Ekonomija

Страна 1 of 15 1, 2, 3 ... 8 ... 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 03, 2015 9:34 pm

Dojdoa i do krajot na zadolzhuvanjata...Nikoj od nadvor izgleda ne saka povekje da vlozhuva vo diktaturata...P a moraat onie koi zavisat od milosta na vlasta...BTW, Fokus nesrekjno go izbral naslovot...Mnogu povekje bi 9dgovaralo "Vladata NE zadolzhi"...

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 21 МИЛИОН ЕВРА

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.

Преку продажба на едногодишни обврзници, денеска Владата се задолжи кај домашните кредитори со нови 21 милион евра. Ова задолжување не беше најавено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерството за финансии.

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.
По завршувањето на минатата календарска година, вкупниот јавен долг на Македонија изнесуваше 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

http://fokus.mk/vladata-se-zadolzhi-so-novi-21-milion-evra/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Вто Мар 03, 2015 10:08 pm

Teo напиша:Dojdoa i do krajot na zadolzhuvanjata...Nikoj od nadvor izgleda ne saka povekje da vlozhuva vo diktaturata...P a moraat onie koi zavisat od milosta na vlasta...BTW, Fokus nesrekjno go izbral naslovot...Mnogu povekje bi 9dgovaralo "Vladata NE zadolzhi"...

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 21 МИЛИОН ЕВРА

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.

Преку продажба на едногодишни обврзници, денеска Владата се задолжи кај домашните кредитори со нови 21 милион евра. Ова задолжување не беше најавено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерството за финансии.

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.
По завршувањето на минатата календарска година, вкупниот јавен долг на Македонија изнесуваше 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

http://fokus.mk/vladata-se-zadolzhi-so-novi-21-milion-evra/
Нели велеа дека сме нискозадолжена земја со 39% од бруто домашниот производ........лаги, лаги

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 10, 2015 7:07 pm

Eve pak deneska...Novi 33 milioni evra dolg od domashniot pazar...Na strancite izgleda im dojde umot...

Државата се задолжи 33 милиони евра

Државата денеска се задолжи за 33, утре треба да врати 47 милиони евра. На аукција на државни хартии од вредност, министерството за финансии издаде едногодишни државни записи од речиси 18 милиони евра, како и 10-годишни и 15-годишни државни обврзници со вкупна вредност од 15 милиони евра. Овие пари ќе се враќаат во 20025 и 2030 година со камата од 3,8 односно од 4 отсто. Според аналитичарот Слободан Најдовски, ова е доказ за недоговорниот однос и расипничките политики на власта во делот на јавните финансии.
- На Владата не и преостанува ништо друго освен да се задолжува, бидејќи не сака да си го наруши својот комодитет и да ги скрати расходите, особено оние нерационалните. Како што слушнавме во објавените разговори од опозицијата, се измислувале најразлични расходи, кои не се во функција ниту на развојот на економијата на РМ, ниту пак се во функција на социјалните фондови, вели Најдовски.

Државата и минатата недела се задолжи на домашниот финансиски пазар за 21 милион евра , но за разлика од денешната, таа аукција не беше најавена во календарот на министерството за финансии. Веќе утре министерството треба да исплати 47 милиони евра позајмени минатата година.
- Тоа е резултат на една филозофија која ја има оваа Влада во водењето на буџетската политика, а таа се состои во трошење многу повеќе отколку што создава македонската економија. Во јануари оваа година темпото на растот на расходите е двојно повисоко од растот на приходите. Како резултат на тоа се јавува зголемен дефицит од 6 милиони евра, објаснува Најдовски.

За разлика од повеќето аналитичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески тврди дека буџетот е во одлична кондиција. Тој минатата недела изјави дека не постои опасност од грчко сценарио во македонската економија. Јавниот долг на земјава на крајот на 2014 година изнесуваше 3,9 милијарди евра или 45,8 отсто од БДП.

http://telma.com.mk/vesti/drzhavata-se-zadolzhi-za-33-milioni-evra

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Сре Мар 11, 2015 5:38 pm

Prodolzhuvaat...Zhiveeme na krediti...A kje gi vrakjaat???

Каде ќе заврши вишокот од 47 милиони евра од вчерашното задолжување?

Владата планираше да се задолжи со 33 милиони евра, но по продажбата на државните хартии од вредност вчера, се задолжи со 94,6 милиони евра. Продаваше акции со рок на враќање од една, 10 и 15 години и со каматна стапка оо 1,70 отсто, 3,80 и 4 отсто.

http://plusinfo.mk/vest/17969/kade-kje-zavrshi-vishokot-od-47-milioni-evra-od-vcerashnoto-zadolzuvanje-

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Саб Мар 14, 2015 10:05 am

Taka e , ama kaznite se od 500 do 1000 evra...A kasata e prazna...Plus partiskite vojnici vraboteni vo UJP se nesposobni i mrzelivi...

ПРИЈАВУВАЊЕТО ДАНОК Е НЕПОТРЕБНА ОБВРСКА НА ГРАЃАНИТЕ

Експертите велат дека граѓаните не треба да имаат обврска да поднесуваат годишна даночна пријава за персонален данок, на ниту еден начин, ниту во хартиена форма, ниту електронски, зашто за тоа нема потреба. Тие потсетуваат дека со годишните извештаи (ГИ) што ги доставуваат фирмите и со месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН), УЈП практично ги има сите податоци за секој обврзник на данок и затоа нема потреба граѓаните посебно да го прават тоа.

Електронскиот начин на работа на УЈП велат треба да се приспособи на искуствата од другите држави и посочуваат на словенечкото искуство каде што фирмите, независно дали станува збор за редовен работен однос, или за хонорар, или пак за некој друг вид плаќање, внесуваат податоци за тоа што исплатиле и за данокот. Така, граѓаните и тековно имаат увид во својата заработувачка. Годишната пријава практично е пополнета, граѓаните ги проверуваат податоците.

http://mkd-news.com/prijavuvaneto-danok-e-nepotrebna-obvrska-na-graganite/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Чет Мар 19, 2015 7:38 pm

Завршија лагите. Вистината почна да излегува на виделина...

МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРД ЗА 64 ОТСТО ПОНИЗОК ОД ЕВРОПСКИОТ

Животниот стандард на Македонците е за 64 отсто понизок од просекот на граѓаните на Европската унија. Според последно објавената табела на Евростат, европска статистичка служба, во Македонија бруто-домашниот производ пер капита, мерен според стандардот на куповната моќ, е на ниво од 36 отсто од просекот на Европската унија.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=709EC1D49160A84AB4CC89FA781E6AE5

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed on Пон Мар 23, 2015 4:53 am

Teo напиша:Prodolzhuvaat...Zhiveeme na krediti...A kje gi vrakjaat???
Во Буџетот 2015 е предвидено раздолжување кон странски кредитори 20 милијарди денари ( 325 мил. евра), но и ново задолжување од 16 милијарда денари од странство.
Податоци за долг од државни хартии од вредност (домашен долг) има на страната на МФ - состојба со ДХВ. На крајот на февруари долгот е 67,860,490,000 ден, што е 3 милијарди ден. помалку од Јуни 2014.
Трендот на намалување на домашниот долг е пред се заради кредитот од 500 милиони земен во Јуни/Јули 2014.

Во табелата на вкупниот јавен долг (домашен + надворешен) не е наведена гаранцијата за автопатите во износ од 580 милиони евра.
(Види Извештаи за јавен долг  и Закони произлезени од гаранции - на веб страната од МФ)
Во "Годишен извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2013 година", стр 15 до 17, педантно се наведени долговите кои не се од Централната Влада и гаранциите за ЈП. На стр 33, графикон 28 е прикажана состојбата на гарантираниот јавен долг.
Разликата од 2012 до 2013 е околу 150 милиони евра гарантиран јавен долг.
Арно ама тука ги нема гаранциите за кинеските автопати, околу 783.4 милиони УСД
Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проектот за изградба на автопат-делница Миладиновци“, кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 149/13;
Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“, кој ќе се склучи меѓу Експорт - Импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 149/2013;
Службен Весник, 2013/149 напиша:Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“ кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта во износ од 505.044.966,98 долари, доколку ЈП за државни патишта не ги исполнува и не ги сервисира обврските од Договорот за заем.
Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за “Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци - Штип” кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта во износ од 278.374.071,98 долари, доколку ЈП за државни патишта не ги исполнува и не ги сервисира обврските од Договорот за заем  
783.40 USD = 726.199 EUR (според "xe dot com")

Со други зборови, прават тежок фалсификат, слично на Грција во 2010 кога не ги извести партнерите од ЕУ дека нивните државни железници должат поголема сума на пари.
Со тоа што кај нас должникот е Агенцијата за патишта.
Можеби и заради тоа без тендер се гради автопатот (разговор Јанкулоска - Ставревски), полесно е да се сокрие долгот ако нема тендер и ако НБРМ е исклучена.
ПС - линкови не смеам да постирам (немам 7 дена од регистрација).
Линкови ( ; = .)
Податоци за домашен долг  "www;finance.gov.mk/mk/node/2284"
Состојба на јавен долг  "www;finance.gov.mk/mk/node/57"
Извештаи за јавен долг  "www;finance.gov.mk/mk/node/60"
Закони произлезени од гаранции  "www;finance.gov.mk/mk/node/192"
Закон за гаранција ... за „Проектот за изградба на автопат, делница Миладиновци Штип“  "www;finance.gov.mk/files/u5/Zakon_za_garancija_Miladinovci-Stip.pdf"
Закон за гаранција ... за „Проект за изградба на автопат, делница Кичево Охрид“  "www;finance.gov.mk/files/u5/Zakon_za_garancija_Kicevo-Ohrid.pdf"

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Пон Мар 23, 2015 1:58 pm

Arhimed, vo posledno vreme dvapati vladata se zadolzhuva, no samo na domashniot pazar...Odlozhena e prodazhbata na obvrznici, isto taka na dvapati, na megjunarodniot pazar...Ima shpekulacii deka toa se dolzhi na nezainteresiranosta na stranskite kreditori za makedonskite obvrznici...Imash li nekakva informacija za toa, i dali mozheme da pretpostavime deka stranskite investitori se dosta popretpazliva vo odnos na porano, shto bi bil indikator za loshata ekonomska situacija vo Makedonija...

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed on Пон Мар 23, 2015 3:11 pm

Teo напиша:Arhimed, vo posledno vreme dvapati vladata se zadolzhuva, no samo na domashniot pazar...Odlozhena e prodazhbata na obvrznici, isto taka na dvapati, na megjunarodniot pazar...Ima shpekulacii deka toa se dolzhi na nezainteresiranosta na stranskite kreditori za makedonskite obvrznici...Imash li nekakva informacija za toa, i dali mozheme da pretpostavime deka stranskite investitori se dosta popretpazliva vo odnos na porano, shto bi bil indikator za loshata ekonomska situacija vo Makedonija...
Тео,
Немам никакви информации за одложена продажба на обврзници, ниту имам било какви контакти од МФ или други институции.
Единствено можам да ги читам табелите за финансиите (долгови, извршување на буџет, хартии од вредност), и истите ги коментирам.

Дали странските инвеститори не се заинтересирани? Зависи која каматна стапка е понудена, и зависи дали се бара осигурување на задолжување. Со оглед на криењето на долговите, ништо чудно да се бараат високи камати и високи трошоци за осигурување.
Засега има девизни резерви (кои се топат) и можат на домашен пазар да се задолжуваат. Зоран Ставревски може да пишти колку сака, ама не може да ги разубеди НГ и СМ (со тапија душевно болни) и мора да свитка опашка. Единствено може на Горде по телефон да се жали.

Една работа ја забележав на страната на МФ. Последните вести се од 4 Март 2015 - како да им застанало времето, уште се во шок од бомбите.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 24, 2015 10:45 pm

Kade li kje zavrshat 39 milioni evra pari, koi narodot kje mora da gi vrakja...

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА НОВИ 124 МИЛИОНИ ЕВРА

Владата продолжува со праксата да се задолжува кај домашни кредитори пред секое раздолжување, па така денеска се задолжи за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години.

Владата продолжува со праксата да се задолжува кај домашни кредитори пред секое раздолжување, па така денеска се задолжи за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години.

Утре пак, Владата ќе треба да се раздолжи, исто така, на домашните кредитори, и ќе им врати 85 милиони евра по основ на доспеани долгови.

Заклучно со крајот на 2014 та година, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

http://fokus.mk/vladata-se-zadolzhi-za-novi-124-milioni-evra/

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Вто Мар 24, 2015 10:50 pm

Teo напиша:Kade li kje zavrshat 39 milioni evra pari, koi narodot kje mora da gi vrakja...

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА НОВИ 124 МИЛИОНИ ЕВРА

Владата продолжува со праксата да се задолжува кај домашни кредитори пред секое раздолжување, па така денеска се задолжи за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години.

Владата продолжува со праксата да се задолжува кај домашни кредитори пред секое раздолжување, па така денеска се задолжи за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години.

Утре пак, Владата ќе треба да се раздолжи, исто така, на домашните кредитори, и ќе им врати 85 милиони евра по основ на доспеани долгови.

Заклучно со крајот на 2014 та година, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

http://fokus.mk/vladata-se-zadolzhi-za-novi-124-milioni-evra/
Значи одиме по стапките на Грција.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 10:41 pm

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НАМАЛЕНИ ЗА 153 МИЛИОНИ ЕВРА

Во февруари девизните резерви изннесувале 2 милјарди и 330 милиони евра, за разлика од јанури кога биле 2 милјарди и 483 милиони евра, покажуваат податоците од Народна банка на Република Македонија. Ова намалување на резервите од 153 милиони евра за само еден месец се должи на предвремената отплата на кредитот од ММФ.

„Најновите податоци за девизните резерви покажуваат значително намалување од почетокот на годината. Доколку се анализира според факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата, при што најголем ефект имаше предвремената отплата на кредитот од ММФ, користен во рамки на кредитната линија за претпазливост“, се наведува во последниот извештај на Народна банка.

Економистите се согласуваат дека влијание врз падот на девизните резерви има предвременото исплаќање на долгот кон ММФ, но тие велат дека намалувањето е и последица на зголемените трошења на Владата за купување социјален мир, пренесува телевизија 24 Вести.

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 10:41 pm

НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ НА МАКЕДОНИЈА ЗГОЛЕМЕН ЗА 734 МИЛИОНИ ЕВРА

За една година, надворешниот долг на Македонија пораснал за 734,6 милиони евра, покажуваат податоците од Народна банка на Македонија. Сега надворешниот долг изнесува 5 милијарди и 954 милиони евра, а лани тој бил 5 милијарди и 219 милиони евра.

Со овој пораст на надворешниот долг, сега тој достигна 69,78 отсто од бруто домашниот производ, односно зголемување од 5,4 отсто.

Внатрешниот долг пак, во кој влегуваат централната влада, локалната самоуправа и фондовите за социјално осигурување, е 2 милијарди и 125 милиони евра или за 516,7 милиони повеќе од 2013 година.

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 10:43 pm

Kluchnoto prashanje e do koga kje izdrzhime...Pred da bankrotirame kako Grchka...

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Вто Мар 31, 2015 10:44 pm

Грчка школа, само во пропаст ја носат државата.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 10:47 pm

I neshto okolu platite...I toa za prosechnite...Ako zboruvame za najniskata, makedonskite gragjani se volshebnici...Zatoa shto ti treba magija, za da prezhiveesh cel mesec so minimalna plata...

МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАТИ ДЕСЕТ ПАТИ ПОНИСКИ ОД ЕВРОПСКИТЕ

Од 3,8 евра до над 40 евра пресмета „Евростат“ дека чини еден час труд во европските земји во 2014 година. Во Македонија, според наши пресметки, работниците во просек земаат околу 2,2 евра за еден час работа. Тој износ се добива ако се подели износот на последната просечна плата за јануари од 21.828 денари, со бројот на работни часови во месецот (околу 160 часа). Овој податок не треба да не зачудува. Македонските плати, и просечната и минималната, се најниски во споредба со земјите од регионот, додека со европските разликата е огромна.

Македонската плата по час е најблиску до бугарската, 3,8 евра, која пак, е најниска во Европа. За споредба, во 2013 година платите во Бугарија биле во просек 3,7 евра по час, а во 2012 година - 3,4 евра. Според европската статистика еден час работа најдобро се плаќа во сферата на услугите и во бизнис-секторот, а во индустријата и градежништвото платите се најниски. Од регионот, највисоки се платите во Словенија, таму еден работен час чини 15,5 евра, во Грција 14 евра, а во Хрватска 9,4 евра.

Според податоците што вчера ги објави „Евростат“, минатата година просечната плата по час во ЕУ изнесувала 24,6 евра, а во еврозоната 29,2 евра. Најплатени се работниците во Данска - по 40,3 евра на час. Високи плати имаат и во Белгија од 39,1 евра за час работа, Шведска има 37,4 евра, Луксембург 35,4 евра, Германија 31,8 евра, а Франција 35 евра по час. Всушност, Норвешка, која е надвор на графата членки на ЕУ, според „Евростат“ има највисока плата. Во оваа земја еден час труд чини над 50 евра.

На дното на листата се Романија со плата за работен час од 4,6 евра, Литванија со 6,5 евра и Латвија со 6,6 евра.

Македонските работници може само да сонуваат за овие плати. Нашиот просек на месечна плата е 350 евра. Земјава никако не може да се одлепи од дното на европската скала на месечна заработувачка. Но, не само што сме далеку зад европскиот просек, туку заостануваме и со платите во соседството. Сите земји на Балканот, освен граѓаните на Косово, имаат поголеми примања од македонските. Во сите други соседни држави граѓаните заработуваат двојно или повеќе од двојно во споредба со Македонците, дури и кога станува збор за исти професии и образование. Домашната Статистика покажува и уште една друга темна страна на македонската живејачка. А, тоа е дека за период од 5 години платите во просек пораснале за околу 20 евра. Или, ако просекот во 2010 година изнесувал околу 330 евра, а сега е 350 евра. Ова зголемување се смета дека е резултат на повисоките плати во администрацијата, но не и во приватниот сектор. Практиката покажува дека најголем дел од вработените земаат околу 200 евра плата, а просекот го „билдаат“ платите во банкарскиот и информацискиот сектор, во електричната дејност, здравството, фармацијата,... кои се и највисоки во државава.

Во споредба со регионот најмали плати, освен Македонците, имаат и работниците во Албанија и Косово. Следна е Србија, со просек од околу 400 евра, Црногорците имаат просечна плата од 480 евра, во БиХ просекот е 380 евра, а во Хрватска и Словенија просечните плати се движат над 800, односно 1.000 евра.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=85FD54F9BC965D479EAA7CFEAC86A3E2

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Вто Мар 31, 2015 10:58 pm

Teo напиша:I neshto okolu platite...I toa za prosechnite...Ako zboruvame za najniskata, makedonskite gragjani se volshebnici...Zatoa shto ti treba magija, za da prezhiveesh cel mesec so minimalna plata...

Дали веруваш во ова што е напишано ? 70 посто е лага.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Вто Мар 31, 2015 11:15 pm

http://sverige-norge.se/loner-i-norge/

овде имаш отприлика и за Шведска и за Норвешка,ова тие во Шведски и Норвешки круни и тоа се бруто значи во Шведска одбиваш околу 28 посто данок,данокот варират од град до град,се движит од 24 посто до 32 посто.
Значи пишуват таму учител во основно школо земат 26 500 круни минус 30 посто данок добиваме 20 000 круни тоа е околу 2000 евра.На тие 26500 евра се плакат уште 42 посто пензионо и социјално и тогаш се добиват една сума од 36000 круни.
Еден шофер во Шведска земат 135 до 150 кр бруто отприлика 11 евра нето.Во Норвешка земат 50 круни повеке но Норвешка е 30 посто поскапа за живот од Шведска ,ова тие правата слика Тео.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 5:04 pm

Многу чалами, малку странски инвестиции - најголеми тутурутки сме во регионот!

Најавените 8,5 милијарди евра странски инвестиции од прогамата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 години не се достигнати ниту по осум години владеење на оваа партија. Според статистичките податоци на Народната банка од јуни 2006 година до крајот на 2014 година, во земјава влегле 2,18 милијарди евра (3,41 милијарди долари).

Споредено со регионот, тоа би значело многу понизок износ на остварени странски инвестиции. Црна Гора, на пример,според податоците на тамошната статистика, за исто толку години остварила 5,5 милијарди евра. Србија за истиот период, според податоците на Светска банка,  остварила над 20,53 милијарди долари странски инвестиции, Албанија 6,88 милијарди долари, Босна и Херцеговина 6,07 милијарди долари и Косово 3,58 милијарди долари.

Податоците за лани, пак, покаживаат дека во земјава се влезени 262 милиони евра (349 милиони долари). Податоците на Светската банка за Црна Гора се 450 милиони долари, за Косово 343 милиони долари, а Албанија има повеќе од 1,2 милиjарди долари, додека во Србија влегле скоро 2 милијарди долари, а во Босна и Херцеговина 315 милиони долари.

Ако овие бројки се поделат според бројот на жителите на секоја од овие држави, Македонија повторно е подобра само од Босна и Херцеговина. Во Македонија лани влегле само 182 долари по жител, во Црна Гора 750 долари, во Албанија 444 долари, додека во Босна и Херцеговина 83 долари по жител. Слична е состојбата и во изминатите неколку години.

Професорот на универзитетот на ЈЕИ, Мирољуб Шукаров, вели дека главниот проблем што земјава има вакво ниво на странски инвестиции е тоа што не успева да создаде институционален амбиент кој ќе обезбеди сигурност за капиталот на идните инвеститори.

- Се уште стоиме лошо во однос на привлекувањето на странски инвестиции, бидејќи како држава не направивме ништо да го поправиме институционалниот амбиент со кој би привлекле инвеститори какви што посакуваме, а не шпекулативни инвеститори какви што сега имаме. За инвеститорите што ги посакуваме се важни стабилен правен, судски, политички и економски систем, каде што нивниот капитал ќе биде сигурен. Ако тоа го нема, џабе им се нудат монетерните привилегии, евтина работна сила или ослободување од даноци и придонеси. Тие не им се важни во моментот на донесувањето одлука. Ваквите компании инвеститори не доаѓаат во Македонија како туристи, да видат што може да спечалат и да си одат, туку планираат долгорочно останување, кое подразбира и нивно ширење и создавање гроздови од фирми кои ќе соработуваат со нив. Ваквите компании со себе носат нова технологија и знаење,се инкрпорираат во економијата и влијаат на нејзиниот развој. Кога ќе се создаде такво јадро, многу полесно ќе се доаѓа до нови инвеститори - вели Шукаров.

Владата, пак, со став дека политиката што ја води во однос на привлекувањето на странските инвестиции придонесе за намалување на невработеноста и за зголемување на извозот. До сега се креирани повеќе од 11.000 работни места, а компаниите реализирале извоз од над 1 милјарда евра.

Опозицискиот СДСМ смета дека и покрај големите вложувања во привлекување на станските инвеститори, владата не успева да обезбеди посакувано ниво на странски инвестиции.

- Нето добивката од вложувањата во роуд шоуа, реклами, привилегии кои им се даваат на инвреститорите, за кои патем јавноста во текот на сите години нема информации колкави се, сигурно се највисоки во регионот, не ги даваат очекуваните резултати. Се пропагира дека со овие инвестиции се намали невработеноста и се зголемуваат платите, но податоците говорат друго. Познато е дека платите кај странските инвестирои се на ниво на минималната плата. Од друга страна, пак, се создава лажна слика дека странските инвестиори се и најголеми извозници. Ралноста покажува дека тие се и најголеми узовници, па ефектот е незначителен. Со еден збор, вложеното е далеку повеќе од она што е добиено од странските инвестиции - вели Кире Наумов од СДСМ.

http://grid.mk/read/news/510004728/9856635/mnogu-chalami-malku-stranski-investicii-najgolemi-tuturutki-sme-vo-regionot

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by tmoro on Сре Апр 08, 2015 1:07 pm

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Пет Апр 10, 2015 1:00 pm

Кога дпмне-овците ќе се разбудат од зимски сон, ќе сфатат дека пастирот им ја уништил државата и им ги задолжил и правнуците. Оние другите, кои не се вовлечени во нечиј шупак, тогаш ќе бидат некаде далеку...

Нови задолжувања за дедомразовските ветувања на власта

Многу ветувања, малку пари. По отворањето на аферата „прислушување“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ почна да организира народни собири низ Македонија, на кои премиерот Никола Груевски вети низа погодности за граѓаните. Со оглед на тоа што државната каса само во првите два месеци од годинава е во минус од 75 милиони евра, економистите предвидуваат дека „дедомразовските“ ветувања само ќе ја зголемат таа дупка и оти задолжувањето ќе расте.

http://www.makdenes.org/content/article/26948488.html

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed on Пет Апр 10, 2015 5:06 pm

luxor напиша:Кога дпмне-овците ќе се разбудат од зимски сон, ќе сфатат дека пастирот им ја уништил државата и им ги задолжил и правнуците. Оние другите, кои не се вовлечени во нечиј шупак, тогаш ќе бидат некаде далеку...

Нови задолжувања за дедомразовските ветувања на власта

Многу ветувања, малку пари. По отворањето на аферата „прислушување“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ почна да организира народни собири низ Македонија, на кои премиерот Никола Груевски вети низа погодности за граѓаните. Со оглед на тоа што државната каса само во првите два месеци од годинава е во минус од 75 милиони евра, економистите предвидуваат дека „дедомразовските“ ветувања само ќе ја зголемат таа дупка и оти задолжувањето ќе расте.

http://www.makdenes.org/content/article/26948488.html
Во принцип, сите трошоци за 2015 се ставени во Буџетот. Се што ќе се вети во меѓувреме мора соодветно да се изгласа како ребаланс на Буџет.

Буџетот ги опфаќа и задолжувањата, во делот финансирање на буџет. Ги опфаќа и субвенциите (делот трансфери).

Прашање е дали овие предвидени трошоци во буџетот се исплаќаат навремено.
Краткорочните задолжувања за тоа и служат - за да се исплатат побарувањата навреме за да не се кочи економијата.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пет Апр 10, 2015 6:29 pm

Beshtiive kleptomanski deka se gotovi toa e povekje od sigurno!
Ke pomine i ke splasne euforijata! Ke ja pomirisame slobodata i ke ja osetime povtorno radosta na ziveenjeto.
Megjutoa, ke pomine mnogu vreme za da mozeme navistina da se vratime vo "normala". Pari nema, a ke treba da se vrakjaat kreditite i iznesenite pari nadvor. ke ima odredena satisfakcija so golemiot broj na konfiskacii na imoti- dvizni i nedvizni, firmi i slicno, sudenja po razni osnovi ama toa slabo ke go napolni prazniot stomak na narodot.
Sepak MakedonCETO e zilavo (u prosek pomalku i priglupo) ama cim na dushata ke mu olesni, polesno prebroduva i izdrzuva nemastija!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Гостин on Пет Апр 17, 2015 9:28 am

Власта не задолжува по еден милион евра дневно

Владата повеќе се задолжува отколку што се раздолжува. Од почетокот на годината досега, долгот на државата е зголемен за 116 милиони евра, анализира Радио Слободна Европа. За три и пол месеци, владата позајмила 352 милиони евра, а вратила стари долгови во вредност од 236 милиони евра. Најголемо задолжување е направено минатиот месец, кога владата позајмила 240 милиони евра, а вратила долгови од 178 милиони евра, односно само во март го зголемила долгот за 62 милиони евра.

„Тоа е над 1 милиони евра ново задолжување дневно во оваа година. Па треба да сте совршено неспособен за да се задолжувате толку на еден народ од два милиони жители или се работи за спасување на лична глава по секоја цена или човечката историја памети владетели коишто велат после мене потоп“, вели поранешниот министер за економија Зоран Витанов.

Целата анализа прочитајте ја на веб страницата на Радио Слободна Европа

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=7&vest=21647

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed on Пет Апр 17, 2015 5:48 pm

Teo напиша:Власта не задолжува по еден милион евра дневно
[/quote]
Биљал Касами напиша:Економскиот аналитичар Биљал Касами вели дека по почетокот на објавувањето на „бомбите“ на опозицијата, владата се однесува како во вонредна состојба.
Тие најавуваат нови трошења за кои нема пари, па затоа мора да се задолжуваат.
Мислам дека е директна рефлексија на ситуацијата. Ние гледаме дека целиот владин тим низ цела Македонија најавува нови мерки, кои гледано од буџетски аспект, од аспект на јавни финансии, тоа се нови пари и нов одлив на средства од буџетот
Освен новите ветувања на власта, постои притисок за навремена исплата на предвидените трошоци. Секое чекање на исплата на субвенции, штети од поплави, да не спомнуваме плати и пензии; ќе го забрза падот на Груевски.

Во нормални држави, задолжувањата служат за навремена исплата на предвидените трошоци. Секое доцнење на исплата од државата/општината и нивните ЈП влијае штетно на секоја економија.

Протестите изнудуваат нови ветувања, но и финансиска дисциплина на власта (за претходните ветувања), оттаму и задолжувањата.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ekonomija

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 15 1, 2, 3 ... 8 ... 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот