Pileshko...Na sekakov nachin...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Чет Мар 12, 2015 7:58 pm

Пилешки ражничи со зеленчук - кромид, тиквички и чери домати



Состав                                                  
200 г пилешко месо
1 тиквичка
100 гр чери домати
1 главица кромид
100 гр печурки
1/2 лажиче црн пипер
1 лажиче оригано
сол
30 г путер

Подготовка
Тиквичката се сече на тркалца, а чери доматите и печурките се мијат темелно и се оставаат да се исушат. Кромидот се лупи и сече на четвртинки. Пилешкото месо, се сече на коцки. На дрвени раженчиња се набодува месото и зеленчукот. Посипете со зачините и премачкајте ги состојките со путер. Ражничите се печат на скара од сите страни додека поруменат.

http://www.ringeraja.mk/gospodinjstvo_recepti_recept.asp?ID=1180

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Пет Мар 13, 2015 9:47 pm

Ushte eden ubav recept...Pileshko so pechurki...

Состојки

2 лажици масло
400гр. пилешки гради, исецкани на коцки
1 главица кромид, исецкан
2 парчиња сланина, исецкана
250гр. шампињони, исецкани
30гр. брашно
1 лажица сенф
200мл. пилешка супа од коцка
100мл. хопла
1 лажици сецкан магдонос




Подготовка

Загрејте масло во голема тава на силен оган. Пржете го пилешкото со мешање 5 минути додека да добие златно-жолта боја. Потоа профрлете го на чинија.
Во тавата додадете кромид и сланина. Пржете го 3-4 минути додека да омекне кромидот. Додадете ги печурките. Гответе ги со повремено мешање 2 минути. Додадете го сенфот и брашното. Промешајте и постепено додадете ја пилешката супа.
Кога смесата ќе зоврие вратете го пилешкото во тавата. Намалете ја јачината на ринглата и покријте ја тавата. Гответе го пилешкото 15 минути.
На крај во тенџерето додадете хопла и зачинете со сол и бибер. Гответе го без да зоврие уште 3 минути. Додадете магдонос и промешајте. Посужете го овој специјалитет веднаш.

http://off.net.mk/mojata-kujna/glavni-jadenja/pileshko-so-pechurki-0

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 6:38 pm

Пилешко и печурки во лиснато тесто



Комбинација од пилешко месо, печурки, јајца и павлака во лиснато тесто … Многу фино и вкусно јадење.

Потребно е:
500 гр замрзнато лиснато тесто
500 гр пилешко бело месо
400 гр печурки
2 јајца
1 младо кромидче
1 чешне лук
мелен сув зачин
мајчина душичка
мелена црвена пиперка
власец
сол, бибер
50 гр кашкавал гауда
малку маслиново масло

Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на поголеми парчиња, зачинете го со сол, бибер, мелен сув зачин и мелена црвена пиперка. На малку загреано маслиново масло пропржете ги парчињата месо од сите страни.

– Печурките измијте ги убаво и исецкајте ги на тенки листови. Младото кромидче и чешнето лук исецкајте ги ситно. Продинстајте ги заедно на истата маснотија на која го пржевте месото. Зачинете по вкус, со сол, бибер и мајчина душичка.

– Двете кори лиснато тесто ставете ги на работната површина и развлечете ги со димензија на тавата во која ќе печете. Ставете ги една врз друга во намастената тава и одсечете го вишокот тесто кое излегува надвор од рабовите на тавата.

– На тестото ставете прво половина од смесата со печурки, потоа ставете го рамномерно месото и на крај завршете повторно со печурките.

– Убаво изматете ги јајцата со киселата павлака и прелијте над печурките. Одозгора изрендајте го кашкавалот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

http://lider.mk/2015/03/31/spremete-pilesko-i-pecurki/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Kalinda on Вто Мар 31, 2015 11:26 pm

Убав рецепт !Штом ке завршат постите ке го пробам .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Чет Јан 28, 2016 9:18 pm

Тортили полнети со пилешко



Состојки
1 паковање тортили ( 8 парчиња )
500 гр пилешки стек
1 парче кромид
2 пиперки
250 гр свежи шампињони
1 лажица мешан зачин
1 мало лажиче црн бибер
250 мл вода
300 гр рендан кашкавал
300 мл кечап

За почеток на овој убав рецепт потребно е да се измие и да се исчисти цел зеленчук што е потребен.
Кромидот по можност голема Бучинска главица (оној водлестиот) исецкајте го на коцки.
Пиперките измијте ги и исецкајте ги на коцки.
Шампињоните исчистете ги и исечете на коцки.
Пржете по ред.
Додадете масло па кромид.
Кога ќе добие кристална боја, додадете ја пиперката.
Шампињоните исчистени и исецкани додадете ги во вок тавата.
Пилешкиот стек исечете го на коцки па додадете го и него и зачинете.
Оставете да се попржи на тивко околу 15 минути, а потоа додадете ја водата и оставете да крчка околу 20 минути.
Готовиот фил послужува за полнење на тортилите.
Земете една тортила и на крајот ставете со лажица дел од филот.
Завиткајте само од едната страна ( како на сликата ) и виткајте во ролничка.
Повтортете ја постапката со сите тортили.
Редете ги во тава која претходно ја подмачкавте со путер.
Врз наредените тортили попрскајте кечап, а потоа нанесете рендан кашкавал.
Вака подготвените тортили ставете ги во загреана рерна околу 10 минути.
Служете ги топли со чаша црвено вино.
На здравје

Забелешка
Имате додатни слики како да ја завиткате од едната страна.Тоа е потребно за да може маснотијата да си испадне од неа и во тортилата да остане онолку колку е потребно.




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Пет Мар 11, 2016 12:07 pm

Англиска пита со пилешко и печурки



Состојки
лиснато тесто
700 гр. пилешки стек
малку сол
1/4 мускатно оревче
табаско сос
30 гр. путер
младо кромидче
малку чили
1 гранче мајчина душичка
250 гр. прокељ
2 раце печурки
1 голема лажица павлака
1 лажица брашно
1 лажица сенф
250 мл. пилешки бујон
1 јајце

Подготовка

Чекор 1: Месото исечете го на ленти со дебелина од 1 сантиметар. Пржете го во голема тава на оган со маслиново масло. Додадете го мускатното оревче, сол и табаско.

Чекор 2: Додадете го путерот, исецканото младо кромидче, малку чили, мајчина душица и прокељот. Печурките тенко исецкајте ги и додадете ги во тавата. Додадете ја павлаката, брашното и сенфот и бујонот. Промешајте убаво да се соедини и оставете да се издинста.

Чекор 3: Издинстаното месо префрлете го во тавата за печење и прекријте го со лиснатото тесто. Премачкајте го со изматено јајце и печете на 200 степени во загреана рерна додека да зарумени.

Чекор 4: Сервирајте!



http://moirecepti.mk/post/angliska-pita-pilesko-pecurki/#ixzz42ajjdHIU

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Чет Сеп 15, 2016 7:05 pm

Пилешко со лимон



Состојки
4 копани - зад копани
3 лажици маслиново масло
на вкус сол,бибер
1/2 лимон - сокот и изрендана кора
по желба неколку листови жалфија

Пожелно е да изберете  зад - копанот, но нема да е грешка ако се спрема и копанот.

- На вкус осолете ги месото, зачинете со бибер.
- Во тавка со нелеплива површина (јас користев тава од линијата на Делициа)ставете маслото да се загрее, внимателно положете го месото со кожата надоле и нека се пржи на тивко од двете страни, при самиот крај додадете ја нарендата кора од лимонот, нека кратко заедно повторно се пржи. Залијте со исцедениот сок , нека помине минутка време и тргнете, доколку ја сакате жалфијата - додека е топло додадете неколку листови, одлично се сложуваат жалфијата и лимонот.
- Вака спреманото месо е готово да го сервирате со прилог кој вие ќе си го одберете.

Напомена
- Кога ќе го положите месото со кожата надоле, потрудете се и бидете трпеливи да не го превртувате без да биде убаво испржено од таа страна. Значи месото да претрпи само едно превртување. Ако вака ги приготвите ќе имате крцкава кожа.
Затоа што го обожаваме вкусот на сокот од лимон и жалфија никогаш не ја изоставувам, секогаш е присутна во вакавата комбинација.
- Нема да згрешите ако и копаните вака ги спремите, но сепак зад копанот е тој што ја игра улогата овде.
Нека ви е слатко!



https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Гостин on Пет Сеп 16, 2016 6:02 pm

i beli vince so ubavo ke odi.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by osa on Пет Сеп 16, 2016 6:47 pm

ti si za pienje ili jadenje ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pileshko...Na sekakov nachin...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот