Predlog za hobi

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Чет Мар 19, 2015 10:58 am

Хоби за мажи – готвење



Иако традиционалните гледишта на семејниот живот велат дека готвењето е „женска“ работа, отсекогаш се сметало дека мажите што знаат да готват вкусни јадења со едноставни состојки се вистински мајстори на кулинарството. Ако сте во потрага по хоби, зошто да не се обидете со создавање вистински уметнички дела, кои во исто време ќе ви бидат корисни и за секојдневната исхрана?

Подобро здравје
Готвењето дома е секогаш поздраво отколку јадењето во ресторани и особено јадењето брза храна. Доколку живеете сами, посветете го своето слободно време на експериментирање со состојки. Инвестирајте во соодветна опрема и започнете да готвите. Постои многу мал простор за грешки, а понекогаш дури и грешките во готвењето знаат да се покажат како многу вкусни јадења.

Повеќе време со семејството
Вашата сопруга понекогаш заглавува на работа и не може да приготви вечера. Зошто да не можете да го изненадите своето семејство со нешто вкусно? Доколку активно се вклучите во приготвувањето на дел од оброците, тоа значително ќе ве зближи со вашите деца, но и со сопругата.

Импресионирајте ги дамите
Доколку сте сингл, тогаш сигурно ќе сакате да чуете дека најголем дел од жените ги сметаат мажите што знаат да готват за исклучително секси. Таа ќе биде крајно импресионирана доколку ја поканите во својот стан и ѝ зготвите вкусна вечера.

Заштедете пари
Во просек, редовното готвење во домот е поевтино за околу 3.000 денари неделно, во споредба со јадењето во ресторани. Кога на тоа ќе го додадете и фактот дека се работи за поздрава варијанта, тогаш изборот е очигледен.

Не знаете како да започнете?
Отворете го сајтот Мои Рецепти и одберете некое јадење кое ви се допаѓа. Набавете ги потребните состојки и следете ги инструкции. Готвењето е една од наједноставните работи во животот, а кога ќе ја совладате, ќе сфатите дека истовремено е и една од најблагородните.

http://www.kosmodisk.com.mk/hobi_mazi_gotvenje-248401-71577-a.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Чет Мар 26, 2015 11:50 am

Изработка на свеќи



Правењето сопствени свеќи може да биде многу забавно, а рачно изработените свеќи, исто така се и одлични подароци. Ако посериозно сакате да се зафатите со ова хоби, постојат прирачни книги во кои детално се опишани видовите восок што се користат, алатот кој е потребен, процесот на изработка, итн. А, за да имате предвид што можете да очекувате од ова интересно хоби за парови, прочитајте го овој кус преглед.
За восоците
Во денешно време, речиси без исклучок, свеќите се изработуваат од парафин. Но, постојат и други алтернативи. Пчелиниот восок е одличен, но е доста скап, бидејќи пчеларите сè поретко собираат саќе (ваквиот восок можете да го пронајдете во специјализираните продавници). Восокот направен од животинска маст, исто така, може да се користи за изработка на свеќи (најдобар е восокот направен од говедска маст, но и восокот од овча маст може да послужи).
За фитилот
За да направите фитил на традиционален начин, натопете памучен конец во еден од овие два раствора и оставете го да отстои 12 часа:
-1 супена лажица сол, со 2 супени лажици борна киселина и 1 шолја вода; или
-Измешајте терпентин, варовничка вода и оцет.
Откако конецот ќе се исуши, исплетете две или три кончиња заедно и оформете го фитилот. Секогаш постои и поедноставниот начин – да купите готови фитили за свеќи.
Додајте боја
Можете да купите боја за восок во повеќе продавници или да нарачате по интернет. Бојата за восок може да биде во цврста (плочки) форма, во прав или пак течна. За да ја одредите колку боја ви е потребно, капнете малку од растопениот восок на парче хартија и оставете го да се исуши. Бојата на свеќата ќе биде потемна од тоа што ќе го видите на хартијата, но барем ќе имате претстава за крајниот производ и ќе можете да направите подесувања. Исто така, можете да користите парчиња од стари свеќи. Не препорачуваме користење боички од каков било вид за бојосување на свеќи, освен ако не планирате да ги горите. Боичките содржат пигменти кои ќе го угушат пламенот и ќе направат свеќата да не гори со полн сјај.
Додајте мирис
Во голем број продавници можете да купите миризливо масло. За најдобри резултати, најсоодветно е да користите масла кои се направени за изработка на свеќи. Маслата за освежување, исто така можат да функционираат, но секогаш постои можноста да не се сврзат добро со восокот. Внимавајте маслото да биде чисто, без додадени алкохол или вода. Професионалните изработувачи на свеќи обично користат од 3 до 10% миризливо масло од тежината на восокот. Вие сами можете да одредите колку и како сакате свеќата да мириса.
Последни совети
-Свеќите треба да се сушат најмалку една седмица пред употреба;
-Нерамните места што ќе останат по калапењето можете да ги измазните со триење со најлон-чорапи;
-За свеќите да горат подолго и помалку да капат, премачкајте ги со еден слој проѕирен лак;
-Секогаш тестирајте ги свеќите пред да ги продадете или да ги подарите;
-Рециклирајте ги старите и речиси догорени свеќи. Не само што ќе ја заштитите животната средина, туку ќе заштедите и пари.

http://www.kosmodisk.com.mk/hobi_izrabotka_na_svekji-234733-71577-a.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Нед Мар 29, 2015 12:14 pm

Хоби фотографија

Фотографијата е хоби од кое може да имате бројни придобивки, како на естетски, така и на финансиски план. Со денешната дигитална технологија, започнувањето е прилично едноставно, а доколку откриете дека имате талент, нема воопшто да ви биде тешко да продолжите.
Паровите можат многу лесно да ја земат која било опрема за дигитална фотографија и да ја приближат до професионално ниво, со примена на соодветно осветлување и правилни техники на фотографирање. Секако, ако сте во можност да ја купите соодветната опрема тоа секогаш е оптимална опција, но и иновативните техники можат да ви помогнат да извлечете повеќе од помалку.
Речиси и да не постои некој сегмент од живеењето во кој не се користи дигитална фотографија. Фотографиите се откупуваат од интернет страници и продавници, маркетинг агенции и сајтови за информирање. Нормално, за да стигнете до тој степен ќе треба да се помачите, но важното е што ова хоби ви отвара интересни перспективи за во иднина. Ако посветите доволно внимание и вложите доволно време во ова хоби, многу лесно може да се случи тоа да се претвори во дополнителна или пак можеби и главна професија.
Постојат неограничени извори за читање на сите детали неопходни за бавење со фотографија: осветлување, опрема, концепирање кадри, техники, итн. Нешто подоцна во вашиот развој, можете да се одлучите за специјализирање во некоја од специфичните гранки на фотографијата: пејзажи, спортска фотографија, фотографирање свадби, портрети, итн.
Запомнете – хобито треба пред сè да биде забава. Секоја активност ќе ви биде позабавна ако ја правите со својот партнер, а како дополнителен боннус – дополнително ќе се зближите. Секоја евентуална финансиска придобивка од новот хоби ќе ви додје само како пријатно изненадување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 3:04 pm

Одберете хоби според хороскопскиот знак

Овен

Енергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.

Бик

Биковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.

Близнаци

Близанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.

Рак

Она по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.

Лав

Далеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.

Девица

Интелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.

Вага

Вагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.

Скорпија

Со зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.

Стрелец

Вие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.

Јарец

Вредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.

Водолија

Желни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.

Риби

Рибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.

http://www.kafepauza.mk/astrologija/odberete-hobi-spored-horoskopskiot-znak/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 12:03 pm




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 12:04 pm

Teo напиша:

велосипедизам,возење на велосипед и како друго хоби кое може да го намали стресот е одење на кафе кај комшиката Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 12:05 pm

Posebno ako e slobodna...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 12:06 pm

Teo напиша:Posebno ako e slobodna...
да секако и да знае да гледа ...на кафе Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 12:08 pm

Pa i ako ti ja pogodi zhelbata na prva...ubavina... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 12:10 pm

Teo напиша:Pa i ako ti ja pogodi zhelbata na prva...ubavina... Twisted Evil
па има да 'буцаш' до три желби... Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 12:11 pm

E pa ako treba...ako ne biduva so edna...togash kje mora...samo junachki napred...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by osa on Сре Апр 15, 2015 6:40 pm

reiter напиша:
Teo напиша:Posebno ako e slobodna...
да секако и да знае да гледа ...на кафе Very Happy
 pak okolu gledanjeto ,prorochuvanjeto ..."ushte i od ubava "komshivka !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by osa on Сре Апр 15, 2015 6:43 pm

reiter напиша:
Teo напиша:Pa i ako ti ja pogodi zhelbata na prva...ubavina... Twisted Evil
па има да 'буцаш' до три желби... Very Happy
aha tri duri zelbi !   .....a kakvi se zelbite ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Пон Мар 14, 2016 6:46 pm

Pienje rakija i mezenje salata.bolje hobi nema. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:28 pm

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

1. Свирење музички инструмент

Музиката има драматичен ефект на нашето расположение и мисловните процеси кои се одвиваат во главата. Несомнено е дека на овој начин ќе го намалите стресот и анксиозноста, а деликатната координација потребна за да ги претворите нотите во прекрасна музика, ќе направи секојдневните борби во животот да ви доаѓаат природно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:28 pm

2. Читање книги

Нема ништо подобро од тоа да го поминете денот стуткани на вашето омилено место со добра книга. Книгите нудат одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања. Постои и име за среќата предизвикана од книгите – библиотерапија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:28 pm

3. Плетење

Плетењето не е толку тешко како што изгледа откако ќе ги совладате почетните техники. Ритмичното тропкање на иглите е слично на музика и ќе се изненадите од тоа колку ги смирува нервите и опушта.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:28 pm

4. Водење дневник

Во денешно време луѓето попрво би споделиле кратка објава на Фејсбук за тоа што им се случило дента, отколку да го напишат тоа во дневник. На тој начин се губи од уметничката вредност на рефлексијата. Пишувањето рачно на хартија има терапевтско дејство и на тој начин многу е полесно грижите и проблемите да се претворат во можност за постигнување на целта.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:29 pm

5. Грнчарство

Сигурно ви е позната романтичната сцена од филмот „Дух“ која одлично ја претставува моќта на грнчарството да ја разбуди вашата сензуална страна. Фактот дека од едно обично парче глина можете да направите прекрасни уметнички дела кои потоа ќе можете да ги искористите е неверојатен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:29 pm

6. Планинарење

Зар има нешто поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа? Со секој чекор што ќе го направите, вашите мисли ќе се избиструваат и вие ќе бидете целосно релаксирани. Познато е дека секоја физичка активност ослободува ендорфини, а како последица на тоа вашето расположение значително ќе се подобри.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:29 pm

7. Готвење

Боите, мирисите, вкусот… Готвењето навистина ги активира сите ваши сетила. Освен тоа ви дава можност да бидете креативни и да создавате нови, вкусни задоволства со кои ќе можете да ги изненадите вашите најблиски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:30 pm

8. Гледање во ѕвездите

Ова хоби е лесно достапно, но е честопати потценето и ретко кој го практикува. Гледањето во ѕвездите ќе ви даде возвишено чувство на љубопитност и ќе ве поттикне да размислувате за суштината на нештата. Не ви треба никаква посебна опрема. Повеќето соѕвездија се видливи и со голо око.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:30 pm

9. Градинарство

Без разлика на тоа дали градината за која се грижите е голема и мала, физичките и емоционалните придобивки од ова хоби се многубројни. Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видите дека она што сте го негувале со сета ваша грижа и внимание, од обично семе ќе расцути во прекрасно растение.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:30 pm

10. Уметност

Нема сомнеж дека постои нераскинлива врска помеѓу среќата и уметноста. Самото гледање во некое уметничко дело предизвикува чувство на еуфорија. Чинот на претворање апстрактна идеја во нешто конкретно предизвикува силно чувство на исполнетост и задоволство.

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/10-hobija-koi-kje-ve-napravat-posrekjni/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Гостин on Сре Сеп 28, 2016 10:15 am

Како да претворите хоби во бизнис



На сите им е познато дека ако во животот го работат она што го сакаат, ќе се чувствуваат исполнето. Меѓутоа повеќето луѓе најчесто не бараат работа на основа на тоа што го сака. Луѓето најчесто се несигурни како можат да заработат работејќи го тоа што ги интересира.

Еве неколку совети како она во што уживате да го претворите во бизнис…

Вршете подучување

Ова е најлесен начин за заработка на пари благодарение на хобито. Ако го сакате сликарството, подучувајте деца или возрасни како да сликаат. Може да давате часови по клавир, готвење, карате, странски јазик – можности има безброј.

Заработете од своите рачни изработки

Ако знаете повеќе стилови во плетењето, но не сакате да подучувате, може своите рачни изработки да ги продавате преку интернет или во дуќан. За ова е потребно неколку вештини како одредување на реалната цена на производот, рекламирање и поврзување со вистински луѓе во врска со продажбата. Ако ви треба помош за тоа, побарајте од своите роднини и пријатели.

Проширете ги своите хоризонти

Ускладете ги своите вештини со вашите интересирања. Со други зборови потрудете се на секој можен начин сите свои знаења да ги поврзете со хобито. На пример, ако сакате фотографија, не запирајте само на фотографирање на други луѓе, туку продавајте свои слики преку интернет, организирајте продажба на маички со вашите фотографии, направите некоја фото монографија…

Рекламирајте се себеси

Почнете да ги користите социјалните мрежи за да ве забележат луѓето. Направете страница на Фејсбук, блог, било што може да ви помогне да ги промовирате своите услуги и да најдете луѓе на кои би им се допаднало тоа што го работите.

Бидете сериозни

Ако навистина сакате да ги остварите своите намери, ќе мора да почнете да посветувате повеќе време на вашето хоби, а не само повремено. Исто така, ќе морате да се потрудите многу за да останете на пазарот. Оној момент кога ќе станете професионални и ќе престанете да го нарекувате хоби она што го работите, ќе си створите себеси многу можности за понатамошен развој.

http://www.press24.mk/kako-da-pretvorite-hobi-vo-biznis

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Predlog za hobi

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот