Kapina

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Kapina

Пишување by Гостин on Пон Мар 16, 2015 6:52 pm

Капина

Ботаничка припадност и стопанско значење на капина
kapini
Капината е деликатесно овошје со голема хранлива, диететска, профилактична, лековита и заштита вредност. Плодовите се богати со шеќери, органски киселини, витамини, обоени материи, пектини и минерални состојки. Плодовите можат да се користат за потрошувачка во свежа состојба, за домашна и индустриска преработка, а како замрзната може да се користи во текот на целата година. Капината со своите биолошки и производни карактеристики е доста рентабилна јагодеста овошна култура. Предностите на оваа култура произлегуваат од тоа што: лесно и брзо се размножува, едноставно и лесно се одгледува, брзо почнува да плодоноси (во втората година), а од трета година редовно и обилно раѓа. Вработува многу работна рака особено за берба. Добро успева во планински подрачја со нешто потопла клима. Не е преосетлива кон болести и штетници. Плодовите постигаат висока цена. Производството на капина во Светски рамки изнесува од 150 до 200 илјади тона. Најголем светски производител се Соединетите Американски Држави.

Екологија на капината
За одгледување на капината повеќе одговараат потопли услови со доста влага во воздухот и почвата особено во периодот на созревањето на плодовите. Во неповолни услови во текот на зимата капината започнува да измрзнува на температура измеѓу -10 до -15°C. Но ако растението е покриено со снег и заштитено од суви и ладни ветрови, а изданоците не се многу бујни и навреме ја завршиле вегетацијата, капината може да поднесе и пониски температури од -20°C. Големите колебања на температурата прикрајот на зимата и почетокот на пролетта неповолно влијаат на отпорноста на изданоците кон ниски температури, особено за сортите кои рано потеруваат.

Високите температури на воздухот не се погодни за капина. Во вакви случаи се јавува висока инсолација и ниска релативна влажност на воздухот поради што растението губи влага и венее, плодовите остануваат ситни, добиваат ожеготини и губат боја со што и приносите се намалуваат.

Капината добро успева, плодоноси и дава квалитетни плодови само во услови на доволна обезбеденост со влага, односно ако годишно има врнежи од околу 800 мм од кои 500мм да бидат правилно распоредени во текот на вегетацијата. Ако нема доволно врнежи насадите од капина мора да се наводнуваат. Летните суши подобро ги поднесуваат раните трнести сорти во споредба со доцно зрелите безтрни сорти.

Светлината поволно влијае на развојот и плодоносењето на капините. При подигање насади треба особено да се внимава на правецот на редовите во шпалирот и тој треба да биде север - југ. Јаките и суви ветрови можат да предизвикаат големи штети во насадите поради големата транспирација и сушење на плодовите, особено ако тие се јавуваат за време на зреењето. Во однос на почвата треба да се истакне дека капините добро успеваат на длабоки, структурни и пропусливи почви кои се богати со органска материја. Реакцијата на почвата треба да биде благо кисела. Капините тешко поднесуваат тешки, забарени, песокливи но и алкални почви.

Опис на некои сорти капина
Постојат сорти капини со и без трнести израстоци по должината на изданоците. Во производствот повеќе се користат сортите без трње поради полесната берба на плодовите. Од сортите без трње поголемо стопанско значење имаат сортите: torfree, dirksen tornless, hal tornless, black saten, чачанска бестрна и други. Од сортите со трње со своите произвотствени особини повеќе се истакнуваат сортите дароу и чироки.

Торнфри
kapina tornfri
Создадена е во Соединетите Американски Држави. Во производство е од 1966 година. Оваа е водечка сорта во голем број земји. Созрева доцна. Се бере во август и септември, а при потопла есен и во октомври. Џбунот е буен, изданоците се средно долги до долги, ползечки и без трње. Осетлива е на остри зимски мразеви. Цвета доцна, во текот на јуни и првата половина на јули. Таа е самооплодна и родна сорта. Се размножува со ожилување на врвовите на изданоците и со резници. Плодот е средно крупен до крупен од 4 до 5 гр, топчест до зарабено купаст, цврст, сјаен, ароматичен, накисел и квалитетен. Погоден е за свежа конзумација и за различни преработки. Оваа сорта се препорачува само за во потопла клима.

Black saten
black saten
Создадена е во Соединетите Американски Држави од родители СИУС 47 и Thornfree. Во производството е од 1974 година. Плодовите созреваат средно рано, бербата започнува при крајот на јули односно десетина дена пред thotnfree, а завршува на почетокот на септември. Џбунот е многу буен. Изданоците се без трње, доста е отпорна на ниски зимски температури. Цвета средно рано, кон крајот на мај и почетокот на јуни. Рано започнува да раѓа а подоцна редовно и обилно плодоноси. Плодовите се крупни до 7 гр, издолжено купасти, црни. Месото на плодовие е виолетово, средно цврсто, сочно, накисело, ароматично и квалитетно. Плодовите се погодни за свежа употреба и за преработка.

Чачанска бестрна
cacacka bestrna
Создадена е во Чачак, Србија. Од родители dirksen tornles и black saten. Во производство е од 1997 година, а се одгледува во Србија. Созрева средно рано. Почнува да зрее во трета деката на јули, а бербата завршува на крајот на август. Џбунот е доста буен, создава 4 до 6 јаки изданоци без боцки кои при врвот се повиени. Родни гранчиња се формираат по целата должина на изданокот. Не е осетлива на ниски зимски температури. Плодот е крупен до 9 гр, издолжено цилиндричен до заравено купас, сјајно црн, сладок, ароматичен и многу квалитетен. Созрева средно рано, лесно се бере. Плодовите се погодни за свежа консумација а може да се користат и за преработка и замрзнување.

Darrow
darrow kapina
Создадена е во Соединетите Американски Држави. Во производство е од 1958 година. Џбунчето е бујно, изданоците се трнести, исправени, цврсти јаки и поради тоа не е неопходна потпорна конструкција. Плодовите почнуваат да зреат во трета декада на јули а бербата трае околу еден месец отпорна е кон суша и мразеви. Цвета рано кон крајот на мај до средината на јуни. Се размножува со изданоци. Плодот е крупен 3 до 4 гр, издолжено купаст, сјајно црн, цврст, слатко накисел, многу вкусен и квалитетен. Погоден е за свежа консумација, замрзнување и преработка.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/kapina-i-rasad-na-kapini-vo-makedonija.html?showall=&start=1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics
» Kapina

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот