ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by osa on Нед Aвг 04, 2019 11:45 pm

Ѓоргиев: Не прифаќаме вонреден состанок на комисијата за историски прашања со Бугарија
Македонската страна од Комисијата за историски прашања не прифаќа вонреден состанок на Комисијата која ја најави шефот на бугарската страна, Ангел Димитров. Шефот на макеоднскиот тим, професорот Драги Ѓоргиев, за Телма вели дека официјална покана не е стигната се уште, но по електонрски пат бил информиран од Димитров за таа идеја.
„До таква средба едноставно е невозможно да дојде бидејќи ние веќе имаме закажана средба на 12-13 септември во Софија. Тоа е договорено на последниот состанок во Скопје во јуни, кога се одржа нашата последна средба. И од друга страна сметам дека една таква трескавична динамика на нашите средби можат да бидат повеќе контрапродуктивни, отколку да вродат со плод“, вели проф. Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Комисијата за историски прашања со Бугарија.
Ѓеоргиев смета дека изнаоѓањето на решенија треба да биде академски процес низ кој ќе се дебатира, а не свикување на ад-хок состаноци во кои мора ние да постигнеме решение. Според него договорената динамика од шест средби годишно се оптимални за постигнување на решение на најчуствителните прашања.
За различните гледања на Македонија и Бугарија околу Гоце Делчев, Ѓоргиев вели дека тие секогаш постоеле и оти двете страни имаат аргументи за тоа. Гоце Делчев се родил и загинал за Македонија, вели Ѓоргиев, и тој ја носи идејата за автономна Македонија и силен македонски идентитет од тој аспект. Но, додава, истовремено постојат документи каде тој е деклариран како Бугарин. 
„Кога ќе се споредат тие извори, тие документи, многу тешко е вие да ги разграничите, да го разграничите јасниот идентитет на Гоце Делчев“, вели Ѓоргиев.
Според него не е работа на Комисијата да го  утврдува идентитетот на Гоце Делчев.
„Комисијата не е тука да каже Гоце Делчев ќе го славиме затоа што бил Бугарин или затоа што бил Македонец. Комисијата треба да открие квалитети и вредности во личноста и активностите на Гоце Делчев кои се препознаени и кај Бугарскиот и кај Македонскиот народ“, вели професор Ѓоргиев.
За Ѓоргиев изјавата на Борисов дека до октомври треба да се постигне решение по ова прашање вели дека е мек притосок врз Комсијата и разбира оти политичарите сакаат тоа побрзо да биде решено. Но, според него тоа не е начин да се постигнат корисни решенија по однос на чустивтелните прашања, сообено не за една година.
Тамара Грнчароска

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14815
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by Kalinda on Саб Окт 26, 2019 7:28 pm

Уште да можете 
да се правите силни ?
Се  дадовте и продадовте!
Но еве не на прагот 
на вонредни парламентарни 
избори .
Се надевам тоа ке биде 
вашиот крај .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 484
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот