Котлети

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Котлети

Пишување by Гостин on Сре Мар 18, 2015 6:41 pm

Свински котлети со пиво



Пивото одлично се ком­би­нира со зачи­нети јадења од која било свет­ска кујна. Кога кори­стите пиво за готвење, нека биде тоа све­тло и послатко пиво со помала коли­чина на алкохол.
СОСТОЈКИ
• 4 пого­леми и потенки свин­ски котлети
• 4 лажици масло
• 150 гр лупени домати
• 2 млади кро­мид­чиња
• 150 мл све­тло пиво
за пре­мач­ку­вање на котле­тите
• 1 голема лажица пло­дови од смрека
• 2 чешниња лук
• ½ мала лажица мелен бибер
• 2 мали лажици сушена мај­чина душица
• сол
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изме­шајте ги пло­до­вите смрека, бибе­рот, мај­чи­ната душица, маслото и солта со помош на мик­сер. Со поло­вина од доби­е­ната смеса, пре­мач­кајте ги котле­тите. Пржете ги на загре­ано масло по 4 минути од секоја страна и потоа оста­вете ги на топло.
Чекор 2: во истиот сад, про­пр­жете го мла­диот кро­мид кој прет­ходно ситно сте го насеч­кале. Дода­дете ја пре­о­ста­на­тата смеса од плод од смрека и дома­тите исеч­кани на коцки. Дин­стајте на уме­рен оган околу 4 минути.
Чекор 3: пред самиот крај, налејте го пивото, ста­вете ги котле­тите и дин­стајте уште малку. Котле­тите се серви­раат со варени њоки или пот­пе­чено лепче

http://gurman.mk/recepti/za-ubav-ruchek/svinski-kotleti-so-pivo/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Котлети

Пишување by Гостин on Чет Мар 19, 2015 10:41 am

ЈАГНЕШКИ КОТЛЕТИ



Состојки

4 лажички кари
125мл кокосово млеко (го има во сите поголеми супермаркети)
4 лажици кокос
100гр. мелени печени кикирики
12 јагнешки котлети
1/2 лажичка кориандер
1/2 лажичка кумин
80мл. маслиново масло
1кг. компири, излупени и исечени на крупно
кисело млеко, свежи ливчиња од кориандер и лимета за прилог
Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех за печење со фолија.
Измешајте кари, кокосово млеко, 2 лажици кокос и половина од кикириките во една чинија. Додадете ги јагнепките котлети и добро промешајте за да се обложат. Оставете ги да се маринираат 15 минути.
Измешајте кориандер, кумин и 60мл. масло во тава и запржете го на среден оган околу 3 минути. Ставете ги компирите на плехот и прелијте ги со зачинетото масло. Додадете сол и бибер по вкус. Печете ги компирите 25 минути додека да добијат златно жолта боја. На крај врз компирите додадете го остатокот од кокос и кикирики.
Додека се печат компирите пригответе го месото. Загрејте го остатокот од маслото во тава. Зачинете го јагнешкото со сол и бибер и пржете го по неколку минути од секоја страна. Оставете го да одстои во чинија 5 минути пред да го послужите.
Сервирајте го месото со печените компири и прелив од кисело млеко, свеж кориандер и парчиња лимета.

http://off.net.mk/mojata-kujna/glavni-jadenja/jagneshki-kotleti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Котлети

Пишување by Гостин on Нед Мар 22, 2015 6:51 pm

Котлети со пиво



Свински котлети, сочни и вкусни, готови за многу кратко време.

Состојки: 4 тенки свински котлети, 2 чешниња лук, гранче темјан, 150гр. шери домати, сол, бибер, лажица масло.

Подготовка: Изгмечете го лукот, додајте му темјан, сол и бибер. Со таа смеса премакајте ги котлетите. Печете ги на силен оган, околку три до четири минути од секоја страна. Тргнете го месото од оган, но држете го на топло. Во тавата кадешто го печевте месото додајте го изгмечениот млад лук и излупените шери домати. (Посипете ги со врела вода, па излупете ги или користете домати од конзерва.) Полејте ги со пиво и остатокот од пастата со која ги премачкувавте котлетите. Динстајте уште 10 минути, а кога е готово додајте ги котлетите во сос.

http://brkajrabota.mk/lifestyle/hrana/26167-saboten-rucek-kotleti-so-pivo

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Котлети

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот