Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Конгрес на ДУИ

Go down

Конгрес на ДУИ Empty Конгрес на ДУИ

Пишување by Гостин Саб Мар 28 2015, 18:52

Она што Ахмети и сопартијците ќе го кажат, како и зклучоците од нивниот конгрес, може да ги сметаме за тоалетна хартија. Затоа што се уверивме дека на ДУИ, многу поважни им се тендерите, отколку иднината на државата и нејзините граѓани. Го докажаа тоа многу пати, а се докажува и сега со бомбите на Заев. Но, Ерван Фуере, докажа уште еднаш дека е вистински пријател на Македонија.

Фуере: Што правеше ДУИ во владата во овие седум години?

Без ДУИ нема решавање на политичката криза, порача лидерот на партијата Али Ахмети во својот воведен говор на почетокот на првиот тематски конгрес на кој ќе се определува партиската платформа за наредната деценија. Истовремено, ДУИ доби остри критики од своите меѓународни пријател за своето молчење во владината коалиција во последните години.

Според Ахмети, политичката криза може да се реши само со дијалог меѓу политичките субјекти со посредство на меѓународната заедница и со вклучување на ДУИ во тој процес.

„ДУИ верува дека од овој дијалог со кој треба да се надмине политичката криза мора да произлезе и општонароден консензус за решавање на прашањето со името", подвлече Ахмети, додавајќи дека евроинтеграциите и зачленувањето во НАТО мора да остане на врвот на агендата на македонската политика.

Ахмети вели дека лидерот на СДСМ Зоран Заев мора да ги објави сите материјали што ги поседува за него и за ДУИ бидејќи тој нема што да крие.

„ Не мислам ноќе какво зло да направам дење. Нашите политики се државотворни и транспарентни. Нема тајни средби или тајна соработка ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ. Единствен стратешки партнер ни е народот", додаде Ахмети.

На овој конгрес беа поканети и неколкумина видни странски гости помеѓу кои беше Ерван Фуере, екс амбасадорот на ЕУ во Македонија помеѓу 2005 и 2011 година.

Во својот говор пред насобраните гости Фуере не се колебаше да испрати и остри критики за однесувањето на ДУИ во последните неколку години.

Тој пред се потсети дека изборите во Македонија биле полни со нерегуларности, како што впрочем тоа го подвлекува и ОБСЕ во своите извештаи за изборите. Но и дека во последните години немаше политички дијалог, дека владеачката партија имаше голема кампања против невладините организации кои имале храброст да зборуваат за нарушувањето на човековите права во земјата.

“Ароганцијата со која владечката партија ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија е во опасност да ја загуби сопствената душа”, рече Фуере.

Потоа следуваше прашањето: Но што правеше ДУИ во владата во овие седум години?

На почетокот, вели Фуере, ДУИ имаше смирувачко влијание врз своите партнери во владата и се обиде да игра конструктивна улога околу спорот со името, за разлика од својот коалициски партнер кој го злоупотребуваше спорот за да добие политички поени во борбата против своите политички противници.

“Но, во други моменти, во однос на слободата на медиумите, околу важноста на политичкиот дијалог, околу изградбата на консензус и почитувањето на демократските процеси, ДУИ чудно молчеше. Жал ми е што морам да бидам вака искрен. Но секогаш сум бил искрен со своите пријатели и сум им ја кажувал вистината”.

Пред членството на ДУИ Фуере рече дека да се биде дел од коалиција е еден вид тест и бара компромис но и храброст.

“Молчењето може се разбира да значи дека се работи зад сцената и јавноста за да се влијае на одлуките на владата. Но, молчењето може исто така да значи одобрување и прифаќање на волјата на посилниот коалициски партнер. За жал, на неколку пати кога се надевавме да ја видиме ДУИ како ги брани демократските процеси, особено кога ВМРО-ДПМНЕ продолжуваше со своето авторитарно однесување и одбиваше да чуе различни мислења, ние сите бевме многу разочарани”, критикуваше Фуере.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21253

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Конгрес на ДУИ Empty Re: Конгрес на ДУИ

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мар 29 2015, 07:02

Shljas.... DIREKTNO U LICE! Svaka cast za Fuere!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот