Цреша

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Цреша

Пишување by Гостин on Нед Мар 08, 2015 8:05 pm

Ботаничка припадност и стопанско значење на цреша

Црешата потекнува од Мала Азија од каде е пренесена прво во Европа а понатаму во други делови на Светот. Стопанското значење на црешата се огледа во тоа што многу едноставно се одгледува, живее доста долго, рано прородува, плодовите рано созреваат и се многу ценети на пазарот, а покрај сето тоа раѓа редовно и обилно секоја година. Негативно за оваа култура е тоа што поради висината на овошките тешко се бере. Денес ова негативност е отстранета со калемење на слабо бујни подлоги, а овошките се формираат со ниска круна така да плодовите може да се берат од земја. Црешата спаѓа во фамилија Rosaceae, подфамилија Prumoideae, род Prunus или Cerasus а вид Prunus или Cerasus avium, која е родоначелник на над 2000 сорти културни цреши.

Подлоги за цреши
   Црешата и вишната спаѓаат во родот Cerasus, па можат да се калемат на исти подлоги. Ќе ги наведеме само поважните подлоги:

1. Дива цреша, врапчарка (Prunus avium) - се среќава во шумите. Обично дава големи овошки со висина од 10 до 12 м, но се среќаваат и џиновски диви овошки. Дивата цреша има неуедначена ’ртливост. Во некои години поголем дел од семето никнува во наредната година. Затоа треба да се одбираат семенски овошки со висока ’ртливост на семето во текот на првата година. Дивата цреша има голем пораст, обично се сее дирекно во питомникот. Има добар афинитет со сите сорти на цреши и дава големи и долговечни овошки. Дива цреша како подлога не поднесува влажни и тешки почви, поради тоа што страда од асфикција, вертицилиум и друго заболувања на кореновиот систем кои доведуваат до брзо сушење на овошките.

2. Питоми сорти цреши - кои зреат доцна, можат да послужат како подлога за цреши. Како особено погодни се сметаат сортите: дроганова, жолта, наполеонова. Овие сорти имаат посигурна ’ртливост и поуедначен пораст, а развиваат и подлабок коренов систем.

3. Магрива, горупла, черемуша, рашелка (Prunus mahaleb) - е една од најшироко применетите подлоги за цреша. Дава помали овошки во однос на дивите цреши, што е предност при берба. Афинитетот со сортите цреши не е најдобар - често се јавува задебелување на спојното место и неуедначена дебелина на подлогата и сортата, меѓутоа, ова не ја намалува родноста и квалитетот на плодовите. Магривата како подлога се одликува со голема отпорност на суша и вар, добро се развива на сиромашни и скелетни почви. Не поднесува влажни и тешки почви.

4. Вишна (Prusus cerasus) - може да послужи како генеративна или вегетативна подлога за цреша. Особено се дава предност за кисели, повлажни и потешки почви, а поднесува и повеќе соли во почвата во однос на други подлоги. Овошките калемени на оваа подлога се многу помали што е предност за рачна берба. Афинитетот кај сите сорти не е еднаков.

5. Облачинска вишна - во последно време се испитува и облачинската вишна како слабобујна подлога за црешата. Според наши испитувања, повеќе сорти цреша имаат задоволителен афинитет со облачинската вишна, особено раните сорти. Кај подоцните сорти афинитетот е послаб, што се гледа во послабиот прием, големото задебелување на спојното место и слабиот порас на овошката. Инкомпатибилни се сортите гермердорфска и козерска. Овошките се 2 до 3 пати помали во однос на другите подлоги. Со повисоко калемење од 40 до 50 цм се постигнува уште поголемо намалување на бујноста но и на стабилноста. Недостаток на облачинската вишна како подлога е што дава многу изданоци кои треба непрекинато да се уништуваат.

6.Попуџуџести вишни - како подлоги за цреши се испитуваат и полуџуџести вишни: песочни вишни (Prunus besseyi), пустинска вишна (Prunus tomentosa), степска вишна (Prunus fruticosa) и многу други, кои имаат мал раст од 1 до 1.5 м. Се размножуваат со семе и со изданоци. Голема разлика во бујноста создава проблеми при нивното користење. Подобри резултати се постигнуваат при нивно користење како посредници.

7.Вегетативна подлога F12/1 - содадена во Англија со селекција на дивата цреша, има нешто помала бујност, меѓутоа, тешко се ожилува со нагрнување а многу често страда од вируси, па затоа нема широка примена. Размножувањето со изданоци се практикува кај многу домашни сорти на вишни како што е облачинската вишна, битолската марела, домашната (обична) кисела вишна и др. Ова е ефтин и брз начин на размножување, применуван во широката народна практика. Недостаток на овој метод е тоа што во насадот се добиваат многу изданоци кои ја истоштуваат овошката, а се потребни трошоци за нивно систематско уништување.

8. Типови подлоги за намалување бујност на црешите - бујноста и високите овошки се голем проблем за бербата на црешите. Овој проблем се решава со ниско формирање на круните, создавање на копакт сорти, употреба на салабобујни подлоги и посредници, ретарданти или пак со комбинирање на овие методи. Но селекцијата на слабобујни подлоги е речиси најефикасен начин и на тоа се работи во повеќе институти.

Опис на некои сорти на цреша

   Според времето на зреење сите сорти цреши се поделени на 6 групи и тоа: Многу рани (прва недела на зреење на црешите), рани (втора недела на зреење на црешите), средно рани (трета недела на зреење на црешите), средно доцни (четврта недела на зреење на црешите), доцни (петта недела на зреење на црешите) и могу доцни (шеста недела на зреење на црешите).

Бурлат
Потекнува од Канада. Созрева во почетокот на 4-та недела на црешата (средно доцни цреши). Во случај на дождливо време при зреењето на плодовите лесно скапуваат бидејќи се собрани во китки. Плодот е крупен просечно 7.5 гр, а по форма е округлесто срцест. Покожицата е со темно црвена боја. Дршката е доста кратка. Месото е цврсто, сочно, слатко накиселено и ароматично.

Ван
Потекнува од Франција. Созрева рано односно кон крајот на првата и почетокот на вторада недела на црешите. Плодот е крупен просечно од 6 до 7 гр, со затапено срцеста форма. Бојата на покожицата е светло црвена до темно црвена. Исто така и покожицата е доста цврста. Месото е полу цврсто, црвено, сочно, со складок вкус. Одлична сорта за свежа конзумација.

Старк харди џајн
Потекнува од Соединетите Американски Држави. Созрева во 4-та недела на црешите (средно доцни цреши), од 3 до 4 дена после ван. Плодот е доста крупен просечна тежина му е околу 8 гр, со издолжено срцеста форма. Покожицата е со црвена (рубин) боја. Месото е рскаво, слатко накисело, со пријатна арома и со добар квалитет.





Стела
Потекнува од Соединетите Американски Дрзави. Созрева прикрајот на 5 недела на црешите. Плодот е крупен околу 8 гр, и е со затапено срцеста форма. Покожицата е мазна, со темно црвена боја. Месото е цврсто, рскаво, сочно, слатко накисело, со пријатна арома и одличен квалитет.
Дроганова жолта
Потекнува од Канада. Ова е прва самоплодна сорта цреши. Созрена кон крајот на 4-та недела на црешите. Плодовите се крупни просечно од 7 до 8 гр, со карактеристична издолжена срцеста форма. Бојата на покожицата е темо црвена и многу привлечна. Месото е цврсто, рскаво, сочно и фино. Вкусот е слатко накисел со пријатна арома. Одлична сорта за свежа конзумација и за преработка.
Бинг
Потекнува од Германија. Созрева во 6-та недела на црешите. Плодовите се крупни од 5 до 6 гр, со изразито округлесто срцеста форма. Покожицата е тенка, со сјајна жолта боја. Месото е цврсто, сочно, слатко киселкав но и малку со горчлив вкус. Овој горчлив вкус доаѓа од танинските материи. Оваа е одлична сора за преработка.
http://zemjodelie-ovostarstvo.com/cresha-i-rasad-na-cresi-vo-makedonija.html?showall=&start=1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Цреша

Пишување by Гостин on Сре Сеп 28, 2016 10:24 am

Монголски цреши

Станува збор за џуџеста грмушка која многу раѓа. Плодовите имаат темно црвено месо и темно црвен сок. Овие нови цреши се многу ветувачки и за конзумирање како свежо овошје и за индустриска преработка.
Растењето во форма на џуџеста грмушка има многу предности:
Отпорност во зима и отпорност при суша
Максимален раст до 4m, иако микро и макро климата можат да обезбедат поповолни услови и подобро да влијаат врз растот. Ова овозможува механичка берба со што се избегнува рачно берење.
Денес црешата не се одгледува на својот корен, мора да биде калемена на други подлоги. Затоа денешните цреши се склони кон бројни проблеми во одгледувањето, на пример се случува сериозен проблем ако се излупени во местото на калемење, па растот продолжува со цутот од тоа што се користи како подлогата наместо да расте сортата цреша која е калемена. Овој проблем не може да се појави кај монголските цреши бидејќи тие растат директно од сопствениот корен.
Нема значајни оштетувања и болести па најчесто се одгледуваат органски или со драстично намалена употреба на хемикалии. Плодот е темно црвена боја и како и сите овошја кои имаат темна боја, богати се со високо ниво на антиоксиданси. „Брикс“ или сладоста на монголската цреша е исклучително висока. Кај класичните цреши обично е во опег од 11-16, додека кај монголските цреши достигнува повеќе од 20 пати „Брикс“
Дозрева од крајот на јули до крајот на август кога, обичните цреши ги нема на пазарот. Плодот во физиолошката зрелост може да остане подолго доколку сеуште се наоѓа на стеблото, каде што плодовите добиваат уште потемна боја и посладок вкус. Големината на плодовите се движи од 2-4cm со боја која варира од светло црвена до црна. При бербата пожелно да се берат заедно со стебленца бидејќи тоа ќе им овозможи да се чуваат подолго. Црешите може да се чуваат неизмиени, лабаво покриени со пластична фолија 3-7 дена. Помеките овошја имаат пократок период на складирање.
Важно е да се напоменат и хранливите својства на црешите: многу ниско ниво на заситени масти, холестерол и натриум. Тие се добар извор на диетални влакна, бакар и манган, витамин А и витамин Ц. Плодовите на црешите содржат висока количина на моќни антиоксиданси, антоцијанин, кои можат да помогнат во ублажувањето на воспалението и намалување тегоби кај артритис и гихт.

http://agroalternativa.info/mongolski-tsreshi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот