Македонски непокор

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Македонски непокор

Пишување by reiter on Пет Јун 19, 2015 3:31 pm

ОДБЕЛЕЖАНИ 102 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ напиша:


Со полагање свежо цвеќе на споменикот на жртвите од Тиквешкото востание во 1913 година, денеска во Кавадарци беа одбележани 102 години од првиот организиран народен вооружен отпор во Македонија. Востанието против српската власт, која ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна, започнало на 19 јуни 1913 година и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО. За настанот, историски час пред присутните одржа директорот на Музеј-галеријата, Петре Камчевски кој нагласи дека востанието било поттикнато од насилствата што ги вршеле српските окупаторски власти врз населението во напорите за негова асимилација. „Тиквешкото востание се криеше 80 години, се' до 1993 година кога во организација на Општина Кавадарци и Музеј-галеријата беше организиран симпозиум на кој главна тема беше вооружениот отпор во1913 година. Денеска овој настан е составен дел од македонската историја и македонската историографија“, рече Камчевски. Со востанието биле ослободени Кавадарци и Неготино и уште педесетина тиквешки села. Во борбите загинале околу 1.000 тиквешани од кои на 500 со сигурност им се знаат имињата. Голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. (А.Д.) напиша:
http://www.utrinski.mk/?ItemID=A86F647BB3F74F4BA9495CB4244E76EF

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Македонски непокор

Пишување by reiter on Пет Jул 29, 2016 10:44 pm

Во спомен на Илинденските востаници, еден мал дел од големото востание кое ја покажува големината на востаниците и желбата за слободна Македонија.Вечна им слава..
Втори Август-Илинден 1903-та....


 
Крушевскиот манифест
Vostanicki_shtab_vo_KrushevoБраќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.

Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.

Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!

Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...

Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ГО ОБЈАВУВА ВОСТАНИЕТО



2 Август 1903 г.

Слобода или смрт!

Штаб на крушевските востаници
Но1219
Гората, 1903

До раководителот на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските групи

Браќа

Брзаме да ви го честитаме востанието!Денеска цела Крушевска околија заедно со цела Македонија крена востание и вика:Долу тиранијата!Да живее слободата и рамноправноста меѓумакедонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудесна радост се прибира под знамето на слободата.Момите и невестите ги китат со цвеќиња главите и пушките на востаниците!До што турчин се најде по патиштата и селата, се фати и е пленик и залог.Насекаде пеење, радост и веселба.Гориме од нетрпеливост и ќекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме Крушево, та заедно со целиот народ да ГО ИЗВИКАМЕ ПОБЕДОНОСНОТО МАКЕДОНСКО УРА!

Бог и правото се со нас!

Да живее Македонија!



Потпишале:

Питу Гули,
Иван Алабак,
Андреја Димов,Ѓурчин Наумов и Ташко Карев.



Штаб:

Никола Карев,
Томо Никлев,
Тодор Христов,
Антиноген Хаџов.

http://mn.mk/istorija/347-krusevskiot-manifest

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот