Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГАЗДА У ПЕТ ДО ДВАНАЕС

Go down

ГАЗДА У ПЕТ ДО ДВАНАЕС  Empty ГАЗДА У ПЕТ ДО ДВАНАЕС

Пишување by osa Чет Фед 13 2020, 18:12

[size=40]ДУИ ја условува поддршката за законот за ЈО со прекројување на изборната единица 6

Во Собранието денеска сѐ што се случува е по ходниците, канцелариите и во собраниското бифе. Цел ден се очекува почетокот на пленарна собраниска седница на која треба да се гласа за предлог-измените на законот за јавно обвинителство, но засега претседателот на Собранието не ја закажува седницата. Последна инфоермација од таму е дека ДУИ бара измени во Изборниот законик со прекројување на границите на ИЕ 6.

[/size]
ГАЗДА У ПЕТ ДО ДВАНАЕС  Mkd-403489


Пред распуштање на Собранието на маса наеднаш се стави предлогот на ДУИ за измени и во Изборниот законик со конкретно барање за менување на границите на Изборната единица 6. ДУИ бара за измените во Изборниот законик да се гласа пред измените во законот за ЈО.
Неофицијално од ДУИ брифираат дека за ова била постигната согласност со СДСМ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, не го напуштаат законодавниот дом, но велат дека нема да гласаат за измените во законот за ЈО и бараат предлог законот да биде подготвен од експерти, па дури потоа да дојде на гласање во Собранието.
Досега на веб страницата на Собранието нема најава за седницата.
Расправата за законите, според првичните информации, постои можност да заврши денеска, а за нив евентуално да се гласа следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.
Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот. Неофицијално, владејачкото мнозинство веќе има обезбедено двотретинско мнозинство со пратениците на Беса, но сѐ уште се лобира меѓу пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу останатите партии кои ги претставуваат Албанците во Собранието. 









ГАЗДА У ПЕТ ДО ДВАНАЕС  Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=32&loc=https%3A%2F%2Fwww.mkd

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот