УТРЕ НА 8 НОЕМВРИ СЕ ПРАЗНУВА МИТРОВДЕН

Go down

УТРЕ НА 8 НОЕМВРИ СЕ ПРАЗНУВА МИТРОВДЕН Empty УТРЕ НА 8 НОЕМВРИ СЕ ПРАЗНУВА МИТРОВДЕН

Пишување by Nebula on Чет Ное 07, 2019 9:44 pm

[size=38]Вечерва се отвора небото пред големиот христијански празник Митровден[/size]


 

 

 







УТРЕ НА 8 НОЕМВРИ СЕ ПРАЗНУВА МИТРОВДЕН Fenjgerashtr-238941
Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. Ноември. Утре именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По заминувањето на татко му на другиот свет, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.
Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.
Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го испратил на оној свет.
Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погребале.
На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.
Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Nebula

Број на мислења : 451
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот