Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Јаболко

Go down

 Јаболко Empty Јаболко

Пишување by Гостин Пон Мар 02 2015, 17:44

Jаболка



Јаболката спаѓаат во родот Malus, во кој досега се детерминирани 33 вида на јаболка кои се групирани во 5 секции: Eumalus, Sorbomalus, Chloromeles, Eriolobus и Docyniopsis. Како резултат на спонтана и планска хибридизација досега се создадени преку 10 илјади сорти јаболка (Malus domestica) и преку 100 вегетативни подлоги за јаболка и постојано се создаваат нови сорти и подлоги за јаболката. Доминантно место во создавањето на најголемиот број на сорти и подлоги јаболка завземаат дивото шумско јаболко (Malus silvestris) и ниското рано јаболко (Malus pumila), а во последните неколку децении и јапонската дива јаболка или јаболка флорибунда (Malus floribunda) од кој еден биотим Malus floribunda 821 е носител на генот за отпорност на јаболката кон причинителот на чадливата краставост (Venturija inaequalis).



Стопанско значење
    Во вкупното производство, промет и потрошувачка на овошје на светски рамки, јаболката завземаат трето место, веднаш по цитрусите и бананите. Јаболката е најзастапениот континентален овошен вид. Производството на јаболка во светот постојано расте. Најголемо производство на јаболка по жител население има во Окејанија и тоа 27.7 кг, потоа следи Европа со 17.7 кг, а најмалку се произведува во Африка и тоа само 2.2 кг по жител.

   Најголем светски производител на јаболка е Кина. Годишното производство на јаболка во оваа земја за нешто повеќе од две години се зголемило за 8.5 пати.Во групата на поголеми производители на јаболка (со над милион тони) спаѓаат: Соединетите Американски Држави, Турција, Франција, Иран, Италија, Полска, Русија, Германија, Индија, Чиле и Аргентина.

    Република Македонија со своето производство од 63 320 ијлади во 2002 година во светски рамки го завзема 52 место. Во Република Македонија јаболкото е водечка овошна култура. Во вкупното производство на овошје јаболката завзема преку 50%. Производството на јаболка пред општествените трансформации достигна 120 до 130 илјади тони. Но по 1990 година површините и производството се намалуваат така да сега произодството се движи од 60 до 70 илјади тони.

Подлоги за јаболка
    Подлоги на кои може да вирае јаболкото се делат на два типа, и тоа: Генеративни подлоги и вегетативни подлоги.

Генеративни подлоги
1. Диво шумско јаболко - киселачка (Malus silvertris Mill) се произведува генеративно, со семе од автохтони домашни типови, кои се доволно бујни и отпорни на мраз. На такви подлоги калемените сорти стануваат доволно бујни и со голем производен потенцијал, а се доста скромни на еколошките барања. Обично се наоѓа во шумските асоцијации од бука, даб и разни грмушести растенија. Ретко се наоѓа помеѓу четинарите.

2. Диплоидни културни сорти јаболка - златна парменка, златен делишес, антоновка, убавоцветка и др., во некои земји се користат повеќе од шумското јаболко. Овие даваат поуедначени семенци, со побуен пораст, кој за калемење стигаат усте во првата вегетација. Имаат и подобар афинитет со културните сорти. Антофката дава семенци многу отпорни на ниски температури кои во извесна мера ја зголемуваат отпорноста и на епибиотот, особено ако се врши високо калемење.

Вегетативни подлоги
    Првенствено се оние подлоги што потекнуваат од ниското рано јаболко (Malus pumila Mill). Ниското рано јаболко е брзо растечка грмушка или дрво, со широка круна. Се сретнува во Источна Европа, Средна Азија и Задкавказието, со повеќе вариетети, од кои најважни се:

1. Malus pumila var. paradisiaca L. (paradis) - Потекнува од Предна Азија, Туркестан, Сибир, а го има и на Балканот. Кај нас многу јаболка петровки потекнуваат од овој вариетет. Се размножуваат со изданоци, избојци и со нагнувања.

2. Malus pumila var. paracox Pall. (дусен, холандско јаболко) - овој вариетет е побуден од парадисот. Родоначалник е на повеќе сорти, а служи и како подлога.

    Hatton од опитната станица East Maling, Англија, во период од 1912 до 1920 година прибрал голем број типови нискорастечко јаболко од повеќе земји. Ги проучил и одбрал 16 типа вегетативни подлоги за јаболката. Опитната станица East Maling продолжила и натаму со селекција на вегетативните подлоги и досега се создадени 27 типа. Од 1928 година во селекцијата на вегетативните подлоги се вклучува и Холтикултуриниот Институт Johan Innes кој во соработка со East Maling создава нова серија вегетативни подлоги кои ги означуваат со буквите: ММ (Maling-Merton) и арапските броеви над сто, како ММ 101, ММ 106, ММ 109 и итн. Оваа серија вегетативни подлоги се одликува со отпорноста на крвавата вошка (Eriosoma lanigera).

   Hartmann и Kester (1975) ја даваат следнава класификација по бујност на поважните подлоги: џуџести пологи (М27, М8, М9 и М26), полуџуџести (М7 и ММ106), средно бујни (М2, ММ111 и ММ104) и бујни подлоги (М16, ММ109 и М25). Бујноста на подлогите во извесен степен варираат и во зависност од еколошките услови, на пример, некои подлоги се повеќе толерантни на суви услови, дури на влажни.

M9 - жолт парадиз од Мец, Франција. Во современите густи интензивни насади има најголема примена. Се смета за симбол на интензивното овоштарство. Се одликува со мала бујност, овошките се формираат ниско 2-2,5 м, и можат да се берат од земја. Имаат плиток, крт, жилечест коренов систем. Слабо се закрепнува во земјата и бара задолжителна потпорна конскрукција. Индуцира голема родност, рано прородува, дава крупни и квалитетни плодови, што е и целта на современото овоштарство. Отпорна е на фитофтора, а осетлива на бактериски рак и бактериска пламеница. Најдобри резултати постига на плодни, умерено влажни почви. Меѓутоа, се смета и како доста отпорна на суша. Во Полска и Русија се создадени селекции на М9 отпорни на ниски температури кои во современите густи насади се користат како подлога за стандардните сорти.

M26 - добиена со вкрстување на М16 и М9, малку побујна од М9 а помалку од ММ106. Малку подобро се закрепнува од М9, но сепак треба потпорна конструкција. Има сличен хабитус и особини на М9. Кората на леторастите е потемна, чоколадна, дава малку исбојци во матичникот кои обично се прирастени, со многу трнести израстоци, заради што во расадниците многу не се прифаќа. Во современите густи насади се користи за послабо бујните сорти.

MМ106 - добиена со вкрстување на М2 со северен разузнавач. Напола е послабобујна од дивачката, но малку побујна од М7. Во матичник добро се вкоренува, но дава помалку избојци кои често прераснуваат и даваат трнести гранчиња. Во почвата добро се закрепнува и не бара конструкција, освен во сосем лесни песокливи почви. Наесен доцна вегетира. Во насадот не дава избојци. Породна е од М7 и плодовите се повкусни. На суша е средно отпорна, но не трпи многу влажни почви, каде што страда од асфикација и други заболувања. Во Европа, па и во други земји и кај нас масовно се користи како подлога за подигање на густи и полугусти насади. За густи насади се комбинира со слабо бујни сорти (спурови и други), а за полугусти насади со стандардни сорти.

Опис на некои сорти јаболка
   При подигање на нови или обновување на стари насади од јаболка изборот на сортата претставува еден од најважните елементи на кои треба посебно да се обрне внимание. Сортата претставува клучен елемент за создавање на поголем профит на пазарот. За поголема група на потрошувачи начинот на производство на јаболката постанува важен критериум при одредување на квалитетот на плодовите.

Тетовка   Јаболко Jabuka2%20x200

Оваа сорта има повеќе синоними како што се демирка, мирисавка, кандиле, бело кандиле и др. Стара домашна сорта која потекнува од Тетово. Распространета е во Македонија, Србија, Косово, Босна, Албанија и Бугарија. Овошката е бујна со густа круна а живее и преку 100 години. Цвета доста доцна и често ги избегнува доцните пролетни мразови. Плодот е крупен, околу 170 гр, пресечено конусно е симетричен. Лушпата е тенка мазна со восочен прелив, зеленикава е, а со зрелост станува сламенесто жолта и од сончева страна темно црвена. Месото е бело, сипкаво, средно сочно, слатко, бес доволно киселини, со пријатен мирис. Добро е транспортабилна, а се чува до мај. Бербата е во октомври а се употребува од ноември. Осетлива е на фузикладиум. Погодна е за одгледување за локални потреби.

Јонаголд   Јаболко Jabuka6%20x200

Создадена во Соединетите Американски Држави, со хибридација помеѓу зладен делишест и јонатон. Созрева во првата половина на септември, а се чува во ладилници до март. Плодовите се доста осетливи на удари. На покрупните плодови уште при берба може да се примети горки пеги, а во ладилниците им потемнува лушпата. Плодот е од крупен до многу крупен од 150 до 300 гр, со топчесто издолжен привлечен изглед. Лушпата е дебела, мазна, сјајна, а при берба е зелена, а после станува со жолтеникава боја со дополнително црвена пругаста боја. Месото е жолтеникаво, цврсто, многу сочно, ароматично, слатко накиселено и многу квалитетно. Раѓа рано, умерено но редовно. Таа е триплоидна сорта, бујна и треба да се калеми на слабо бујни подлоги. Умерено е осетлива на краставост, а многу осетлива на пепелница и ервинија. Оваа сорта е многу склона кон мутирање. Поголем број на нејзини мутанти се одликуваат со поинтензивно црвено обоени плодови. Токму порадо тоа овие мутанти денес повеќе се одгледуваат одколку стандардната сорта.

Златен делишест   Јаболко Jabuka7%20x200

Создадена во Соединетите Американски Држави. Оваа сорта е вистински космополит. Се одгледува во голем број земји, како на пример: Америка, Европа, Австралија, Азија. Во голем број од земјите е стандардна сорта. Се бере во втората половина на септември, а се чува во ладилници до мај. Плодовите се средно крупни до крупни од 120 до 200 гр, и е со конусна форма која е назначено со благо ребро при одгледување во поладни подрачја. Лушпата е тенка, мазна, светло зелена до зелено-жолта боја, а во полна зрелост златно жолта. При јака инсолација за време на берба по површината на плодот може да се појави благо руменило. Месото е бледо жолто, цврсто, сочно, слатко накиселено, благо ароматично со одличен квалитет.

Црвен делишест   Јаболко Jabuka8%20x200

Создадена во Соединетите Американски Држави. Ова е една од најраширените сорти во светот. Се бере од втора декада на септември до прва декада на октомври. Плодот е крупен до многу крупен со ѕвонесто конусна форма, и со изразени ребра. Лушпата е дебела, цврста, сува мазна и полусјајна. Основна боја во полна зрелост е жолта, прекриена со дополнително светло од темно црвенило во вид на пруги. Месото е светло жолтеникаво со уочливи зелени спроводни снопчиња околу семената обвивка. Во почетокот е цврсто и сочно а подоцна е брашнесто. Вкусот е изразито саладок со карактеристична арома. Стеблото е бујно, и е диплоидна сорта. Оваа сорта е со многу лабилен генотим, што условува појава на многу мутанти. Досега се откриени околу 400 мутанти а некои од нив се многу подобри од стандардната сорта.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/jabolko-i-rasad-na-jabolki-vo-makedonija.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот