Zachini

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Zachini

Пишување by Гостин on Вто Мар 24, 2015 8:30 pm

Внимателно: Мислите дека користите зачин, но во прашање е отров!

Сувата мешавина на зачини се наоѓа на полица кај повеќето домаќнки, но ретко кој знае дека овие тегли се всушност полни со отров. Доволно е само да го прочитате составот и да ви биде јасно дека содржината на овие мешавини е погубна за организмот.
Сте одлучиле да направите здрав ручек и да зготвите диетална зелка. И, што додавате од зачини? Ако сте како повеќето домаќинки, веројатно раката автоматски ви се движи кон тегла или кесичка со сува мешавина од зачини. Меѓутоа, би требало да знаете дека само со една лажица од овој додаток од здрав ручек правите нешто многу нездраво.



Ваквите мешавини пред се` се полни со сол, а не им недостасува ниту шеќер. Имено, тешко дека ќе најдете некоја мешавина на зачини во која на прво место не се наоѓа сол, а веќе на второ или трето бела смрт – шеќерот.

Самата сол не е лоша ако се внесува контролирано. Секојдневно мора да ја внесуваме затоа што без неа нема живот, но потребни ни се само околу три грама. Затоа најголем проблем е кога е така сокриена, а особено е лошо кога се комбинира со некоја од другите видови на „бела смрт“ – тоа многу лесно се претерува и храната станува нездрава, велат нутриционистите.

Токму тоа се случува во мешавините на зачини, но тие нездрави намирници се сокриени зад сликите со зеленчук кои се наоѓаат на кесата. Рака на срце, тука има и малку сушен зеленчук, но само погледнете како изгледа составот на еден зачин кој може да го најдете во супермаркетите.

Состав: Сол, шеќер, подобрувач на вкусот L натриум глутаминат, сушен зеленчук минимум 8%, бибер, природни бои – рибофлавин и куркумин.

Значи, во пакување од 100 грама добивате најмногу 10 грама зеленчук, а остатокот се сол, шеќер и засилувачи на вкусот. Светските експерти веќе со години предупредуваат на штетните засилувачи на вкусот, меѓу кои најлоши се глутаминати кои се поврзуваат со разни болести.



Решението е мошне едноставно – направете си своја мешавина од зачини. Храната посолувајте ја онолку колку што ви е потребно, а потоа зачинете ја со зачини во чиј состав треба да пишува 100%.

Што се однесува до зеленчукот, многу е полесно да додадете свеж зеленчук, а сушените зачини без додатоци може да ги пронајдете во секоја продавница.

http://tocka.com.mk/3/154456/vnimatelno-mislite-deka-koristite-zacin-no-vo-prasanje-e-otrov

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот