Кајсија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Кајсија

Пишување by Гостин on Нед Мар 01, 2015 5:58 pm

Kajsija - Кајсија



Ботаничка припадност и стопанско значење на кајсија

Кајсијата има големо стопанско значење, но не толку како праската, бидејќи кајсијата има понесигурен принос, има кус период на берба, ограничени можности за одгледување, во прв ред од аспект на климатските фактори. Имено таа бара потопла клима за нејзино успешно одгледување. Кајсијата има релативно кратко зимско мирување и поради тоа зимските и пролетните температурни амплитуди го загрозуваат нивното производство, односмо многу често се случува измрзнување на цутните пупки, цветовите и заврзаните плодови. Поради тоа производството на кајсија главно е лоцирано во земји со континентална и медитеранска клима. Во Светот се произведуваат над 3 милиони тони, додека кај нас производството на кајсии е многу мало и според статистиката тоа изнесува околу 1000 тони годишно.

    Кајсијата брзо се развива, рано прородува, обилно и редовно раѓа, добро поднесува суша, а плодовите се со одличен квалитет. Кајсијата релативно е отпорна на болести и штетници. Но производството на кајсијата е ограничено поради појава на предвремено сушење на стеблото - појава позната како апоплексија. Рано созрева кога пазарот не е задоволен со свежо овошје. Плодовите имаат голема употребна вредност и се секогаш барани на пазарот. Плодовите содржат суви материи, шеќери, органски киселини, пектини, танини, каротини, витамини, минерали и ароматични материи. Освен во свежа состојба може да се користат за разни преработки, за сушење и за правење ракија.

 Кајсијата спаѓа во фамилија Rosaceae, подфамилија Prunoideae, род Armeniaca, во чии рамки се евидентирани 10 видови кајсии. Најголем број сорти потекнуваат од видот Armeniaca vulgaris или обична кајсија. Други позначајни видови се сибирска кајсија Armeniaca sibirica, дива кајсија Armeniaca davidiana, маџуриска кајсија Armeniaca manddzurica, јапонска кајсија Armeniaca japonica и други.

Подлоги за кајсија
   Кајсијата е осетлива на температурни колебања, непогодни влажни и тешки почви. Затоа прашањето за подлоги е доста испитувано и се наведуваат разни резултати и препораки. Кајсијата се калеми на генеративни и многу ретко на вегетативни подлоги. Поважни подлоги за наши услови се следниве:

1. Зерделија - е ситна полудива кајсија со горчлива јатка. Коренот е претежно скелетен и продира на поголема длабочина и широчина. Добро поднесува суви, каменливи, песокливи, лесни, пропусливи и карбонатни почви. На влажни и тешки почви страда од вертицилиум, армеларија и слично, кое е знак за предизвикување на предвремено сушење на стеблото. Отпорно е на нематоди. Зерделијата има одличен афинитет со сите сорти кајсии и на погодни почви и положби дава развиени долговечни и родни овошки. Зерделијата има добра ’ртливост како при есенска, така и при пролетна сеидба.

2. Културни сорти кајсија - често се употребуваат како подлоги, поради лесно обезбедување на семе од фабриките за преработка. При тоа не се води сметка за здравствената состојба на овошките, за сортниот состав и друго. Од повеќе истражувачи е констатирано дека семенците од културните сорти кајсии се најлоши подлоги, најосетливи на почвени услови, на температурни колебања, на предвремено сушење.

3. Џанката - е масовно употребувана подлога. Поднесува секакви почви, добро поднесува и повлажни и потешки почви. Од широката популација треба да се одберат типови џанки со жолто месо, со добра ’ртливост на семето, со уедначен и брз пораст на семениците кои со добра нега би стигнале за високо калемење на 60 до 70 цм, уште во времето на првата вегетација или евентуално за пролетно или јунско калемење во втората вегетација.

4. Праската - како подлога масовно се користи во Калифорнија. Праска е особено погодна за добро дренирани, песокливо-глинести почви, каде што дава високи приноси, покрупни плодови - кои порано зреат за неколку дена. Повеќето сорти имаат добар афинитет, а особено сортата ројал, која во некои случаеви се користи како посредник.

5. Бадеми - има слаб афинитет со повеќе сорти, освен со лујзет. Затоа се оди преку посредник праска или слива аженка. На овој начин во Шпанија се користи горчливиот бадем, кој е отпорен на жилогризот.

6. Торинел - е нова француска подлога за кајсија, добиена со вкрстување на сливите R.C.P. 994 и R.C. de Bovay. Се одликува со мала бујност, добар афинитет, се размножува со резници и инвитро. На влажна почва страда од асфикција. Интересна е за погусти интензивни насади. Рано прородува и изобилно раѓа. Отпорна е на некои нематоди.

Опис на некои сорти на кајсија

Унгарска  

Потекнува од Унгарија, каде се пронајдени голем број на нејзини вариетети, а е раширена во голем број земји. Оваа сорта порано се сметаше за еден од најквалитетните сорти на пазарот, па поради тоа беше водечка во голем број земји. Плодот е крупен од 45 до 60 гр. Формата е тркалеста, ретко помалку сплескана со малку заострен врв. Покожицата е со портокалово жолта боја, а понекогаш има црвенило од сончевата страна. Таа е обрасната со ситни, нежни мовлести влакненца. Месото е портокалово, средно тврдо, нежно, слатко накисело, ароматично и многу вкусно. Многу лесно се оделува од коската. Созрева во прва декада на јули. Добро поднесува транспорт. Одлична е за свежа конзумација и за преработка.

Роксана  

Потекнува од Авганистан. Созрева неколку дена по унгарската кајсија, во прва декада на јули. Плодот е крупен и може да достигне тежина од над 70 гр, е со тркалезно издолжена форма. Покожицата е портокалево жолта а од сончевата страна може да биде прекриена со црвенило. Месото е портокалево, цврсто, многу сочно, слатко накисело, и многу лесно се одвојува од коската. Толерантна е кон шарка на сливата, а не е многу осетлива на болести, што се смета за предност.

Крупна скопјанка  

Пронајдена е случајно во насад во Скопје, Република Македонија. Созрева во првата деката од јули, на 2 до 3 дена после роксана. Плодовите се крупни, може да достигнат тежина и до 90 гр, и се со тркалезно издолжена форма. Покожицата е портокалово жолта, со благо црвенило од сончевата страна. Месото е портокалово, цврсто, сочно, слатко накисело, многу квалитетно,лесно се одвојува од коската. Може да се користи за свежа конзумација и за преработка, но и за сушење. Доста е отпорна на ниски температури. Ова е една од најотпорните сорти на шарка на слива.


http://zemjodelie-ovostarstvo.com/kajsija-i-rasad-na-kajsii-vo-makedonija.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Кајсија

Пишување by Гостин on Пон Мај 23, 2016 10:43 am

Лек или отров: Ова овошје лекува рак, но може и да ви наштети!





Витаминот Б17 кој се наоѓа во семките од кајсии е сè попопуларен алтернативен лек за рак, но експертите предупредуваат на неговата токсичност и опасноста од неговото консумирање.

Алтернативните методи на лекување на ракот често претставуваат последната сламка на надеж кај хроничните болни од рак, особено кај оние видови со мошне мала стапка за лекување или преживување.

Поради тоа, чудотворните методи се многу популарни, а една од нив е и лекување на карциномот со витамин Б17, кој уште се нарекува амигдалин. Тој витамин за првпат е откриен во горчливиот бадем, а подоцна и во семките на кајсиите благодарение на хемичарот Ернст Т. Кребс.

Витаминот Б17 се состои од една молекула бензалдехид (benzaldehyde), една молекула хидроцијанид (HCN - hydrogen cyanide) и две молекули на гликоза (шеќер). Бензалдехидот и цијанидот се отровни елементи, а залагачите на оваа метода на лекување на ракот тврдат дека тие токсични елементи се фокусирани само на клетките на ракот. Но, научниците предупредуваат дека цијанидот во тој лек може да го убие болниот пред тоа да го направи ракот, пишува „Дејли мејл“.

„Земањето цијанид во семките од кајсии резултира со сериозни несакани ефекти, како губење на чувството на допир и вкочанетост на прстите, но и смрт ако отровот се наталожи во телото“, стои во предупредувањето на британската Агенција за стандарди на храна и лекови.

Повеќето вебстраници кои ги продаваат овие семки препорачуваат консумирање од 10 до 12 од нив на ден за спречување на проширување на туморот, што е половина од дозата за која е утврдено дека е смртоносна за здравиот човек. Кај пациентите лекувани со хемотерапија и ослабен имунитет, дури и таа доза може да биде фатална.

http://plusinfo.mk/vest/70831/lek-ili-otrov-ova-ovoshje-lekuva-rak-no-moze-i-da-vi-nashteti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот