Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

4 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 01 2016, 00:15

Постигнат договор за изборите.

Во декември на избори, во петок техничка влада

Изборите дефинитивно ќе се одржат на 11 декември. Новинарката Санта Аргирова ќе биде новиот уредник во МТВ во следните сто дена, а петти член на ад-хок телото за медиумски мониторинг - новинарот Љуљзим Хазири

http://www.dw.com/mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0/a-19517224?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Kalinda Чет Сеп 01 2016, 04:18

Конечно се решивте
да одите на избори .
Се надевам нема да се
откажете до декември !
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 01 2016, 10:50

Vistinata za izborite...

Договорот за избори - набивање рогови на целата нација!

Поради неисполнетост на суштинските услови за фер-избори, по ад-хок Комисијата ќе следи и ад-хок влада, и ад-хок избори, а единствено кризата ќе остане трајна, оценуваат аналитичари.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 0,,18551004_303,00

Честитки и основа за оптимизам, или нова демагогија пред уште една нова изборно-политичка фарса? Има од сѐ по нешто во реакциите по вчерашниот договор на четирите лидери на најголемите партии во Македонија, за одржување предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Лидерите триумфалистички го дочекаа договорот, кој беше поздравен и од странските дипломати инволвирани во преговарачкиот процес, а високи очекувања од него стигнаа и од Брисел. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, уште синоќа со заедничко соопштение го поздравија договорот.
„Апелираме до сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, за да им се овозможи на сите граѓани слободен избор и по изборите да се изгради влада која ќе се справи со клучните реформи и ќе работи за интересите на сите граѓани. Во иста насока, сите политички сили треба итно да ги обноват нивните напори за спроведување на остатокот од политичкиот договор, вклучувајќи ги и Итните реформски приоритети“, се наведува во соопштението.

Рогови на целата нација

Но, токму поради фактот што досега никакви реформи не им претходеа на изборите, домашни аналитичари предупредуваат дека во такви услови изборите нема да бидат ни фер ни демократски, туку „по стариот терк“, и дека партиите со овој договор длабоко ги потценија очекувањата на граѓаните за суштински промени.
„Исходот на вчерашните преговори наликува на набивање воловски рогови врз цела нација од страна на четирите партии, а притоа нѐ уверуваат дека само што не сме полетале како гулаби“, вели аналитичарот Арсим Зеколи.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 0,,19347016_404,00

„Ова веќе не е политика, туку координирана психолошко-пропагандна операција за убедување на, од нив полудените граѓани, дека црното е бело, а белото црно, дека од нетранспарентни преговори може да се изродат услови за транспарентни избори, дека од недемократски партии може да очекуваме демократски промени, а од партиски мегафони реформа на медиумите. Реалноста е едноставна и спротивна на изјавите на лидерите на големата четворка и на странските дипломати. Во Македонија нема ни минимум услови ниту за фер ниту за слободни, а камоли за демократски избори“, дециден е Зеколи.
Изборот на петиот член на ад-хок комисијата, т.н. „еден Албанец“ тој го смета како илустративен пример за начинот на кој ќе се одвиваат предизборните кампањи и самите избори.
„Имено, на сите ни е јасно што претставува тој нов член на комисијата, но симптоматично е што никој не наоѓа за потребно да запраша кого всушност претставува тој, и како новинар, и како 'еден Албанец'? Стравувам дека во таа, навидум небитна ситуација поврзана со оваа Kомисија, се крие симптомот чии последици ќе ги почувствуваме на следните избори, во кои демократијата ќе ја изгуби својата претставничка смисла. Токму затоа мислам дека по ад-хок Комисијата за медиуми ќе уследи ад-хок влада и на крај ад-хок избори. Само кризата ќе остане перманентна“, категоричен е во оценката Зеколи.

Магарето лета!

Тоа што четворицата лидери изјавија дека условите за одржување на фер и демократски избори се исполнети, голем дел од граѓаните го сметаат за „некаков чуден и сомнителен компромис“. За таквите сомнежи сведочат и нивните бројни коментари на социјалните мрежи. Секако, не недостигаат ниту победнички изјави од приврзаници на опонентските партии, и сите уште сега најавуваат „сигурна победа“.

Петар Гошев, поранешен министер и гувернер на НБРМ, е фрапиран од оценката дека се исполнети условите за фер-избори.
„Да се даде таква изјава во околностите што ни се познати на сите, значи да се каже дека магарето станало пердувесто животно и дека пролетало. Услови за фер и демократски избори нема. Нема, затоа што ниту една од основните причини кои доведоа до политичката криза на суштински начин не е отстранета“, вели Гошев и ги повторува неколкуте причини елаборирани без прекин во последните години.
Според него, супституцијата на државата од страна на партијата на власт не само што не е отстранета, или барем намалена, туку за време на синџирот договори од Пржино го достигнала својот климакс. Бројните индиции за извршена и системски инсталирана корупција (огромен грабеж на јавни пари) од највисоки државни функционери и ројните индиции за флагрантно кршење на човековите права од истите, досега останаа судски неистражени и непроцесуирани, со голема извесност дека до тоа нема да дојде до денот кога граѓаните треба да го направат својот избор.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 0,,19245479_404,00

„Монополизираноста на медиумскиот простор од владеачката врхушка исто така остана негибната, а иновациите од последната епизода од Пржино во оваа област се и под нивото на 'системската креативност' од еднопартискиот систем. Политичката корупција на избирачите - директното и индиректното плаќање за добивање гласови - исто така продолжи со несмален интензитет, на контото на крајно ризичното ниво на зголемување на јавниот долг. Доволно е да кажеме дека годинава расходите на државата ќе бидат повисоки од проектираните приходи (собрани од компаниите и граѓаните) за близу 800 милиони евра, или околу 9 проценти од БДП“, посочува поранешниот гувернер на НБРМ.
Со тоа, во периодот кога условите за фер и демократски избори требаше да се подобрат, тој укажува дека партијата на власт само ја зголемила својата економска и политичка моќ над опозицијата, продолжувајќи на незаконит и антидемократски начин да ги користи/злоупотребува сите извори на моќ и инструменти за нејзина реализација: незаконски видови на примена на присила, себеизземање од примената на законите кога нејзини функционери доаѓаат во судир со нив, натамошно криење од јавноста на вистинските настани и процеси во земјата...
„Во таков амбиент голем број од граѓаните, дефинитивно, нема да бидат во состојба да донесат одлука базирана на потребен број релевантни информации. И токму поради тоа, кога Првиот Апаш во државата бесрамно и кочоперно изјавува дека само граѓаните ќе одлучат кој е подобар - се чини, тој го остварува својот концепт дека за корупцијата да се одлучува на митинзи, а не во судските институции“, посочува Гошев.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 0,,17594684_401,00

Утре техничка влада

Потписниците на Договорот не се осврнуваат на ваквите критики. Сметаат дека изборите се единствен пат за излез од кризата и од синоќа се посветени исклучиво на формализирање на обврските од договорот. Утре во парламентот треба да биде изгласана техничката влада која ќе ги организира изборите, а во која ќе партиципираат и кадри од опозициската СДСМ - двајца министри и тројца дополнителни заменици- министри. Засега е само потврдено дека во преодниот период до изборите со МВР повторно ќе раководи Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ. Од петок нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде новинарката Санта Аргирова, чиј мандат ќе трае до крајот на изборниот процес. Исто толкав мандат ќе има и петчлената Привремена комисија за следење на медиумското претставување, чиј петти член вчера беше избран во партиски преговори. Тоа е новинарот Љуљзим Хазими, универзитетски професор и извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ). Во петок треба да се имплементираат и опозициските забелешки за Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Чет Сеп 01 2016, 19:49

Ајде, се надеваме дека нема да измазури нешто ДПМНЕ, иако им одговора, да нема избори во Декември. Па после да ја обвинат опозицијата за несоработка и дека и мислиме лошо на Македонија.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 01 2016, 20:18

Gotovo e komunjari. Dekemvri 11-ti e datata koga konecno ke ve izbriseme od politickata scena na Makedonija.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Чет Сеп 01 2016, 20:31

Смени лента, вмешај се во дискусија малку...не биди самоуверен. Ајде јас да те иницирам, зошто сметаш, дека „ќе“ победите, и „ќе“ не збришете???

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Чет Сеп 01 2016, 21:47

Преодна Влада: СДСМ со истата листа министри и заменици


Истата листа на заменици и министри, ја предложи СДСМ.
Како што јавува Телма, од вечерва ИО на СДСМ има нов член- тоа е новинарот Мухамед Зекири, кој вчера на сиоцијалните мрежи најави дека се повлекува од новинарството, но не ги откри идните планови.
Добри вести, СДСМ, почна да се опаметува........

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пет Сеп 02 2016, 16:11

Оливер Андонов го достигна врвот на кариерата. Министер за еден ден. IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Rolling

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пет Сеп 02 2016, 16:15

Макар што се сомневам дека успеа да помине 24 часа на позицијата.

Во Собранието изгласана преодната влада

Оливер Спасовски е нов министер за внатрешни работи, а Фросина Ременски за труд и социјална политика. Пратениците во македонското Собрание ги изгласаа предлозите на СДСМ за министри и заменици министри во преодната влада која треба да ги организира изборите на 11 декември.

Кире Наумов е дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство. Дополнителен заменик во МВР е Оливер Андонов, а во министерството за труд Диме Спасов.

http://www.slobodnaevropa.mk/a/27963657.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пет Сеп 02 2016, 16:21

И најинтересното и најскандалозното во врска со ова.

МЕГАСКАНДАЛ: Сите одлуки и решенија на Чавков и Андонов се незаконски?! Спасовски останал овластен потписник на МВР и по разрешувањето!

Вчера во Собранието за нов еднодневен министер за внатрешни работи беше избран Оливер Андонов. Неговиот мандат ќе заврши денеска, кога Собранието ќе го избере за министер во техничката влада Оливер Спасовски од СДСМ.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Cavkov-andonov-670x381

Една од малкуте работи кои му беа доверени како задача на Оливер Андонов од позиција на министер беше да го именува досегашниот министер Митко Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност.

Со оглед на тоа што неговиот избор во Собранието беше вчера во вечерните часови, а седницата на Влада каде тој го предложил Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност била вчера вечерта по 21 часот, Либертас сакаше да провери, дали Андонов воопшто можел да носи било какви одлуки и да ги потпишува, со оглед на кусото време за да го депонира својот потпис и да се изврши промената во Централен регистар, дополнително и во вечерни часови кога оваа институција не работи.

Сепак, очекувајќи да дојдеме до информација дека како овластен потписник во Централен регистар се уште стои довчерашниот министер Митко Чавков, изненадувањето беше огромно, кога од таму денеска ја добивме следната состојба:

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Str-1-670x946

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Str-2-670x945

Според документот од Централниот регистар издаден денеска (2 септември во 12:35ч.), како единствено овластено лице, односно овластен потписник на МВР се уште стои Оливер Спасовски, кој беше министер од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 предложен од СДСМ.

Иако Митко Чавков повторно беше избран за министер по повлекувањето на одлуката за избори на 5 јуни, сепак, неговото име воопшто го нема во Централниот регистар.

Дали ова значи дека сите одлуки и решенија, сите именувања и разрешувања, прием на новите полицајци и сето тоа што го потпишал Чавков од позиција на министер е неважечко?

Дали ова значи дека потписот на новиот министер Оливер Андонов за назначување на Митко Чавков за директор на БЈБ е неважечки?

Дали ова значи дека е направена злоупотреба на службената положба во МВР?!

Кој ќе одговара за овој скандал од невидени размери?

http://www.libertas.mk/megaskandal-site-odluki-i-reshenija-na-chavkov-i-andonov-se-nezakonski-spasovski-ostanal-ovlasten-potpisnik-na-mvr-i-po-razreshuvaneto/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пет Сеп 02 2016, 18:39

Парламентот ги гласаше и Оливер Андонов и Митко Чавков, па со самото тоа тие се легални министри и имале право да раководат со министерството. Никаде не е прекршен законот од нивна страна ниту пак донеле било какви незаконски одлуки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Пет Сеп 02 2016, 20:24

nikos напиша:Парламентот ги гласаше и Оливер Андонов и Митко Чавков, па со самото тоа тие се легални министри и имале право да раководат со министерството. Никаде не е прекршен законот од нивна страна ниту пак донеле било какви незаконски одлуки.

Точно, така прав си....ама во „незнаење“ направиле мала грешка, не направиле измена во централен регистер. Smile Или во превод сами се заебале, ако е легална држава и правна ќе го јадеа стапчето.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пон Сеп 05 2016, 19:28

Bravo za SDSM...Ova e jazikot shto go razbiraat dpmne-ofcite...

СДСМ: На 11 декември Груевски ќе ги види вистинските разлики во сите бројки

Соопштение на СДСМ:

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Sdsm-sediste098-639x320

Многу нервоза кај Никола Груевски и тесното опкружување на ВМРО-ДПМНЕ откако им се одзеде можноста за злоупотреба на 200.000 гласови со прочистувањето на Избирачкиот список.

За 170.000 граѓани е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен дел од Избирачкиот список, а 30.000 воопшто не постојат.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија како ВМРО-ДПМНЕ добивала избори токму преку злоупотреби, фантоми, со мртви гласачи, со влечење за уши, со по 60 човечиња во еден стан, со “некое ливче нека снема“.

На изборите на 11 декември Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја видат вистинската разлика во сите бројки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by osa Пон Сеп 05 2016, 23:21

bravo za SDSM ....samo taka prodolzete i zboruvajte so jazikot na obichniot graganin ....taka ke ve razbere i obichniot graganin i onie uchenite ...ako zboruvate samo so ELOKVENTEN rechnik ke ve razberat UCHENITE no nema da ve razbere obichniot graganin koj vi treba za da ja osvoite vlasta i da moze da ja povedete drzavata napred ....da gi spasite graganite od zloto ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Сре Сеп 07 2016, 11:21

Да видиме колку дпмне ќе ги прекршува правилата за изборите.

Што смее, а што не смее да се прави за време на кампања?

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Collage-gruevski-zaev-860x680

Скопје, 7 септември, 2016 - 9:03 (META)
Доколку партиите не се премислат и не ги одложат изборите повторно, на 12 октомври треба да се распушти Собранието и да се распишат избори, а на 21 ноември да почне изборната кампања.

Според Изборниот законик, изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите, а и во првиот и во вториот круг таа завршува 24 часа пред денот на гласањето.

Кампањата трае само три недели за да се намалат трошоците и да се создадат еднакви можности за независните кандидати. Од таа причина, во 2006 година од 30 на 20 дена беше скратена и изборната кампања за локалните избори.

Додека не почне изборната кампања (21 ноември), Владата работи нормално.

Според Законот за спречување на корупцијата, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршувањето на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на влада, извршната власт не смее со буџетски средства да почнува изградба на инфраструктура, како патишта, водоводи, далноводи, канализација, ниту училишта и градинки.

Почетокот на кампањата значи дека почнуваат да важат нови правила како за однесувањето на јавните функционери, така и за медиумите.

Од тогаш јавните функцинери се само „технички“, а ако се кандидати за пратеници, имаат шанса за 20 дена да ги убедат гласачите повторно да гласаат за нив. Иако во Македонија одамна не се знае која е границата меѓу јавната и партиска фунција, сепак Изборниот законик предвидел правила на однесување за време на изборната кампања.

Што не смее да се прави:

Уредници, новинари, водители на програма и презентери, не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии. (Доколку сакаат да се вклучат во кампањата на некоја партија, тие мора да го замрзнат својот работен ангажман до крајот на изборите);
Анкети на јавното мислење за изборните резултати се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на одржување на изборите. (При објавување на резултатите, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот што го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето);
Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред 19 часот, односно пред затворањето на избирачките места;
Предизборните собири не смеат да се одржуваат во воени објекти, верски објекти, болници, домови за стари лица, училишта, детски градинки и други јавни институции;
За потребите на изборната кампања не е дозволено да се користат просториите, опремата или другиот имот што е наменет за работа на државните органи и на органите на општините и на Градот Скопје.
Иако предизборната кампања сè уште не е почната, сепак, како и минатите изборни циклуси, политичарите го прекршуваат Изборниот законик. Речиси постојано има партиски конвенции, трибини, средби со граѓани. Иако Изборниот законик предвидува кампањата да почне 20 дена пред одржувањето на изборите, сепак изборните каравани тргнаа порано во битката по гласови. Ваква практика кај нас не е ништо ново. Заобиколувањето на Изборниот законик и злоупотребата на периодот пред почетокот на изборната кампања стана традиција. Според законот, ДИК може да поведе прекршочна постапка против партиите што не го почитуваат Изборниот законик, но откако ќе добијат решение со кое се потврдува нивната кандидатура.

До 21 ноември, денот на почетокот на изборната кампања, треба да се испочитуваат и други рокови:

17 октомври – Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес;
27 октомври – ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид трае 20 дена, до 16 ноември;
11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Сре Сеп 07 2016, 14:48

Ама како ти можеш да знаеш однапред дека ВМРО ке ги прекршува правилата? Што прави ВМРО тоа истото го прави и СДСМ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Сре Сеп 07 2016, 22:39

nikos напиша:Ама како ти можеш да знаеш однапред дека ВМРО ке ги прекршува правилата? Што прави ВМРО тоа истото го прави и СДСМ.

Лоша ти е методологијата...треба да размислиш малце.....Треба да сфатиме дека треба сите , не мислам само на политичарите, да играме по правила. Бидејќи така само можеме да бидеме демократска држава....Се друго е матење празна слама. Значи не може да се игра веќе како први, така други..тоа не донесе до овде. Значи правилата треба да се почитуваат. Друго треба да се знае, со повлечена линија, до кога еден човек е на партиска функција, а од кога на државна. Исто едно, што им замерувам на сите партии е нетранспарентноста во изборот на кандитати за некои функции. Кога пример било кој од нас оди да бара работа, носи CV, пример во секторот каде работам јас, едно CV, често го прегледуваат и 10 луѓе и се прави строга селекција.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Сре Сеп 07 2016, 22:46

Po kakvi pravila da igrame be komunjarce? Da placeme po ambasadite i da cekame strancite i Soros na sila da ne donesat na vlast kako vas? Da nosime platenici od Srbija da krevaat sareni revolucii kako vas? Ili da spionirame i prisluskuvame a posle za toa da obvinuvame drugi kako sto pravite vie?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Сре Сеп 07 2016, 23:04

delmol напиша:Po kakvi pravila da igrame be komunjarce? Da placeme po ambasadite i da cekame strancite i Soros na sila da ne donesat na vlast kako vas? Da nosime platenici od Srbija da krevaat sareni revolucii kako vas? Ili da spionirame i prisluskuvame a posle za toa da obvinuvame drugi kako sto pravite vie?

Хм, хм, курир спикинг а.....Во амбасада, одевме за да им отвориме очи со кого си имаат работа, СОРОС и српски платеници не знам...за нив читав само во Кур(ирски) изданија....А прислушкувањето веќе е докажано кој го извршил. Дури се потрудија и доказите да ги уништат.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Сре Сеп 07 2016, 23:29

Gledaj Delmol, vo pochetnata faza mozhebi ova mozhelo da te spasi...

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 112frx1

Za zhal ti si go propushtil i toa i narednoto predupreduvanje...

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 35iowty

Pa sega, za tebe vekje e docna...Bi rekol predocna...Ofco dpmneovska...

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT 20ud6jp

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 08 2016, 18:35

Drugo nesto imasd da kazes osven da navreduvas i postiras sorosoidni slikicki?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 08 2016, 18:39

Imam...Dali se ova navredi i sorosoidni slikichki kje odluchi narodot na izbori...IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Rolling

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Чет Сеп 08 2016, 19:04

Не мора да значи. Можеби СДСМ пак ке се пишмани па изборите ке се одложат по којзнае кој пат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Чет Сеп 08 2016, 19:42

Па што е до мене и треба, ако нема услови за фер и демократски избори......уште едни избори на кои можда на лопски и криминален начин би ги добил ДПМНЕ не фала. А СДСМ ако учествува на такви избори, ќе е директен соучесник. Ако СДСМ не повика на бојкот на изборите, пред 7 часот наутро на 11 декември, а има индиции за нефер избори, тогаш СДСМ во 7.05 на 11 декември станува соучесник во криминалот на тие избори.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Пет Сеп 09 2016, 11:19

Ама од каде сега ова? Па нели Заев заедно со другите претседатели на партии потпиша дека условите за фер и демократски избори се исполнети? Не може ако сега анкетите тргнат во надолна линија за СДСМ да се повикуваат на неисполнети услови.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот