Seksi edukacija

Страна 10 of 11 Previous  1, 2, 3 ... , 9, 10, 11  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 10:20 pm

Не бе, не можевме да стигнеме од пастирот ти.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by IVA on Чет Фед 25, 2016 10:29 pm

ne me teraj sega ja da ti vadam prljav ves ..a i da ti izvadam kaj moes ti da svatis sto pisuam
avatar
IVA

Број на мислења : 239
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 10:35 pm

IVA напиша:ne me teraj sega ja da ti vadam prljav ves ..a i da ti izvadam kaj moes ti da svatis sto pisuam

И тоа ти е од твоите. Кљусев уште 92-ра ви кажа дека машините за перење ќе ви бидат луксуз. Па сега имале прљав веш, е па ќе имате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 10:41 pm

ke naudis ima vreme ili nema .zatoa aj dojdi u meanata iamam da tiu kazam nesto. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Сре Мар 09, 2016 7:15 pm

KiBik ischezna...Posle dolga potraga, dojdovme do nekakvi soznanija...Naoruzhan so znaenje i diploma od seks edukacijata na Melnica otishol da go primenuva nauchenoto vo beliot svet...I da se zbogati sekako...

Жени плаќаат по 200 евра на странци за да ги доведат до оргазам

Всушност, станува збор за оргазмичка медитација која им дава надеж на жените дека се подобрува нивниот сексуален живот, особено на оние кои имаат потешкотии во постигнувањето на оргазам.

Интересно е што се работи за групни активности каде жените се соблекуваат од половина надолу, а експертот ги допира нивните интимни делови, вклучувајќи и масажа на клиторисот.

Оргамистичката медитација е започната во 2001 година, но во последно време се повеќе расте нејзинината популарност.

Жените за оваа бизарна активност плаќаат околу 200 евра.



Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Пон Мар 14, 2016 6:38 pm

kade otisol da se zbogati? i jas znam trikovi nekoi.Da odam da mu pomogna.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by osa on Пет Мај 06, 2016 1:47 pm

6 причини поради кои жената заминува дури и кога ве сака
Никогаш не ја потценувајте љубовта на една жена. Колку и да ве сака, дури и најзаљубената жена во еден момент е подготвена да си замине од вашиот живот. Чувствата не се нешто што би требало да го сфатите здраво за готово, особено кога покрај себе имате жена која ве сака и ве почитува.

Се чувствуваат осамено

Секоја жена има потреба да знае дека му значи на саканиот. Ако мажот не е тука да ја подржи, нема причина зошто би ја продолжила врската со него. Кога жените се во врска, партнерот е фокусот на нивниот свет. Мажите од друга страна кога еднаш ќе се почувствуваат комфорно во врската, забораваат на емоциите. Жената започнува да чувствува емотивна осаменост и недоволна посветеност од страна на својот партнер.
Не е ценета

Нема ништо полошо за една жена кога знае дека она што го зборува нема никаква важност за нејзиниот партнер. Истото важи и за мажите. Замислите како го кажувате она што го мислите, а другата страна ве исмева поради тоа или едноставно не ве ни слуша што имате да кажете?! Непријатно чувство зарем не? Жената решава да замине кога станува свесна дека партнерот не ја сфаќа сериозно.
Не се чувствува сексуално посакувана

Мажите се сексуални суштества и немаат проблем да имаат секс секогаш кога ќе посакаат. Кај жените нештата се малку покомплицирани зошто имаат потреба од интимност, предигра и чувство дека се потполно сексуално посакувани. Рутината е смрт за љубовната врска. Не ретко се случува жената да реши да ја прекине љубовната врска затоа што нејзиниот партнер повеќе не и покажува дека ја посакува, како во креветот така и надвор од него.
Поминува низ значајна животна промена

Во животот се соочуваме со најразлични кризни периоди. Понекогаш тоа е криза на средни години и менопауза, друг пат е сериозна болест или пак значајна животна промена. Во овие мигови жената има потреба од маж кој ќе биде покрај неа и ќе и даде целосна поддршка. Доколку се случи тој да потфрли, големи се шансите таа да го замени со некој кој ќе и го даде потребното.
Премногу предвидливост

Мажите лесно влегуваат во рутината. Колку се постари, толку потешко ќе ги натерате да направат нешто ново и непредвидливо. Од друга страна жените имаат потреба од спонтани изненадувања. Понекогаш дури и обичниот знак на внимание може да внесе свежина во заедничкиот живот. Но, кога нештата постојано тапкаат во место, можно е да настане проблем.
Маж кој никогаш не е тука

Излегувањето со пријателите е сосема нормална работа, но не и кога станува секојдневие. Кога мажот има повеќе време за сите други нешта, но не и за својата сакана, таа полека, но сигурно започнува да се дистанцира од него. Нејзината дистанца води кон помал физички контакт, а со тоа и до намалување на интензитетот на емоции што на крајот резултира со раскинување или развод.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by osa on Пет Мај 06, 2016 1:49 pm

moja konstatacija ,vo celost imaat pravo so ovaa studija

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 7:30 pm

C c c, toa verojatno go pishuvala nekoja feministka...No, ima istrazhuvanja i vo obratna nasoka...

Три главни причини поради кои мажите ги оставаат добрите жени

Тој бил многу „загреан“ по тебе, но одеднаш престанал. Еве кои се причините за тоа, кои никогаш нема да ти ги каже.
Често можете да кажете дека не сте виделе дека раскинувањето „доаѓа“, а од друга страна, тие навистина можат да дојдат неочекувано. Не е важно како доаѓа до раскинување, тие најчесто имаат нешто заедничко, а овие три скриени причини речиси секогаш се појавуваат.

Тој чувствува дека е под притисок и дека е несоодветен за врска

Дали постојано „трчаш“ по него? Дали сакаш повеќе љубов, внимание, секс отколку што добиваш? Дали чувствуваш дека непрестано се обидуваш да ги средиш работите во односот?

Доколку се пронаоѓаш во некое од овие прашања, твојата врска не е во согласност и многу е можно тој да чувствува дека е во врска под притисок. Важно е да знаеш дека не е твоја вина. Повеќето мажи бегаат од емоционалниот притисок како да се работи за борба за опстанок (што во нивната глава и се случува). Тоа влијае врз нивното разбирање на машкоста и прави да се чувствуваат несигурно, како ништо што прават за вас да не е доволно добро (иако често тоа не е вистина), а тоа прави тие да се повлечат отколку да работат на проблемот.

Вашата врска изгледа како натпреварување

Доколку мажот мора да се бори со жената за „контрола“ во врската, тој смета дека во животот на жената со која е во врска нема простор за маж. А, не е лошо да запомните дека тоа во врските е многу важно.

Ова не значи дека мажот треба да ја контролира целата врска, секоја страна треба да има контрола врз одредени сфери, но доколку жената во врската се однесува како апсолутно сè да може да направи сама, на крајот и ќе заврши – сама. Не треба да се чувствувате како да се борите со партнерот за нешто, врската ја прави соиграчот, а не противникот. А, и колку ви е тешко да му дадете да отвори тегла која можете да ја отворите и сами, да замени сијалица, да ви отвори врата и така натаму...

Не чувствувате почит

Никогаш нема да можете да изградите сериозна врска со мажот кого не го почитувате. За да имате стабилен однос мора да чувствувате дека сте тука еден за друг, како и да си ги уважувате мислењата. Мажот мора да знае дека во својот најслаб момент во вас ќе најде утеха и поддршка, а не осуда. Не сте свесни колку жени има што машките емоции ги сметаат за слабост. Не бидете една од нив.

Нека знае дека сте способни со него да преминете преку сè, дека не може поради искреност да ја изгуби вашата почит и дека всушност вие сте му најсилната поддршка која може да ја добие кога сè околу него ќе тргне наопаку.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 8:26 pm

e zosto, zosto.pa se jade li grav sekoj den.nisto ne znae6te.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Саб Мај 07, 2016 6:39 pm

Каков ви е палецот, таков ви е љубовниот живот





Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:38 pm

10 работи кои се целосно неважни кога ќе се заљубиме

10 работи кои се целосно неважни кога ќе се заљубиме
Книгите и филмовите се главни виновници што имаме погрешна слика за мажите и за тоа како тие треба да се однесуваат со нас.

Вистината е дека мажите ниту можат да бидат толку романтични, ниту да живеат во бајковити дворци, а уште помалку да јаваат на познатиот бел коњ на кој би требало да се појават.

Господинот Совршен не постои, но кога е вистиската љубов во прашање, тој воопшто не мора да биде таков.

Што не игра никаква улога кога ќе се заљубите?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:39 pm

1. Неговата плата

Дали ќе се однесува кон вас на начинот на кој заслужувате воопшто не зависи од неговата плата. Секоја вистински заљубена девојка ќе ви потврди дека состаноците за кои не се потребни пари се состаноците кои вистински се паметат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:39 pm

2. Неговата популарност

Момчињата кои го имаат главниот збор во друштвото секако дека им се привлечни на жените. Но, кога вистински ќе се заљубите ќе видите дека неговата срамежливост и ненаметливост се токму она кое го прави привлечен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:39 pm

3. Неговиот изглед

Иако секој девојка сонува за момче со атлетски изглед, вистината е дека физичкиот изглед воопшто нема да ви биде важен кога ќе сфатите дека тој е оној вистинскиот за вас.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:40 pm

4. Неговата висина

Кога ќе бидете сигурни дека сте ја нашле сроднаат душа неговата висина веќе нема да биде причина за носење или неносење на високите неудобни штикли.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:40 pm

5. Неговото семејство

Единствената работа која треба да ја имате на ум е дека вие сте во врска со него, а не со неговото семејство. Вистинскиот маж ќе ви пружи поддршка, заштита и нема да очекува целото слободно време кое го имате да го потрошите во кругот на неговото семејство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:40 pm

6. Неговата облека

Некои момчиња едноставно не знаат како да ја комбинираат облеката. Ако ги прашувате нив секоја маичка совршено одговора со сите фармерки. Но, тоа не е причина да не им дадете шанса. Во моментот кога тој ќе ви биде убав и во најсмешната комбинација, ќе знаете дека вистински сте се заљубиле.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:40 pm

7. Неговите години

Не дозволувајте стереотипите на општеството да ви ја скратат шансата за вистинска љубов. Години понекогаш навистина се само бројка. Личностите кои имаат неколку години повеќе од вас се личности од кои можете да научите многу.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:41 pm

8. Неговото претходно искуство

Воопшто не е важно со кого бил претходно, бидејќи постојат причини зошто не е со нив. Не заборавајте дека секој од нас има свое минато, благодарени на кое сите сме станале она што сме во моментот. Најдоброто нешто што можете да го направите е да го оставите минатото онаму каде припаѓа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:41 pm

9. Неговата романтичност

Гледајте на работите на овој начин: сите момчиња кои се добри во изведување на романтични трикови ги повторувале истите многупати претходно сè додека не ги усовршиле, па нивното однесување е повеќе сигурен шаблон на кој паѓаат девојките отколку чувства кои доаѓат од нивното срце. Ако те слуша внимателно додека зборуваш како си го поминала денот или се грижи кога не му се јавуваш, биди сигурна дека тој постојано мисли на тебе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Нед Мај 08, 2016 3:41 pm

10. Неговата сличност со вас

Правилото вели дека спротивностите се привлекуваат, па затоа не грижете се ако дечкото со кого сте во врска не сака иста музика како вас или не се одушевува на истите филмови како и вие. Најубавиот дел од секоја врска е да погледнете низ очите на другиот и да видите дали можеби вие нешто не сте забележале најубаво.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Сре Aвг 31, 2016 6:35 pm

Еве зошто мажите им раскинуваат на жените…

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна.

Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Сре Aвг 31, 2016 6:35 pm

Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Гостин on Сре Aвг 31, 2016 6:36 pm

Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Seksi edukacija

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 10 of 11 Previous  1, 2, 3 ... , 9, 10, 11  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот