КУРБАН БАЈРАМ

Go down

КУРБАН БАЈРАМ  Empty КУРБАН БАЈРАМ

Пишување by osa on Нед Aвг 11, 2019 12:19 pm

Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам August 11, 2019 Балкан, Македонија Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо упатија честитка по повод еден од најголемите муслимански празници Курбан бајрам. Во неа се посакува, празникот да биде одбележан во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност. – Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Македонија, во Република Албанија и во целиот свет, празнувањето на Курбан бајрам, поминете го со пораки за добро здравје, среќа и бериќет во семејствата. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого,- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот Или Халилај. Тие во честитката посакуваат добрата мисла и добрите човекови дела, да владеат како за празникот, така и во текот на целата година, Бог сите домови да ги исполни со радост а човечкото срце со добрина во деновите на празникот но и секој ден.
Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам | opserver.mk

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот