Пушење цигари

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:01 pm

Sudac Leon je zaključio još nešto, po njemu je Sametov rad ucijenio europske političare, s obzirom na veliki ekonomski utjecaj SAD-a, niti jedan EU političar nije imao snage za suprostavljanje GS-u već su svi morali prihvatiti odluke Američke vlade, FDA i trojca iz ove priče. EU se sama obračunala sa znanstvenicima koji su se protivili odlukama iz Amerike, a dobre ekonomske veze s Amerikom su bile puno važnije od istine. EU je brže bolje promijenila svoje zakonske regulative o pušenju i preparatima za prestanak pušenja i njihovu zamjenu, te ih je na neki način prepisala od SAD-a kako ne bi upala u trgovinske i ekonomske probleme.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:01 pm

Jonathan Samet je učinio još neke stvari zbog kojih većina javnog mnijenja smatra kako je duhan opasan:

1992. Samet objavljuje izvješće u EPA-i u kojem okrivljuje pušenje za stvaranje raka. Njegovo izvješće su prenijele sve znanstvene edicije i mediji. Zahvaljujući istome SAD je zabranila pušenje u radnim prostorima. Pa ipak 1995. EPA-ino izvješće je odbila neovisna kongresna grupa s dokazima kako ne postoje dokazi o utjecaju pasivnog pušenja na stvaranje raka.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:02 pm

Sud u Sjevernoj Karolini je 1998. poništio EPA-ino izvješće, ponajviše o pasivnom pušenju, te je sudac okarakterizirao Sametov rad kao „obično smeće koje nema veze sa znanošću.“ Sudac je također naveo kako je Samet svjesno lagao i obmanjivao te da je prikazao lažne zaključke kako bi stvorio tvrdnju o opasnosti pušenja. U zaključku suda stoji kako nema dokaza o tome da pasivno pušenje stvara rak te da se Sametovo izvješće u EPA-i ne smije koristiti.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:02 pm

Unatoč tome Johnatan Samet je postao predsjednik antipušačkog odbora Svjetske zdravstvene organizacije (WHO – World Health Organization), iste one koja znanstvenim putem nije mogla pronaći poveznicu između raka i pušenja, a Samet je sebi priskrbio još jedno važno mjesto, točnije od 2002. do 2004. je bio predsjednik IARC-a, krovnog WHO odbora za internacionalno istraživanje o raku. On je uspio falsificirati studije o štetnosti duhana te je izdao izvješće na 1452 stranice (Monograph 83) u kojem se duhan okrivljuje za stvaranje raka. Zahvaljujući istome Svjetska zdravstvena organizacija stvara internacionalni dogovor o antipušačkom pokretu i u kratkom vremenu objavljuje internacionalnu konvenciju o kontroli duhana. Tu konvenciju su potpisale brojne zemlje u svijetu, uključujući države nastale raspadom Jugoslavije. Shodno tome, sve potpisnice su povećale namete, trošarine i takse na duhan i duhanske proizvode, limitirale su njegovu prodaju i korištenje, zabranile su reklamiranje i obavezale su se na daljnje praćenje naloga WHO-a.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:02 pm

Tek 2010. godine znanstvenici uspijevaju doći do javnosti kako bi objasnili da je IARC-ovo izvješće sve osim istinito, no šteta je već odavno učinjena, ljudi su postali tako kondicionirani da smatraju kako je duhan opasniji od bilo čega drugoga, pa čak i od radijacije koju možemo zahvaliti vojnom i nuklearnom lobiju.

Predsjednik najveće francuske medicinske ustanove, pulmolog Phillipe Even je Le Parizienu ovako objasnio Sametovo laganje:

„IARC-ovo izvješće je čista laž, nema dokaza o tome kako pasivno pušenje uzrokuje rak, shvaćate li što vam govorim, jednostavno nema. Ne postoji ama baš niti jedan jedini razlog za strah od pasivnog pušenja. Ne postoje zdravstveni rizici. Zakoni o restrikciji pušenja su zasnovani na običnim lažima.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:02 pm

Godinu prije toga, Philippe Even i njegov kolega Robert Molimard su izdali kritiku na EU izvješće o opasnosti pušenja iz 2006., točnije prepisanom Samitovom djelu iz SG-a. Njihova kritika je objavljena pod nazivom „Uklanjanje laži o duhanskom dimu“ u kojima su pojasnili kako su prihvaćene opasnosti od pasivnog pušenja laži koje se baziraju na ničemu. Oni su svoj znanstveni rad predali komisiji za javno zdravstvo EU, no tu komisiju financiraju Pfizer i GSK.

Mnogi su znanstvenici progovorili istinu o tome kako duhan nije opasan onako kako nam trube farmaceutske kompanije, no njihov je utjecaj toliki mali da se istina ne može čuti ili se pomno zataškava.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:03 pm

Kako god bilo mi smo odlučili prenijeti barem dio zakulisnih igara o duhanu, a na vama je da odlučite želite li znati istinu ili vam je ugodnije i komfornije živjeti u laži.

Možda nakon provjere naših podataka nećete biti bijesni na pušača ako ga sretnete na ulici, niti ćete misliti kako je pušenje prljava i odvratna navika koja će nesretniku zasigurno donijeti bolnu i preranu smrt. Možda nakon čitanja ovoga teksta i provjere podataka, počnete razmišljati svojom glavom te se zapitate, ako su nam lagali o učincima duhana na ljudsko zdravlje, o čemu nas još lažu?


http://matrixworldhr.com/2015/09/13/velike-farmaceutske-kompanije-financiraju-globalnu-antipusacku-kampanju-i-lazu-o-utjecaju-duhana-na-ljude/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Саб Дек 05, 2015 11:53 am

Ete ti sega...Znachi ne bilo do voljata...

Еве зошто некои луѓе неможат да престанат да пушат цигари

Луѓето што неможат да престанат да пушат цигари имаат таканаречен „ген на задоволството“ што службено се нарекува “Taq1A”.

Најновите научни откритија покажуваат дека проблемите со откажувањето од цигари неможат секогаш да се објаснат со слабата волја, туку, можеби, повеќе зависта од генетската предодреденост.

„Генот на задоволството“ има улога во распределбата на допаминот, мозочната хемикалија што е поврзана со задоволството и чувството за награда, а што мозокот ја испушта кога пушиме цигари.

Научниците сметаат дека зголемените количини на допамин играат главна улога во развојот на зависноста од никотинот. Откриено е дека „генот на задоволството“ условува на луѓето да им биде полесно или потешко да престанат да пушат цигари.

Научниците наведуваат дека на луѓето што имаат „А2/А2“ тип на ген им е полесно да престанат да пушат цигари отколку на луѓето со ген „А1/А1“ или „А1/А2“.

Ова откритие се заснова на резултатите од 22 истражувања во кои учествувале повеќе од 10.000 лица.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Саб Јан 23, 2016 5:11 pm

Еве како пушачите можат да се ослободат од никотинот во организмот.

Четири продукти кои го исфрлаат никотинот од организмот

Поголемиот дел од цигарите содржат 10 или повеќе милиграми никотин, а смртоносната доза е 2 до 16 милиграми. Никотинот е хемикалија која создава зависност и поради која на пушачите им е тешко да ја ги остават цигарите.

Во чадот од цигарите има околу 400 штетни состојки. Никотинот се ресорбира низ белите дробови, слузницата , горните дишни патишта и низ кожата. Пушачите вопросек живеат 13,2 години пократко од непушачите.

Добрата вест е што постојат состојки со кои може да го исчистите никотинот од организмот.

Брокула

Брокулата содржи високо ниво на витамин Б, Б5 и Ц. Недостигот на витамини може да предизвика неправилно функционирање на организмот, затоа е добро во вашата храна да ја вклучите и брокулата поради високиот удел на витамин Ц, кој го одржува метаболизмот и ги чува белите дробови од токсини.

Портокал и лимон

Овие моќни агруми изобилуваат со витамин Ц и поволно делуваат на организмот, особено врз организмот на пушачите бидејќи чадот од цигарите го редуцира нивото на овој витамин. Лимонот е уште помоќно оружје од портокалот во борбата против никотинот. Го зајакнува имунитетот ја чисти кожата и порите и ги ублажува непријатните симпттоми од пушењето.

Спанаќ


Спанаќот содржи фолна киселина или витамин Б9 кои се познати по своите својства да го отстрануваат никотинот од организмот. Тој „отров“ може да го прекине и нормалниот ритам наспиењето па пушачите честопати имаат проблеми со прекинатиот  сон.



Ѓумбир

Ѓумбиорот е познат по тоа дека ги исфрла токсините од телото , а потребно е да се кнсумира сиров.

http://plusinfo.mk/vest/55254/cetiri-produkti-koi-go-isfrlaat-nikotinot-od-organizmot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Чет Јан 28, 2016 9:21 pm

Koj toa veli deka pushenjeto e shtetno???

Видео: Бабичка од Непал пуши 30 цигари на ден и има 112 години



Бабичка од Непал која има оставено век и 12 години пред себе се вика Батули Ламичан. Таа првата цигара ја запалила во тинејџерските години, а намера да престане до пушењето нема. Тајната на нејзината долговечност е токму пушењето на цигари. Дневно пуши околу 30 цигари, што во практиката тоа значи цела кутија и пола. Родена е 1903 година, и веќе активно пуши 95 години, а на 17тата станува активен и страстен пушач.

Батули надживеала многу луѓе, почнувајќи од околината, роднините па дури и своите деца. Не се грижи за тоа колку е стара. Раскажува дека видела многу работи во животот и споделува дека многу работи се смениле од кога била таа млада и сега. Пушењето не го смета за мана на човекот, и вели дека нема ништо лошо ако пушиш цигари, но сепак советува дека треба да се избегнуват “комерцијални” цигари, да не се пушат од оние индустриските, направени од штетни материи.

Ламичан препорачува локален тутун намотан во лист или нашки кажано домашна цигара. Пред 80 години ја напуштил сопругот и заминал во Индија во потрага по работа, имале 5 деца, надживеала 4, а еден од синовите е уште жив. Прилично ситна и мала но сите работи си ги врши сама и не се жали од животот, живее од донации од локалниот хундуи храм.

Бабичката пушач од Непал вели и дека луѓето посебно младите во ова модерно време се многу под стрес, а оние кои не работат или се мрзливи не живат долго по нивна вина. Дополнува и дека треба да се биде активен во секое поле и без стрес. “Секогаш треба да бидете среќни, така долго ќе живеете” – дефиницијата за долг и среќен живот од страна на бабичката од Непал.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:50 pm

Babata samo cigari pusela? Suspect

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Сре Фед 03, 2016 9:22 am

ДАЛИ ЦИГАРИТЕ НАВИСТИНА ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК? – ПРОЧИТАЈТЕ И САМИ ОДЛУЧЕТЕ

Направете разлика меѓу цигарите со хемиски отров и природниот тутун!

Професорот Герхард Шраузер под заклетва дал изјава дека ,, не постои состојка во тутунскиот дим за која е докажано дека предизвикува рак на белите дробови, зборувам за природниот тутун а не за хемикалиите кои се додаваат. Никој до сега ниту во лабараториски услови со испитувања над животни не успеал да предизвика рак на белите дробови кај животните само со тутунски дим,,

Застрашувачкото предупредување дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, рак на усните, рак на јазикот, на гласните жици, мора да се наоѓа на секоја кутија за цигари кои се во продажба. Секако, и покрај тоа што цигарите убиваат, истите и понатаму се продаваат легално и во огромни количини.

Тутунот со децении се сметал за лековита билка, но, човекот пред 50 години дошол до сознание дека истиот може да биде смртоносен. Претходно лековитото својство на тутунот било општоприфатено.

До раниот 20 век речиси секој жител од висока класа во Европа пушел. Лулето бил составен дел од опремата на англиските џентлмени, Шерлок Холмс со лулето решавал мистериозни злочини. Черчил со цигарата водел војни, уметниците со истото ги создавале своите најголеми уметнички дела, а ракот на плуќа речиси и да не постоел.



Професорот Герхард Шраузер под заклетва дал изјава дека ,, не постои состојка во тутунскиот дим за која е докажано дека предизвикува рак на белите дробови, зборувам за природниот тутун а не за хемикалиите кои се додаваат. Никој до сега ниту во лабараториски услови со испитувања над животни не успеал да предизвика рак на белите дробови кај животните само со тутунски дим,,

Целиот пресврт се случил на 16 јули 1945 година во 5:30 часот, кога во воздухот, над Ново Мексико, експлодира првата нуклеарна бомба со сила од 21,000 тони на ТНТ.

Некои од научниците на почетокот сметлле дека ваквата бомба ќе ослободи 5000 тони на ТНТ. По експлозијата било пресмета дека истата била дупло појака со 10,000 тони на ТНТ. Подоцна се покажало дека било ослободена енергија од 21,000 тони ТНТ, дури четири пати повеќе отколку кога првиот пат било предвидено. За неколку секунди милијарди смртоносни радиоактивни честички биле распрскани низ атмосферата до висина од 10 километри.

Со вдишување на само една од таквите честички се уништува ткивото на белите дробови, кое грозничаво почнува да се брани, ќелиите се размножуваат се додека целосно не се потрошат сите залихи на витаминот B17 и кога овој процес на умножување на ќелиите не може да се контролира. Тоа е рак на белите дробови.

Доколку една микрочестичка падне на кожата, се добива рак на кожата.

Ова е докажано во лаборатории каде што истите вакви радиоактивни честички биле тестирани на животни. Резултатите биле недвосмислени, секој глушец и куче во контакт со ваква честичка добивало рак или умирало.

Прашањето е сега колку вакви честички постојат во атмосферата?
Пред Русија, САД и Англија, на 5 август 1963 година, ги прекинаа нуклеарните проби во атмосферата, биле ослободени 4200 килограми плутониум. Пред забраната на надземното нуклеарно тестирање, овие земји извеле 711 атмосферски нуклеарни тестови, со што се проценува дека неодговорните светски криминалци, од државните врвови, во атмосферата контаминирале повеќе од 715 милијарди килограми радиоактивен материјал.

Тоа е доволно да предизвика рак на белите дробови или кожата 117 пати на секој човек на земјата. Со ваквата проценка во јавноста излегол и поранешен оперативец Дж Виалс.Фактот што од периодот од десет години, бројот на мртви од рак во близината на падот на атомските бомби на Хирошима и Нагасаки, е трикратно зголемен.

Ваквите податоци ги протолкувал и професорот Теодор Стерлинг од универзитетот Симон Фрасер, кој вели дека дури кај пушачите во плуќата се формира тенок слој на ткивото, кој претставува заштита од радиоактивните честички да продрат во ткивото. На тој начин радиоактивната честичка останува во заштитниот слој, а со време истата би можела да се исфрли и надвор од ткивото. Сепак голем број на колумнисти и уредници на глобални медиуми го напаѓале и ги омаловажувале неговите аргументи поради тоа, како што велат, за ваквото истражување тој примил 5 милиони долари од тутунските компании.

Хемикалии се користи од страна на тутунската индустрија
– Сулфур – за добивање на интензивна жолта боја на тутунот
– Препарати на база на олово – за корекција на вкусот на цигарите
– Антифриз – за да се постигне баланс на влага во цигарите
– Титаниум диоксид – да биде бел пепелот
-Азбестни влакна – пепелот да не се дроби
– Радиоактивен полониум 210 – во одгледувањето на тутунот, со цел да се зголемат приносите.

Просечно во една цигара, постојат околу 4000 различни хемикалии. Ова се некои од нив:

Ацетон. Се користи како средство за отстранување лак, меѓу другите нешта.
Амонијак. Некои научници имаат една теорија дека се додава на цигарите да се зголеми зависноста од нив. Тој инаку се наоѓа во составот на различни средства за чистење бањи.
Бензен. Се добива од јаглен и нафта. Поврзани со леукемија и рак.
Кадмиум. Високо токсични метали. Се користи во изработка на батерии. предизвикува рак на црниот дроб, бубрезите и мозокот.
Јаглерод моноксид. Отровен гас. Најчест гас во чадот од цигарите. За луѓето кои пушат долго време, го заменува кислород во крвотокот до 15%.
Формалдехид. Високо токсичен гас. Тоа се користи за да се зачуваат мртви тела од распаѓање и гниење. Може да предизвика рак и проблеми со кожата.
Lid.. Високо токсичен, тежок метал. Може да предизвика оштетување на мозокот, крвни клетки, бубрезите. предизвикува дефекти при раѓање и ментална ретардација.
Никотин. Зависност како хероин и кокаин. 60 милиграми поставен директно на јазикот ќе го убие лицето на самото место.
Катран. Се депонира во белите дробови. Секоја година, просечниот пушач има наталожено околу една чашка кафе во белите дробови.
Водороден цијанид. Еден од најпознатите токсични хемикалии во чадот од цигарите. Краткорочни изложеност може да предизвика вртоглавица, главоболка, повраќање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 7:00 pm

ХИПОКРИЗИЈАТА НА АНТИПУШАЧКАТА ПРОПАГАНДА

Преку антипушачката пропаганда, кај луѓето се создава чувство на вина, од една страна, и на примитивизам, од друга. Велам на вина, бидејќи пушачите го загрозувале не само сопственото здравје, туку и здравјето на другите; на примитивизам, бидејќи единствено примитивните не воделе грижа за себе и за другите. Кога кај луѓето ќе се создаде чувство на вина, тогаш со нив лесно се манипулира.

Пишувал
Д-р Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

Сеедно што не сум пушач, сметам дека Законот за ограничување на пушењето, како и енормното поскапување на цигарите не смеат да поминат незабележани, уште помалку без неопходниот коментар. Напротив, неопходно е да им се посвети сериозно внимание, бидејќи зад привидната загриженост за човековото здравје и за зачувување на природната средина се кријат многу подлабоки мотиви, чија природа воопшто не е наивна.

Без разлика кој како ќе ги разбере мотивите за пишувањето на овој текст, тврдам дека неодамнешните рестриктивни мерки не смеат да поминат незабележано. Притоа, не е битна нивната правна втемеленост, ниту нивната непрецизност, која се манифестираше на самиот ден од нивното реализирање – дури и надлежните инспекциски служби беа збунети. Битна е нивната намера.

ПРИВИЛЕГИЈА НА ИЗБРАНИТЕ

Во одлуката за поскапување на цигарите постои нешто што е, благо речено, нелогично, неприродно. Наместо да се удри по најдлабоките џебови на пушачите, се направи обратното. Најмногу поскапеа најевтините цигари. Најевтините цигари се најнеквалитетните цигари. Тоа се цигари кои во себе содржат најмногу никотин, како и голем број други штетни состојки.

По правило, овие цигари се „привилегија“ на сиромашните. Нив ги пушат работниците, безработниците, стечајците, отфрлените, бездомниците. Се разбира, тука спаѓаат и студентите, сместени во „величествените“ студентски домови, како и во други подземни простории, бидејќи студентските домови се налик на визби, а визбите налик на студентски домови.

Едноставно, со оваа категорија цигари се задоволуваат оние кои ја немаат можноста да се послужат со скапоцените томпуси или со префинетите тутуни, подготвени за фини лулиња, со кои во посебни пригоди се служат посебно фините луѓе, загрижени за судбината и здравјето на останатите.

Се разбира, било кој демагог може да ми одговори: „Нормално е да се удри по оние цигари кои најмасовно се пушат и кои, според тоа, најмасовно ја загадуваат човековата околина, како и човековото здравје!“ Притоа, овој загриженик уште би додал дека на тој начин се штити токму здравјето на најзагрозените социјални слоеви. Преку нив се штити, би додал, и здравјето на непушачите.

Кога станува збор за здравјето на непушачите, неодамна имав можност да прочитам неверојатно глупаво и целосно бесмислено објаснување, според кое пасивното пушење било дури поопасно од активното. Од ова заклучив дека оној кој активно пуши и кој, наедно, го вдишува чадот што самиот го испуштил – значи, кој е активен и пасивен пушач – е помалку загрозен од оној кој само го вдишува испуштениот чад на активниот пушач.

Ова говори до кои висини може да се издигне човековата глупост, иницирана од помодарството, како и до кое ниво можат да се урнисаат наменските (платените) пропагатори. Сепак, веќе реков дека најнеквалитетните цигари ги пушат најсиромашните слоеви, како што токму тие и се служат со најнеквалитетните и најмалку рафинираните дроги – кокаинот, на пример, не е дрога на работниците и бездомниците. Тој е привилегија на избраните.

Затоа, неслучајно, во сеќавањата ми доаѓа Марксовата оценка, напишана во првата половина од 19 век, дека „…грубата потреба на работникот е многу поголем извор на доход одошто префинетата потреба на богатиот. Во Лондон визбите во кои се живее им донесуваат на своите стопани повеќе приход одошто дворците“ – потенцира Маркс.

Истото важи и за цигарите. Доволно е зборот „визби“ да се замени со зборот „цигари“ и ќе се сфати едноставната вистина дека најголем извор на профит се токму најмногу пушените (продаваните) цигари, бидејќи без нивната продажба нема голем профит. Најмногу пушените цигари се, наедно, најефтините цигари. Нив најмногу ги пушат сиромашните слоеви, работниците.

Според тоа, работниците се најголемиот извор на богатство и профит и тие се, наедно, најзагрозената популација во секој поглед. На тој начин, преку пушењето, уште повеќе се загрозува веќе еднаш загрозеното здравје на работникот, на човекот. Наедно, наивно и хипокризично е да се верува дека работникот лесно ќе се откаже од единственото задоволство што може да си го дозволи – пушењето.

Одземете му го уште пушењето и сте му го одзеле и последното задоволство – освен, се разбира, љубовта и природната грижа за семејството.

ВО ФУНКЦИЈА НА ПРОФИТОТ

Меѓутоа, ограничувањето на пушењето има подлабока и позастрашувачка димензија од претходната. Тврдат дека пушењето се ограничува за да се сочува човековата природна околина. Значи, не станувало збор само за грижа за човековото здравје, туку и за самата природа. Повторно се сеќавам на Маркс. Во „Економско-филозофските ракописи од 1844 година“ Маркс пишува: „…односот на човекот кон природата е на непосреден начин негов однос кон човекот“. Тоа значи дека во човековиот однос кон природата само се изразува односот на човекот што го има кон другиот човек. Каков е денешниот однос кон природата?

Тој е бесчувствителен и експлоататорски, бидејќи таков е и односот што едно човечко суштество го има кон другото човечко суштество. Дека е така, се гледа и во односот на мажот кон жената. Кон неа мажот се однесува како кон плен и слугинка, која во секој миг мора да му ги задоволи неговите потреби. Каков е односот на човекот кон природата? Ист!

Кој е најприродниот однос на човекот кон другиот човек? Тоа е односот на мажот кон жената – однесувајќи се кон жената, мажот се однесува кон природата, бидејќи и обајцата се природа или нејзин дел. Затоа, во нивниот однос на јасен, непосреден начин, се изразува односот што човекот го има кон природата.

Оттука, деградацијата на природата, нејзината безмилосна експлоатација, е само израз на човековата бескрајна деградација и на неговата безмилосна експлоатација. Експлоатацијата на природата е само момент од сеопштата експлоатација, во која едно човечко суштество сака да го зароби и да го деградира другото човечко суштество.

Затоа, бесмислено е да се мисли дека може да се промени односот кон природата и кон животната средина, без да се промени односот кон луѓето. Или, што е исто, без да се променат владеачките меѓучовечки односи.

Кога поскапувањето на цигарите навистина би претставувало грижа за човековото здравје и за здравјето на неговата околина, тогаш како да се објасни упорното и надмено одбивање на САД да го потпишат Протоколот од Кјото, бидејќи, како што самите велат, не бил во согласност со нивните национални, односно државни интереси? Со други зборови, Земјата може да гори, само нивните интереси, интересите на профитот, да не бидат загрозени.

Понатаму, како да се објаснат атомските проби и експерименти? Како да се објасни употребата на забранетото оружје, почнувајќи од напалм бомбите, вештачки предизвиканите дождови, касетните и графитните бомби, осиромашениот ураниум кој се наоѓа пред нашите носеви? Како да се објасни енормната потрошувачка на бензин на американските автомобили? Веќе овие елементи ја откриваат хипокризијата на преземените акции што светскиот ментор свесно ги наметнува, бидејќи, на пример, ако се намали потрошувачката на бензин, ќе се намали експлоатацијата на нафтените полиња во Тексас.

Без нејзина експлоатација, нема профит. Без профит, нема нечие богатство. Токму ова го објаснува индолентниот однос на капиталот (особено американскиот) кон сѐ поголемата деструкција на природата. Оттука, и кон човекот. Ова е основата на Марксовото мислење дека не е можно битно да се измени односот кон природата, ако битно не се изменат односите во општеството – особено ако не се надмине експлоатацијата. Затоа, во односот кон природата „…се покажува во колкава мера човековата суштина за самиот човек станала природа или колку природата станала човекова суштина на човекот. Врз основа на тој однос може да се суди за степенот на општата култура на човекот“.

Оттука, човековиот варварски однос кон природата, говори за варварските односи кои владеат помеѓу луѓето. Затоа и бесмислено е да се мисли дека поскапувањето на цигарите е во функција на запазување на еколошката средина. Единствена негова функција е уште поголем профит – еднаш создадената навика бара и понатаму да се задоволува.

ЧУВСТВО НА ВИНА И ПРИМИТИВИЗАМ

Третата димензија на ограничувањето на пушењето е контролата над човековите задоволства. Ова е најстрашниот и најнечовечниот момент од целава сказна за наводната грижа кон човекот и природата, бидејќи преку контролата на задоволствата се врши целосна контрола над човекот.

Преку антипушачката пропаганда, кај луѓето се создава чувство на вина, од една страна, и на примитивизам, од друга. Велам на вина, бидејќи пушачите го загрозувале не само сопственото здравје, туку и здравјето на другите; на примитивизам, бидејќи единствено примитивните не воделе грижа за себе и за другите. Кога кај луѓето ќе се создаде чувство на вина, тогаш со нив лесно се манипулира. Всушност, тоа е најефикасниот начин да се манипулира со човековите емоции.

Од своја страна, најлесниот начин за создавање чувство на вина е токму контролата на задоволства. Затоа, во одредена смисла, сета досегашна историја на човекот е историја на контрола на неговите задоволства, како и на неговите нагони. Најснажниот и најпријатниот нагон кај човекот, изворот на најдлабоките чувства и задоволства, е сексот. Токму затоа, сексот секогаш се прикажувал како нешто нечисто и недостојно за човекот. Кој ја имал контролата над сексот, тој ја имал контролата и над човекот.

Доволен доказ за ова е историјата на средновековието. Какви сѐ сказни се кажуваа за штетноста на онанијата – таа доведувала, тврдеа, до сушење на сржта во детскиот р’бет. Затоа, сексот се редуцираше на неговата репродуктивна, значи животинска функција, наместо да биде извор и потврда на љубовта. За манипулацијата и ограничувањата на задоволствата, особено на сексуалните, доволно е да се прочита само нешто од Сигмунд Фројд, Вилхелм Рајх или Херберт Маркузе.

Современите ментори одлично ги знаат ефектите од контролата и ограничувањата на задоволствата. Затоа, денес на човекот му е одземено дури и задоволството дење да вози без запалени светла од автомобилот, сеедно што надвор е ведро. Денес немате право да се возите неврзан во својот автомобил, бидејќи било опасно. За кого? За оној кој седи до вас? Па како другиот ќе го загрозите ако загинете неврзан и како нема да го загрозите ако загинете врзан? Затоа, суштината не е во ова. Таа е во следново: а) во поголемата продажба на сигурносни каиши и б) во создавањето на чувство дека сте врзан (неслободен) дури и кога се возите во својот автомобил! Во овој контекст, треба да се разбере најновата „грижа“ за пушачите, за непушачите и за зачувувањето на природата. Целта е едноставна – целосна контрола на човековите потреби и на неговите задоволства.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by osa on Пет Мај 06, 2016 7:33 pm

jas si ja znam" mojata studija " okolu cigarite ...tie mene ne mi prichinuvaa zadovolstvo ...nemaat vkus nitu neshto so shto bi mozele da me zadovolat ...zatoa vakvite struchni statii ne gi chitam ,ednostavno go ziveam zivotot bez cigari ,bez takvo zadovolstvo i uzivam vo zivotot ...ushte pa ako na ova go dodadam i benefitot vo finansiska smisla na zborot ,navistina mi e super ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 8:34 pm

kako be zansko da ne pusi/toa ic ne e dobro.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пушење цигари

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот