласови укажуваат дека на денешните претседателски избори во Австрија победил Алексадер Ван дер Белен, кандидат кој го поддржуваат Зелените.

Според резултатите, Ван дер Белен освоил 53,6 отсто гласови, а кандидатот на десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер – 46,4 отсто.

http://24vesti.mk/hofer-prizna-poraz-na-pretsedatelskite-izbori-vo-avstrija
avatar
SHARENI

Број на мислења : 124
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by delta on Саб Дек 17, 2016 12:04 pm

i nasiot horhe e prezident. to so go nema se zapil nekade prednovogodisno./'
avatar
delta

Број на мислења : 245
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:40 am

Бо Турција станува се поопасно. Се најде на удар на терористите плус внатрешните проблеми кои се појавија со зацврстувањето на деспотизмот на Ердоган. Во само 254 часа инциденти во амбасадите на двете најмоќни држави во светот при што беше убиен рускиот амбасадор.

Ноќта која што ја потресе Русија: Кој, како и зошто го уби рускиот амбасадор во Анкара?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа му се јавил на својот колега Владимир Путин за да го информира за вчерашниот напад во Анкара во кој што беше убиен рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.

http://tocka.com.mk/1/216952/nokta-koja-sto-ja-potrese-rusija-koj-kako-i-zosto-go-ubi-ruskiot-ambasador-vo-ankara


Непознат напаѓач отвори оган крај амбасадата на САД во Турција

Непознат напаѓач отворил оган во близина на американската амбасада во Турција. Во инцидентот нема повредени.

http://24vesti.mk/nepoznat-napagjach-otvori-ogan-kraj-ambasadata-na-sad-vo-turcija
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by delta on Чет Дек 22, 2016 4:07 pm

bog da go prosti,.
avatar
delta

Број на мислења : 245
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by luxor on Нед Дек 25, 2016 5:03 pm

Се урна руски авион во Црно Море.

Нема преживеани при падот на рускиот воен авион во Црното Море

Ниту еден од патниците на рускиот воен авион од типот Ту-154, што денеска се урна во источниот дел на Црното Море во близина на градот Сочи, не го преживеа падот, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој прецизираше дека во авионот имало 93 патници и членови на екипажот и дека досега спасувачките екипи пронашле тела на четири лица. ТАСС, повикувајќи се на воени извори, претходно јави дека во едно од телата се пронајдени документи кои укажуваат дека загинатиот бил вработен како новинар во телевиизјата „Канал 1“.

Конашанеков соопшти дека во потрагата по телата на патниците од авионот се вклучени четири брода, пет хеликоптери и неколку беспилотни летала.

Авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана се урна на лет од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија. Авионот исчезнал од радарите во 5.40 минути по московско време (3.40 часот по средноевропско време).

Во авионот имало 85 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците биле и 65 членови на воениот ансамбл за народни песни и игри „Александров“, девет новинари и воени лица.

Ансамблот „Александров“ требало да одржи новогодишен концерт за руските војници стационирани во базата „Хмејмим“.

Првично беше соопштено дека во леталото имало 91 лице, потоа бројката беше зголемена на 92, додека сега се јавува за 93 патници и членови на екипажот.

Руската телевизија НТВ информира дека меѓу патниците во авионот се наоѓале и тројца нивни вработени. Во леталото биле и по тројца медиумски работници на воениот телевизиски канал „Ѕвезда“ и на телевизијата „Канал 1“.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија информира дека спасувачките служби утрово на шест километри од брегот на Сочи откриле тркало од урнатиот авион и поголема дамка од масло.

Конашанеков меѓутоа соопшти дека остатоците од леталото се лоцирани на 1,5 километри од Сочи, на длабочина од 50 до 70 метри под морската површина.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати. Според извори од аеродромот во Сочи, во време на исчезнувањето на авионот од радарите, во реонот преовладувале „добри метеоролошки услови“.

Неименуван извор од Министерството за одбрана за руските медиуми изјавил дека најверојатна причина за уривањето на авионот е технички проблем или пилотска грешка.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков информира дека рускиот претседател Владимир Путин цело време добива информации за сите нови детали околу несреќата.

- Се уште е рано да се каже нешто конкретно. Претседатлот чека да добие целосна претстава, па ќе го изнесе својот став, порача Песков.

Тој инфромира дека Путин веќе им изразил сочуство на роднините и блиските на загинатите и го именувал рускиот премиер Дмитриј Медведев за раководител на државната комисија која ќе треба да ги утврди причините за падот на авионот.

Осигурителната компанија „Согаз“ во меѓу време соопшти дека на семејствата на загинатите при авионската несреќа ќе им исплати отштета во износ од по 5,8 милиони рубљи (близу 92.000 евра).

http://plusinfo.mk/vest/99754/nema-preziveani-pri-padot-na-ruskiot-voen-avion-vo-crnoto-more
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by luxor on Пон Дек 26, 2016 4:41 pm

Заради лажна вест Пакистан и Израел се заканувале едни на други со нуклеарно оружје.

„Нуклеарни закани“ на Твитер по лажна вест

Ништо од тоа не беше вистина. Сепак измислениот цитат на поранешен изреалски министер за одбрана го разлути неговиот актуелен колега во Исламабад, по што следуваше нуклеарно мафтање со сабји.

http://www.dw.com/mk/%D0%BD%D1%83%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%BF%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82/a-36913412?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by SHARENI on Пон Дек 26, 2016 5:56 pm

Несреќа во Уганда: На забава на брод, се удавија фудбалери и навивачи



Најмалку 30 членови на еден локален фудбалски клуб во Уганда и нивни навивачи се удавија кога бродот на кој организирале забава се превртел во езерото Алберт, соопшти денеска полицијата.

Несреќата се случила вчера на Божиќ.

-Водата беше мирна, но проблемот настанал кога луѓето преминале на едната страна на бродот и тој се превртел, изјави за агенцијата АФП командантот на полицијата Џон Рутагира.

15 луѓе биле спасени.
avatar
SHARENI

Број на мислења : 124
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by TRAJCHE on Сре Дек 28, 2016 8:53 pm

gledajte be slepci i ucete kako treba da dejstvuvat institucii
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 96
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by luxor on Чет Јан 26, 2017 4:05 pm

И британците не знаат што сакаат. Или ја увидоа грешката, ама доцна.

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА БРЕГЗИТ НА 31 ЈАНУАРИ И 1 ФЕВРУАРИ

Британскиот Парламент на 31 јануари и 1 февруари ќе расправа за почнување на процедурата за излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти тамошната Влада. Денеска е објавен и законскиот предлог на Владата што ќе биде испратен во Парламентот, на чија основа премиерката Тереза Меј ќе може да почне со Брегзитот.

Британскиот министер за напуштање на ЕУ, Дејвид Дејвис, кој го претстави законскиот предлог, рече дека граѓаните на Британија се одлучни да излезат од Унијата, и оти Владата е решена да ја исполни оваа одлука. Дејвис рече и дека се надева оти Парламентот ќе ја почитува одлуката на британскиот народ и брзо ќе го одобри почнувањето на Брегзитот. На темата дополнително ќе се расправа во Парламентот уште три дена – меѓу 6 и 8 февруари.

Претходно неделава, Врховниот суд на Британија одлучи дека за активирање на членот 50 е потребно Владата и Тереза Меј да добијат одобрение од Парламентот.

http://kapital.mk/britanskiot-parlament-ke-se-odluchuva-za-bregzit-na-31-januari-i-1-fevruari/
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 12:40 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3168
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Vesti od svetot

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот